По разочарувачкиот старт на гостувањето во Фиренца и поразот од 2-0, ни следува натпревар на Сан Сиро каде пред нашите навивачи ќе ги бркаме првите 3 бода сезонава, кои се од круцијално значење за да остане добрата атмосфера во тимот.
Пред да најавам состав и суспендирани/повредени, најнова вест е дека Курва Суд вечерва ќе протестираат против Галијани и неговиот неуспех да оформи тим кадарен за нешто повеќе од место во средината на табелата. Фановите ќе бараат отказ или тој самиот да се повлече бидејќи уште едно лето во низа тој прави зделки само со Мино Раиола и, како што викаат тие, неговиот другар Прециози кој е претседател на Џенова.
Исто така, во изјавата стои дека се разочарани од фијаското со Кондогбија и Мартинез, а се спомнува и "сапуницата" наречена Карло Анчелоти.
Во врска со натпреварот ќе напоменам дека Ели е суспендиран поради црвениот картон што го заработи во првото коло а повредени се Нианг, Менез и Мексес.
Очекувањата за вечерва се големи и се освен победа би било разочарување. Секако, тоа би не задржало подалеку од примарната цел, а тоа е топ 3 и враќање во Лигата на Шампионите.
Според Синиша, екипата на Емполи е доста незгоден противник, но ние на домашен терен ќе мораме да освојуваме бодови против било кој тим.
Според многу медиуми и самиот Михајлович меркатото за Милан е завршено и тимот е комплетиран но со ова не би се согласил нитуеден навивач бидејќи очигледни се проблемите кои ги имаме во средината на теренот.
И за крај, вечерва на Сан Сиро ќе присуствува и Силвио Берлускони, па се надевам тимот ќе го удостои со лесна победа и 3 бода на контото на Милан.
ФОРЦА МИЛАН!
No comments:
Post a Comment