
Translate
Friday, 16 May 2008
Za pocetok...

Wednesday, 14 May 2008
Почеток на крајот или...
На едно коло пред крај на сезоната не можев да се сетам на поинаков наслов. Особено во ситуација кога Милан по којзнае колку години се наоѓа на прагот да не влезе воопшто во Лигата на Шампионите. Не знам како се чуствуваат другите навивачи на клубот, но јас сум мноооогу на*урчен и ова што го пишувам е лично мое видување на се што се случуваше сезонава. Немам намера да правам ретроспектива, пошто и онака се трудам пола од утакмиците да ги заборавам. На кратко сезонава Милан беа мизерија, а и таа една титула што ја освоија за мене нема никакво значење. Дајте ве молам светско клупско првенство. Па има ли стварно некој што се ложи на таа заебанција. Со прваците од Африка, Азија, Австралија... уште пингвини фалат како претставници на Антарктикот. Јужна Америка не ја мешам, зошто единствено екипите од тој континент вредат. Секако тоа воопшто не придодава на значењето на турнирот и освојувањето на тој трофеј беше единственото оправдување за мизерната сезона. Демек учеството на тој турнир им ја исцеди енергијата на нашите пулени, па немале сила за нешто повеќе.Зошто тоа не го прифаќам како оправдание? Добро организиран клуб како Милан, мора да биде подготвен за цела сезона. Серие А, Куп на Италија, Светско клупско, Лига на Шампиони... Уште пред почеток на сезоната сите знаевме какви предизвици го чекаат Милан и дека со тој играчки кадар не може да се играат толку многу утакмици. Значи потребни се засилувања. А засилувања не дојдоа, освен Пато, кој до јануари немаше право на настап. Значи управата на клубот свесно не направи ништо за да го засили клубот, а после следеа оправдувањата, дека се уморни, дека немаат сила за нешто повеќе, дека Токио ги исцрпи итн. да не набројувам понатаму. Во целава оваа сезона, само една работа стана јасна - дека овој Милан нема сили за подвизи. По неколку стварно фантастични сезони, врвот го достигна со ланското освојување на ЦЛ и после тоа следи пад, кој за мене е понижувачки. Неизбежни ми се споредби со други големи клубови, како Реал, Манчестер, Барса... кои иако се секогаш во врвот на фудбалот, секоја сезона си купуваат по неколку играчи. Нема тука ударање во гради, најдобри сме и не ни требаат засилувања, тоа е само синдром на Милан. Затоа и не сум оптимист дека наредната сезона ке гледам ЦЛ. Затоа и Милан пропушти да земе неколку квалитетни играчи и затоа сега сме навлечени на Броки, Емерсон, Фавали, Џилардино, Дида, Калач, па и Кафу и Сержињо ќе ги спомнам, зошто и нивните најдобри години одамна поминаа. Да имаш играч од калибарот на Кака и да не освојуваш титули, за мене е срамота. Околу него треба да се гради Милан. Фали само подршка од неколку млади и квалитетни играчи со победнички менталитет. Искуство има, само младост и енергија фали.
Јас сум еден од тие што цврсто веруват во тезата дека на сите добри работи им доаѓа крајот. Баш таа теза може и мора да се примени во случајов. Се изнагледавме убав фудбал, се радувавме на трофеи, финалиња, ама толку беше од оваа генерација на Милан. Јас сум за тоа побрзо да се пензионираат некои структури во клубот, додека ги памтам по добро, зошто нема да издржам уште една неуспешна сезона.
Кога веќе тргнав со промени во клубот да се доискажам до крај. Не е тајна дека би почнал од тренерот. Никогаш не сум бил фан на Анчелоти иако не можам да му замерам за ништо. Успесите доволно зборуваат за неговата работа. Сепак со Мурињо слободен и без ангажман, не би се двоумел да го ставам за нов тренер на Милан. И сам има неколку пати изјавено дека сака да се врати во фудбалот и тоа во голем клуб, па мислам дека подобар момент од ова нема. Можеби не негува атрактивен стил на игра, ама знае да го извади најдоброто од секој играч. Плус ќе им насади на нашиве победнички менталитет, нешто што сезонава дефинитивно им недостасува.
Голманското трио би го мењал у пакет, ако има потреба уште сега јас ќе отидам и тројцата ќе ги спакувам, само да се мавнат од клубот. Е сега тука имаме проблем, пошто не знам голман кој би бил available и достоен да го носи дресот на Милан. Артур Боруч од Селтик е една од опциите кои ми се мотаат низ глава.
Одбрана - на кратко:
Малдини - пензија со сите најголеми почести, легенда на клубот.
Кафу - пензија,
Фавали - пензија или клоца
Сержињо - пензија,
Шимиќ - клоца,
Каладзе - би го задржал како резерва, никако за прв тим.
Ова би значело скоро целосна реконструкција на одбраната. Предлози не ми текнуваат во моментов, ама ќе пишам понатака.
Среден ред: Емерсон, Броки, Ибрахим Ба (ќе се убијам кого имаме во тим) - клоците и да не ги видам. И Гуркуф ми оди по надолна линија. Еве Фламини е одличен играч, а ни треба и добро лево крило, тој Невес е добар, Малуда исто не би го одбил, а богами ни Рибери.
Нападот мислам дека може да го спасиме со инстант бркање на Џилардино и Роналдо, нека остане у Бразил да брка травестити.
Според мене вака би требало да изгледа реконструкцијата на клубот. Радикално, ама нема место за тие гореспоменатите. Ме изеде време, па морав да го скратам постот иначе бев спремен да елаборирам за секој играч поединечно и за учинокот што го имал за Милан, али здравје во друга прилика.
Wednesday, 7 May 2008
Добредојде Матие!

Сега во кратки црти ќе ви ја претставам кариерата на Фламини. Матие Фламини е роден на 7ми Март , 1984 год. во Марсеј. Воедно таму и ја започнува кариерата како младински фудбалер на Олимпик Марсеј на позицијата дефанзивен фудбалер за врска, подоцна во сезоната 2003-2004 ќе го има и своето прво деби за првиот тим. Во таа година Матие забележа 14 настапи за Олимпик Марсеј, меѓу кои беа и настапите во полуфиналето и финалето на УЕФА Купот таа година. Во Јули 2004та Арсенал успеа да потпише професионален договор со Матие, иако Матие веќе имаше постигнато усмен договор со раководството на Марсеј. Како и да е, во првата сезона во Арсенал Фламини забележа 9 старта и 14 настапи од клупата. Во следната сезона Матие принудно играше на позициите десно крило, десен бек па дури и лев бек, а кога тие позиции си беа покриени од играчите на кои им припаѓаа Фламини најчесто добиваше шанса од клупата. Во сезоната 2006-2007 и покрај неколкуте импресивни настапи на Фламини во премиер лигата и ЛШ и постигнувањето на неколку клучни голови сепак не успеа да се избори за место во првиот тим и веќе беше цврсто решен да си го откупи договорот коj имаше рок уште една година и да си замине од Арсенал. Но по долгите и напорни разговори Арсен Венгер успеа да го убеди Матие да остане. И според многумина не згреши, на почетокот на сезоната поради повредите на Абу Диаби и Жилберто Силва, Матие доби шанса да настапува во партнерство со Фабрегас, тоа го искористи и со одличните настапи го потисна Жилберто Силва на клупата и тоа во текот на целата сезона, што само по себе говори за квалитетите на Фламини, кој патем е многу сличен играч на Гатузо но со повисоки технички можности, што воедно значи и долгорочна замена за Џенаро што никако не значи дека Гатузо ќе си оди.
Значи тоа е накратко кариерата на Фламини до сега, да му посакаме среќна, успешна и пред се без многу повреди кариера во дресот на нашиот Милан!
FORZA MILAN!!!
Wednesday, 23 April 2008
Трчи, трчи, петарда...

една петарда, и БИ петарда. Жртва: Сампдорија. Стрелци: Замислете, Џилардињо два гола, другите не се ни битни. И тука веќе нешто можеше да се насети, и при двете петарди двоен стрелец на двата напревари беше Џилардињо, што само по себе беше чуден факт требаше да не алармира дека победиве се само чиста случајност. Но како верни фанови си помисливме по двомесечната криза нашите се BACK ON TRACK. И тогаш пак дојде еден гигант на Сан Сиро наречен Торино, но за разлика од претходните случаеви овој пат поминавме "добро" и против гигантот извадивме бод(0:0). И после пак за утеха му се истуривме на Шахтјор(0:3). И така до зимсакта пауза си теравме топло-ладно. И тогаш нашите момци заминаа во Дубаи на подготовки со надеж дека ја оставиле полу-сезоната во заборав и дека во наредниот период ќе почнат да ги правдаат парите што ги заработуваат и ќе почнат да ги радуваат милионите Росоњери во светот вк
лучувајќи не и нас МАКЕДОНЦИТЕ. И така и беше, стигна третата петарда,5:2 против Наполи на Сан Сиро, + новиот феномен Алекс Пато го постигна и првиот гол на своето деби, подобар продолжеток на сезоната и неможевме да замислиме. Но како што налагаше традицијата петардата требаше да не предупреди. Во овој случај беше малце подобро затоа што следуваше победа против Удинезе(со гол во 99та), но потоа отидовме на "тешко" гостување во Бергамо и си доживеавме пораз(2:1). Значи по трет пат лажен аларм. Иако рака на срце(омилениот израз на "неутралниот" од Телма ТВ) по тој пораз следуваа неколку победи во низа, но следуваше и елиминација од Арсенал. И така си теравме топло-ладно, повише на ладно него ли на топло али ХАУЕВЕР.... И напокон следуваше едно добро издание против Јувентус, но глупоста од невидени размери на Бонера, и судиските одлуки при вториот и третиот гол на противникот не не оставија да се израдуваме. Но како по обичај нели сезонава по бран лоши резултати следува, погодет
е што? Петарда нормално. Овој пат жртва беше Реџина. Единствената разлика што овој пат ме теши дека не е лажен аларм и дека конечно ќе направиме една серија од 5 победи по ред, а во која во меѓувреме ќе ги совладаме и административците од соседниот дел на градот, е листата на стрелци на овој натпревар. Овој пат го немаше Џила со два гола и нормално работите изгледаат помалце чудни, односно се е веќе пореално. Кака си брцна 3 гола(иако два од пенал) , нормално Пипо и во поново време нормално Пато. И вака поставените работи веќе даваат поголема надеж дека ова не е лажен аларм и дека до крај ќе следуваат 4 победи, а во меѓувреме кикс(ови) на Фиорентина. Но, значи тука постои едно големо "НО" или "АМА" ако сакате, ако погледнеме назад ќе видиме дека после секоја петарда следувал лош период(тоа и ми беше поентава на статијава), значи не треба да зимаме како што би рекол народот "здраво за готово" и да мислиме дека сега сме многу јаки и до крај ќе згазиме све. Јас сум убеден дека Анчелоти ова го знае многу убаво и ќе им го објасни на фудбалерите, за да веќе следниов викенд на средбата со Ливорно влезат со ладни глави и да издвојуваат победа која е повеќе од неопходна. Знам дека и они не сакаат да играат со Зенит во полу-финале на Европски куп наместо со Барса или Манчестер. Тоа е тоа што сакав да го изјавам :), Поздрав до сите и нормално сите во еден глас:Saturday, 19 April 2008
Собир за натпреварот со Реџина!
Да не должам многу :),МЕСТО: Shankly's ,
ДАТУМ: Недела, 20ти Април,
ВРЕМЕ: 14:45!
ПРИСУСТВО: По желба
Епа момци се глеаме, се надевам на уште поголемо присуство во однос на првиот собир! Во случај некој да незнае каде се наоѓа наведеното место еве ви броеви за контакт,
070 34-34-46(достапен 24/7) и 076 43 36 36(достапен повремено)
Monday, 14 April 2008
ПРВ СОБИР НА ФАНОВИТЕ НА МИЛАН ВО МАКЕДОНИЈА!
Сега да се вратам за тоа што го почнав постов, собирот помина добро(посебно во моментите кога ГРАНДЕ ПИПО ќинеше мрежи), икао на ниво на Македонија по иницијативата има пријавено 31 Росоњер, сепак во саботата имаше 10. Секако на тие надвор од "Метрополата" изостанокот им е оправдан секако од објективни причини, но тие кои се од Ск имаат еден ГОЛЕМ - :), и ќе треба да достават издржано оправдание за да им биде избришан.:))). Веќе следниот пат се надевам ќе бидеме во поголем број. Основачкото собрание се планира да биде на 4ти Мај , на наптреварот со Интер, но за тоа ќе бидат објавени дополнителни информации. За секој следен собир ќе има претхдна најава на блогот со информации за денот и местото на собирот! Значи тоа е тоа на кратко што можам да ви го презентирам од првиот собир, ова беше почеток на една убава приказна(ама сум поетски расположен:) ) која се надевам ќе трае долго! Поздрав
Sunday, 6 April 2008
ЕКСКЛУЗИВНО!!!
ДРАГИ ФАНОВИ НА ACMILAN ВО МАКЕДОНИЈА ВЕ ПОВИКУВАМЕ ДА СЕ ПРИКЛУЧИТЕ КОН:
ИНИЦИЈАТИВА
За формирање на официјален фан клуб на AC MILAN во Македонија. Како долгогодишни фанoви на Милан, чуствувавме потреба, а и обврска да повикаме на формирање на фан клуб во нашата земја! Знаеме дека има многу жестоки фанови на Милан кај нас, и затоа мислиме дека идејата за формирање на фан клуб ќе биде масовно подржана.
Идејата е стара, и верувамe дека многумина од вас ја имале истата идеjа, но време е да го направиме првиот чекор кон формирање на Официјален Фан Клуб. Активностите на Фан клубот ќе бидат следниве:
- Дружење меѓу сите фанови на AC MILAN во Македонија.
- Следење на натпревари на AC MILAN од Сериа А и Лигата на Шампиони заедно на место кое подоцна ќе биде дефинирано.
- Организирање на патувања на Офцијални натпревари на Милан.
- Организацијата "AC MILAN MACEDONIA FANS CLUB" ќе биде регистрирана како здружение на граѓани со непрофитна дејност во ценралниот регистар.
- Ке се плаќа одредена минимална членарина за, издавање на членски книшки, печатење на маички со Официјалниот амблем на “AC MILAN MACEDONIA FANS CLUB”, кој подоцна ќе биде дефиниран и слични активности. Сите приходи и трошоци кои ќе бидат направени ќе бидат транспаретно објавувани пред сите членови на "AC MILAN MACEDONIA FANS CLUB”.
- Ќе се издаваат членски книшки на кои ќе бидат заведени одредени податоци, кои подоцна ке бидат дефинирани од сите нас, или можеби ќе бидат наложени од Официјалниот Фан Клуб во Италија.
- Ќе биде отвoрена Официјална веб страна или блог на "AC MILAN MACEDONIA FANS CLUB" преку кој ќе контактираме, дебатираме и секако тоа ќе биде и начин на комуниукација со остатокот од светот, и преку кој ќе се зачленуваат нови членови. Дополнително ќе се договориме колку и кои луѓе ќе го одржуваме и update- irame блогот или веб страната.
Ќе биде поднесена апликација за членство во “Associazione Italiana Milan Clubs” (AIMC) со што ќе станеме официјален фан клуб.
Првиот состанок ќе биде свикан во оној момент кога ќе се собереме доволно луѓе, во прилог ќе бидат оставени податоци на лицето за контакт, преку кој Вие ќе се пријавувате, се што треба да направите е да оставите ваши податоци(доволно е е-маил, и Вашето име), и кога ќе се собереме доволен број на луѓе ќе биде свикан и првиот состанок кој би се одржал во еден од градските кафичи за почеток , и таму сите заедно ќе ги дефинираме следните активности.
Моментот зашто сега се потегнува оваа иницијатива е затоа што Милан е западнат во длабока криза, и мислиме дека сега ќе се јават најверните навивачи на клубот. А кризата е пролазна работа, и веруваме дека веќе од следната сезона ќе прославуваме успеси.
Исто така битна работа е да ја ширите информацијата за иницијативата на сите ваши другари, другарки или познаници кои се фанови на Милан. Што по масовно тоа подобро. И секако секоја ваша сугестија ќе биде добредојдена.
Епа драги фанови тоа е тоа , сега сите ние сме на ред да се собереме и формираме еден фан клуб на кој ние самите ќе бидеме горди и ќе се дружиме и прославуваме успесите на нашиот клуб и верувам ќе доживуваме незаборавни моменти. Во прилог ги имате податоците на лицето за контакт:
MSN: rossoner4life@hotmail.com
E-mail: acmilan_macedonia@yahoo.com
Моб. тел. 076 - 43 - 36 - 36
Име: Владимир
FORZA GRANDE MILAN!
Иницијативен одбор на AC MILAN MACEDONIA FANS CLUB
