И конечно, почнува и за нас росонерите она вистинското. Ја имаме таа "несреќа", да првенството ни почнува најдоцна, па со тоа и првите припремни натпревари да ги дочекуваме околу крајот на Јули. Изземајќи го оној тренинг со Solbiatese, првиот тест за новиот Milan е далеку најсериозната проверка во текот на припремите. Терминот е идеален ако се земе во предвид фактот што за десетина дена се игра Супер-купот на Италија. Дали сезоната ќе се започне со или без трофеј, не верувам дека на некој му е небитно, уште повеќе што тоа би бил првото овогодишно среќавање со најомразените фудбаски суштества на планетата :)
Сето тоа, заедно со овие три останати логоа горе на сликата, го прави турниров страшно силен и важен, можеби најсилен турнир летово. Мој впечаток е дека многу малку официјални реакции од клубот видовме и прочитавме во пресрет на мечевите. Можеби од толку чекање и нестрпливост јас премногу сериозно го доживувам купот, но факт е дека не е шега да играш меч со засилениот Bayern и потоа било кој од другата двојка.
Што се однесува до тимот, сосема солиден избор има Max на располагање. Во изборот од 25 играчи, недостасуваат само неколкумина првотимци, со тоа што не треба да се очекува поголем ефект од јужноамериканците кои скоро се приклучија на тимот. Ова се повиканите за Купот:
Abbiati (32), Roma (30), Piscitelli (51), Abate (20), Antonini (77), Bonera (25), Nesta (13), Oddo (17), Taiwo (2), Thiago Silva (33), Zambrotta (19), Yepes (76), De Sciglio (52), Ambrosini (23), Boateng (27), Emanuelson (28), Gattuso (8), Seedorf (10), Van Bommel (4), Valoti (57), Cassano (99), Ibrahimovic (11), Pato (7), Robinho (70), Paloschi (43).
За едно добро кревање на самодовербата и продолжување на шампионската атмосфера, предлагам едно трофејче за старт. :) Знам дека многумина веруваат во победа утре, но само некои во победа и задутре (читај против Barca). А зошто да не? Како инаку би го најавиле превземањето на европскиот трон од актуелниот шампион? Во Италија добро знаат, вас ви е редот каталонци!
ADNIAMO RAGAZZI!!! FORZA MILAN!!!