Кога велам враќање во ритам, мислам на клупскиот фудбал во Европа, после онаа пауза за репрезентативен фудбал која му паѓа тешко на секој фудбалски фан и (особено тешко) на секој посетител на спортските обложувалници. Наше евентуално враќање во ритам не гледам во блиска иднина, во моментов нашето фаќање на ритам изгледа како да играме тешкото на Elysium - Trancelestial Psychobabas во позадина. Сепак ако бидам малку чист пред себе и својата совест, искрено очекувам некаква победа денес. Играме против наши пријатели, играме дома а играњето дома сезонава и не е некој особен проблем за тимот. Изгубивме од тимови од кои реално и очекувавме да изгубиме а останатите натпревари воглавно ги решававме во наша корист. Тоа што дојде и оваа репрезентативна пауза веројатно годеше на тимот за атмосферата и средувањето на мислите иако никој од претходноповредените не се врати во тимот. За натпреварот против Genoa повторно ќе недостигаат истите повредени, ќе отсуствува и Montolivo кој е суспендиран поради црвен картон но се враќа Balotelli по суспензијата.
Постојат само 2 дилеми во тимот, едната е дали ќе стартува Matri или Robinho (од тоа зависи дали ќе се игра со формација 4-3-1-2 или 4-3-2-1) а втората е кој од Urby или NoConstant ќе стартува на лев бек. Во отсуство на Montolivo, капитенската лента ќе му припадне на фудбалерот кој најверојатно и најмногу заслужува да ја носи со своите игри по доаѓањето сезонава а воедно тоа ќе биде и јубилеен 200-ти Serie A натпревар на Ricky во дресот на Milan. Не се сомневам во уште една негова пожртвувана игра и обид да го крене остатотокот од тимот. Кога сме кај него и шпекулациите дека можеби во иднина ќе игра малку поназад, тоа беше негирано од сите можни страни, Allegri, G па дури и од самиот Ricky.
А кога сме кај G, тој ќе пристигне на San Siro со нова фризура.
Тоа е тоа, стегајте каишите и не заборавајте: Колку и да изгледа тешко и невозможно, тоа е во црвено-црниот ген:
Forza Milan!!!
8 comments:
2:0 конечен, Рики и Балотели со голови.
А сега ако сме сериозни, Џенова нема да ни ја подари победата иако ни се пријателии и ќе мора овие 11 да се испотат добро на теренот.
Најбитно е прво да почнеме да победуваме и да прикажеме каква таква игра, се друго ќе си дојде само по себе.
Ужас! Не знам веќе што да напишам! На домашен терен цел 1 час со фудбалер повеќе против Genoa и не успеваме да наметнеме иницијатива! Цел час со фудбалер повеќе и ние играме со долги топки?!?! Цел час со фудбалер повеќе а ние константно сме удвојувани по крилата?!? Удвојувани од екипата која игра со фудбалер помалку?! Ужас ! ! !
И уште една работа, Curva Sud зачести со воинствени транспаренти. Денес имаше неколку, од по light варијанти со мотивациони идеи до транспаренти од типот: „Ајде да се најдеме на излезот па да расчистиме со многу од Вас, безвредни!“
Интересно, Бало сакал да се сретне со нив ама не му било дозволено и тоа го направиле само Рики и Кичо, единствените играчи од "златната генерација".
Не знам повеќе што да кажам, можеби и нашата тишина и неактивноста на блогот доволно говори во какви гомна сме и тоа се поради одредени луѓе кои не си ја вршат работата.
FORZA MILAN
На разговорот со Ricky и Кичо, Ultras биле особено бесни за некои фудбалери кои до доцна останувале во ноќта и тоа им го преточиле на Ricky и Кичо и им рекле да им пренесат дека треба да се насочат кон тимот. Утрово, на првиот тренинг закажан од 11:30, Balotelli доцнел 10 минути а Robinho цели 38 минути! G веројатно си оди на крајот од сезоната, Allegri исто, пола фудбалери сигурно и сега секој си прави апсолутно што сака! А да, Mario твитна после мечот This is the end.
Според денешна Gazetta не биле само Balotelli и Robinho туку вкупно 5 фудбалери доцнеле на вчерашниот тренинг! Можно е да летаат и Balotelli и G уште во Јануари.
После вчерашното доцнење од 10 минути, денес Balotelli доцнел 25 минути на тренинг. Ајде нека го земат Lukaku + 23 милиони и бришка во Chelsea!
https://www.facebook.com/MilanFansMkd/posts/580616281991987
Post a Comment