Таму некаде во првата третина од оваа сезона, се во Milanello и околу него беше во тотален хаос. Така барем изгледаше од страна. Беа продадени двата столба на тимот, подоцна беше продаден и неблагодарникот, по негова желба (затоа што сакал да игра во тим со амбиции). Резултатите на почетокот од сезоната беа ужасни, сите (зајадливи) предвидувања одеа во насока на тоа дека Milan сезонава ќе се бори за опстанок. Ова особено беше потенцирано од нашите комшии.
Една работа беше евидентна и очигледна. И покрај сите лоши резултати и турбулентен период, раководството беше цело време зад Allegri а Curva Sud беше цело време со неограничена доверба во раководството. Тимот полека се градеше одново, застануваше на цврсти нозе и се враќаше во ритам, играчки и резултатски.
Сето ова се поклопи со доаѓањето на Barbara во бордот на Milan.
Каде е Milan денес? На плус 8 од комшиите (кои едвај извлекоа жива глава во директниот дуел), на само 4 бода од второто место кое директно води во ЛШ, следната сезона. На директен дуел против екипата која се наоѓа на тоа второ место! Тимот еволуираше многу! Тимот еволуираше тактички, тимот доби неколку фудбалери за следната декада, фудбалери кои уште сега се носители на играта а сè уште се голобради момчиња (De Sciglio 20, El Shaarawy 20, Niang 18). Тимот еволуираше и економски. Според зборовите на Barbara од пред неколку дена, во моментов Milan е ЕДИНСТВЕНИОТ тим од големите екипи во Италија кој сам за себе си генерира приходи и не зависи од финансиски инјекции од својот сопственик. Milan веќе не е галениче на Berlu сениор и Milan веќе не мора да чека на добрата волја на својот сопственик за да добие скромни средства за трансфер периодот. Milan одлично го користи својот бренд и сам си ги заработува приходите. Milan вложи многу во младите категории, буквално на сите нивоа. Резултатите од овој начин на работење ќе се забележат допрва. Веќе следната сезона во сениорскиот состав ќе се приклучи Bryan Cristante (избран за најдобар млад фудбалер на Viareggio Cup, најдобриот турнир за млади фудбалери во светот). Се чини, најмногу се очекува од онаа Allievi Nazzionali генерација, односно фудбалери под 17 години, кои во моментов се предводени од Pippo Inzaghi. Генерација која има куп фантастични таленти.
Milan оди во добар правец! Milan има своја цел и цврсто граби кон неа!
Меѓу повиканите за мечот против Napoli, очигледно недостигаат во прв ред Balotelli и Ambrosini. Balo доби суспензија (ќе го пропушти и Juventus) поради наводно навредување на линискиот судија после мечот во Firenza. Среќна околност за Milan е тоа што во тимот се враќа Pazzini кој беше фудбалерот со најдобра форма во тимот пред да се случи оној кобен и идиотски старт на Portanova. Друштво во офанзивното трио покрај El Shaarawy ќе му прави и еден од Boateng или Niang. Триото во средината (во недостаток на De Jong и Ambrosini) ќе го сочинуваат Montolivo на regista, придружуван од Flamini и веројатно Muntari (доколку Boateng остане на ARM). Во одбраната само една измена, Constant ќе добие предност пред De Sciglio. Остатокот од одбраната ќе го сочинуваат Mexes Zapata и Abate.
Евентуална победа ќе нè донесе на само еден бод од втората позиција и што е уште поважно, во најмала рака ќе ја задржиме разликата од оние што бркаат трето место. Моментумот е на наша страна и мораме да го искористиме!
28 comments:
Одлично резиме Ри и убава прилика да се прегледа сезоната пред мечот кој може да разјасни многу околу конечниот пласман на Milan. По несреќното реми во Фиренца, за жал немаме прилика, како што очекувавме, со победа да стигнеме со неверојатното второ место. Сепак, победа над Napoli ќе значи многу поизгледна ситуација за престигнување на конкурентот. Обратно, ќе се доведеме во ситуација да го браниме и третото, после новата победа на Fiorentina. Во составот дефинитивно ќе фали Balo и неговите генијални потези што можат да решат ваков меч. Но тука е недоречениот Pazzini кој да не беше тој кобен старт против Genoa, веројатно би добил повик и во репрезентацијата, во тоа време. Сега еве му прилика да продолжи да позитивно да изненадува. Мое мислење во врска со исходот од мечот е дека тука ќе одлучува пристапот на нашите. Ако влезат со верба дека можат да го добијат мечот и на нив да не делува минатото коло, веројатно Napoli ќе нема многу што да бара. Јас верувам во момците, знам дека се подобри од противникот. Одиме чекор по чекор, како што знаеме.
FORZA MILAN!!!
Солидно резиме.
Вечерашниов натпревар очекувам да биде право дерби.
Се додека го контролираме поседот и создаваме шанси оптимист сум околу крајниот исход. Но столб на сево ова треба да биде одбраната, бидејќи и мало невнимание може да ни ги си сруши сите надежи.
Forza Milan!!!
Штета за SES! Со двајца од тројца нови напаѓачи ќе биде тешко да се одржи истото ниво напред. Настрана изгубениот квалитет... Како и да е, одиме на победа!
DAI RAGAZZI!!!
И Фламини влетува во прв тим место Нианг, со тоа што Боа се преместува на десен крилен напаѓач.
Навистина штета за малиот... Без Бало сигурно ке добиваше повеке простор...
Последните информации велат дека El Shaarawy сепак отсуствува од тактички причини, дека тој е фит и не станува збор за никаква повреда. Не знам што да мислам, знам дека тој е на еден жолт картон од суспензија ама овој меч е далеку поважен од дербито со Juventus, на пример.
Не се сеќавам на кој меч беше „испадот“ на El Shaarawy по излегувањето и директното одење во соблекувална?
И Niang влезе пред него, да не станува збор за некоја дисциплинска мерка?
Додуша да бидеме искрени, El Shaarway веќе подолго време се наоѓа во некој летаргичен период, барем во офанзива.
Со оглед на околностите и прикажаното на теренот, на крајот веројатно е најреално што поделивме по 1 бод. Почнавме одлично во првиот дел, го завршивме полувремето лошо. Во вториот дел немавме своја игра а по камиказито на Flamini, задоволен сум што завршивме со бод. Многу фалеше Balotelli кој исто како Zlatan „го погоди“ моментот кога да биде суспендиран.
Играта ме потсетуваше на онаа од првиот дел на сезоната, иако многу пожива и поотворена. Некако неорганизирано делуваше екипата, а опасноста од нивните напаѓачи беше постојана и не даваше премногу офанзивно делување. Претпазливоста на Montolivo како DMC ја отежна креативната страна на нашата игра. И јас сум задоволен со оглед на случувањата и се сложувам дека е реален овој бод. Испадна дека мечот скако не чинеше со сите тие повреди и суспензии, а треба да му се гостува на шампионот. Ама пак, ќе биде тоа меч на инспирации и индивидуални потези. Има време да се спремат момците дотогаш.
Да не го симнувам значи натпреварот? Пошто имаше идиоти што ми го кажаа резултатот. Вака барем вас ќе ве прашам и во 1 реченица ќе знам како се одвивалнатпреварот.
Богами, не вреди да се симнува, практично затоа што и тоа малку што се случуваше беше во првото полувреме.
А не знам дали го осетивте падот на играта веднаш по измената на Боатенг, публиката замре, агресивноста се намали, желбата за напад уште повеќе. Можеби не одигра којзнае како, мегутоа во дерби натпревари тој едноставно мора да игра, и ќе игра.
http://www.sportski.mk/statija/15105
Ај да актуелизираме една малку поубава тема моментално - primavera. Не знам кој од вас колку прати, ако ништо друго барем резултати, но еве колку за еден бриф. Момците на Dolcetti се во фантастична серија од 9 победи и 1 пораз во последните 10 натпревари. Таа серија успеа да ги исфрли на второто место на табелата и да им овозможи сами да решаваат за директниот пласман на Final 8 турнирот, односно да ги избегнат дополнителните две кола кои ги играат трето, четврто и две од петтопласирани екипите од регуларниот дел. Мислам дека веќе зборував за ова, но ќе кажам уште еднаш дека во оваа одлична низа на момците, успеаа да ги победат трите екипи кои во тоа време беа подобро пласирани од нашите младинци - Chievo, Inter и Atalanta. Сега, во последното коло, против Sassuolo на гости можат да си го заверат второто место, во услови кога Atalanta е недостижна на првото со четири бода предност. Првиот меѓусебен меч заврши со победа на нашите момци од фини 6-1. Противник на Inter, кој ќе чека наш кикс е Bologna која исто така се надева, но на баражот и веројатно ќе брка победа. Нашиот меч се игра во сабота, сега за сега стои во 15.00 часот.
FORZA PRIMAVERA!!!
Газат момците а уште повеќе фасцинира тоа што Dolcetti ги направи сите овие добри резултати со константно ротирање, не паметам во два натпревари по ред да ги извади истите 11. Значи не му е главна цел да има резултати туку сака да им даде шанса на сите фудбалери а воедно тие носат победи. Тоа значи дека има долга клупа и повеќе талентирани деца. Генерациите под нив, онаа на Pippo и ОСОБЕНО оние помалите U14 се казнена експедиција.
Налетав на убаво, приземно интервју на Niang. Детето убаво си зборува, школски и се надевам дека ќе остане со ваков пристап! Со тој физикус и завидно искуство уште на 18 години му фали само таков пристап и ментален склоп за да биде одличен фудбалер во иднина!
Друго нешто ми падна во очи во тоа интервју, Niang потенцира дека еден фудбалер од тимот особено му делувал на ментална страна и особено тој го обврзувал да води спортски живот и да ги прифаќа евентуалните казни без приговори. Кој би рекол дека станува збор токму за тој фудбалер :)
http://www.football-italia.net/33179/milan%E2%80%99s-niang-reveals-secret-success
И вреди да се спомене Ricky Saponara кој вчера за Empoli постигна 2 гола! Момчето во своите први 2.600 минути во Empoli, постигна 1 гол а во следните 2.600 минути, 11 гола.
Дефинитивно позитивно му влијаеше потписот со Милан.
Иначе го пратам и вака грубо кажано можам да речам дека е еден типичен Серија А талент со многу голем офанзивен арсенал.
А првиот гол беше многу добар, со лева.
Во контест со муабетот на Иван, одлично четиво!
http://pdacquaviva.com/2013/04/18/a-trip-to-see-the-youth/
И полека но сигурно, некои работи се расчистуваат. Може да се направи некое резиме. Досегашните шпекулации алудират на:
- Nocerino, Yepes и Bojan си одат од тимот. За Yepes беше очекувано, за Bojan веројатно не можеше да се намали сумата која ја бараше Barcelona и очигледно е дека веќе не е дел од тимот. За Nocerino важи истата констатација, очигледно е дека е веќе во втор или трет план. Ќе си замине затоа што сака континуитет во настапите.
- Abbiati и Ambrosini веројатно ќе добијат едногодишно продолжување.
- Ситуацијата на Flamini е сè уште недефинирана (поблиску е до заминување). Пред некое време прочитав интервју на неговиот агент кој вели дека веќе имаат некои интересни понуди летово (тој ќе биде слободен играч).
- Milan веројатно ќе го откупи Zapata но по малку пониска цена од онаа што првично ја договори Villareal. Шпанците првично имаат вметнато клаузула од 7-8 милиони евра но сумата за која ќе се согласат е веројатно околу 5 милиони евра. Мое мислење, Zapata е одлична и проверена аквизиција за 5 милиони евра. Секој од Astori, Dede и Ogbonna чини преку 10 милиони евра а ниту еден од нив не е тестиран на „големата сцена“. Dede е многу блиску до потпишување со Cruzeiro.
- Milan веројатно ќе го купи и талентираниот 18 годишен колумбиски дефанзивец Vergara Amu (на wikipedia веќе го третираат како член на Milan). Бил одличен на последното младинско првенство на Јужна Америка каде што Колумбија го освои златото а тој успеа и да се запише во листата на стрелците, во финалето.
Последнта шпекулација, најинтригантна од сите претходно: Делува доста веројатна тезата дека патиштата на Milan и Prandelli ќе се спојат во 2014та година. Тоа е годината кога од една страна му завршува договорот на Prandelli со федерацијата а од друга страна договорот на Allegri со Milan. Љубовта и почитта која Milan ја има за Prandelli е често документирана во претходниот период.
-Ова е ок
-Ова не е баш ок пред се зошто ми дава до знаење дека нема да се реши во блиска иднина голманското прашање.
-Не треба да има ништо нејасно уште минатото лето требаше да си оди.
-Ова е мн ок.
-"Го третираат на википедија" :) Ова ме насмеа
-Чиста шпекулација е ова во Италијанската штампа и нема ништо конкретно. Единствена допирна точка е што и на двајцата им завршуваат договорите наредното лето.
+++ Бонера и Анте?
- Се сложувам дека беше очекувано за Yepes, донекаде и за Bojan. Воопшто не очекував ваков расплет со Noce и рака на срце не ни посакувам разделба. Мислам дека во него има back-up материјал и дека како таков му треба на клубот. Единствениот проблем веројатно е неговото сопствено преценување, каде што очигледно мисли дека заслужува минута повеќе од тоа што го пружа. Ако навреме ги сфати своите можности, ќе биде супер за двете страни.
- За мене и ова е сосема ок. Зборувавме околу голманите. Со ова што моментално го имаме како ситуација, во смисла на имиња со кои се поврзуваме, веројатно ова е најдобрата варијанта. Плус, не знам дали пратите, но Gabriel добива се повеќе пофалби за настапите во primavera. Штета што не сме го гледале на лигашки меч, ама ми се чини дека ако Кичо остане, убаво би било да го видиме бразилецот како втор голман кој ќе добива шанса секогаш кога тоа го дозволува мечот. Затоа што, ако не се такви плановите со момчето, подобро да се продаде уште летово. За Ambro исто би било супер, ќе добие уште помала минутажа но ќе го има тука, низ Milanello, да се знае кој е сеуште главен. Мислам дека ме разбирате...
- Flamini за мене отсекогаш бил вишок, дури и во ваква форма како пролетната, мислам дека секогаш можеме да најдеме подобра замена и секако, со помала плата.
- За Zapata нема што да се разговара. Најдобриот дефанзивец во екипата, би било преглупаво да се пропушти. И онака останатите трансфери што ги спомна Ри се тешко остварливи. Вака барем одиме на сигурно.
- Премалку знам за детево за да коментирам. Како и да е, нема да добие значителна шанса во ваква конкуренција.
- Многу ми се допаѓа шпекулацијата со Prandelli, затоа што многу го почитувам одамна. Мислам дека е измислен за во Milan, ама според тоа каква иднина и потенцијал има во репрезентацијата, тешко ќе поверувам дека ќе се откаже во 2014. Освен ако не кикса на СП во Бразил. Засега многу малку работи наведуваат на ваков договор. А би било супер, нема збор.
Бонус: Nini веројатно не оди никаде летово, барем така вели логиката. Според мене, Abate е побликсу до излез него Анте. Како и да е, ако останеме без еден од двајцава, ќе треба да се пополнува. De Sciglio сега има улога на коректор на двете страни, но ако добие стандардно место десно, остануваме без бек-ап и тоа може да е опасно. Zaccardo не го бројам тука, колку да знаете. Со Bonera е слична ситуација. Yepes оди, а нема навестување дека друг доаѓа. Ако се задржи Zapata и евентуално се донесе друг стопер, веќе можеме да зборуваме за конечно ослободување од киксерот. Тоа веќе би било фино освежување назад.
Не го спомнав Binho бидејки за него веќе е познато дека само бараме задоволителна сума а реално не го третираме како сериозен дел од клубот.
Јас сметам дека Nini ќе си отиде летово а дека Bonera сигурно ќе остане.
Нешто друго, веќе 3 пат во последниот месец читам една иста фраза: Во Миланело се импресионирани од Salamon. Од почетокот не обврнав посебно внимание ама ете веќе 3 пат месецов истото. За евентуалното доаѓање на Emu, велат дека тоа не може да гарантира првотимски статус (барем не на почетокот) и затоа освен Zapata ќе биде потребен уште еден стабилен дефанзивец за да покрива во првиот тим. Коментираат дека треба да се купи нов или да се оди со Salamon кој „импресионирал во Milanelo“. Јас цело време во него гледав DMC и сè уште го гледам тоа. Плус, не паметам толку физички слаб дефанзивец во светската фудбалска елита. Можеби сега ги средуваат тие негови дефанзивни делови од играта (heading, tackling, marking) за потоа да му биде полесно на DMC.
Кога сме кај DMC позиција, Milan и Inter водат војна со шпанците за Geoffrey Kondogbia.
Нема стрим за Примавера а? Штета!
Нема, за жал. Ама затоа има гол во прва минута :) Simone Andrea Ganz!!
http://www.football-italia.net/33289/pirlo-milan-juve-and-conte
Читајте.
Многу се искурнази Пирло. Крајно сум разочаран од него. Точно е дека и преку ноќ го изгуби статусот што го имаше во тимот ама незнам каков третман сака да има кога потпишува за најголемиот ривал во моментот. Освен Интер или Јувентус во било кој друг тим на светот да отидеше немаше вака да биде, а сега ја изгуби целата почит што ја имав кон него.
Primavera газење! 0-4, Ganz x 2, Pedone и Petagna. Голот на Pedone вреди да се потенцира
http://www.youtube.com/watch?v=c82M-v91pzM&feature=youtu.be
Друга работа која вреди да се потенцира е фактот што Salamon играше во првите 11, како централен дефанзивец. Не бил којзнае како тестиран од Sassuolo ама и тоа е почеток.
Комшиите ќе играат плеј оф за пласман во final 8.
Milan Primavera won the last 7 matches, scoring 19 goals and conceding just 3. 3 matches were against Group B's 1st, 2nd and 3rd.
Огромно браво за момците. Браво, браво! Полусезона за паметење. Уште да ја зачинат со добар плејоф. Има таму неколкумина за кој светот набрзо ќе дознае и на големо ќе зборува.
А за Pirlo, не знам што и зошто толку те чуди. Мене ми е очекувано за некој што напуштил тим и преминал во еден од најголемите ривали. Поприлично коректно во моите очи. Нормално е после mutual contract termination двете страни да не бидат импресионирани од претходната соработка. Разликата е што Pirlo како индивидуалец може да прозбори за клубот, а клубот никогаш не зборува за играчите. Еве сети се на случајот Ibra v Barca.
Post a Comment