tag:blogger.com,1999:blog-6948713566058633690.post2355577233057854800..comments2023-10-20T14:14:33.798+02:00Comments on Milan Fans MKD: Селтик vs Милан - Лига на ШампиониThe Last Mohicanhttp://www.blogger.com/profile/12306717724419300625noreply@blogger.comBlogger4125tag:blogger.com,1999:blog-6948713566058633690.post-5582359718681486382013-11-30T14:34:40.165+01:002013-11-30T14:34:40.165+01:00Абијати и Абате во аут.
Листата на повикани играчи...Абијати и Абате во аут.
Листата на повикани играчи за утре:

Coppola, Gabriel, Ferrari

Bonera, Constant, Silvestre, Vergara, Emanuelson.

Birsa, Cristante, De Jong, Kakà, Montolivo, Nocerino, Poli, Saponara.

Balotelli, El Shaarawy, Matri, Niang.

Одбранава е незнам...Anonymousnoreply@blogger.comtag:blogger.com,1999:blog-6948713566058633690.post-37956524892465712492013-11-27T14:03:27.862+01:002013-11-27T14:03:27.862+01:00Milan синоќа одигра како што никој не очекуваше. Т...Milan синоќа одигра како што никој не очекуваше. Тоа е таа магија што му се случува на клубот кога игра во ЛШ. Чувството е посебно и за сите во клубот и за нас навивачите. Celtic беше апсолутно немоќен. Од екипа што е типично домашна, со страшни навивачи, вчера нашите направија невидливи фудбалери кои само чекаа што побрзо да заврши натпреварот. Еве и ние самите тука на блогот не верувавме во ваков резултат. Може пофер е да речам дека ретко кој очекуваше победа воопшто.
Индивидуално гледано, Kaka потсети на сезоната 2006/07 со желба, полетност, одлична физичка спремност, за техничката веќе не зборуваме. Беше буквално незаприлив скоро во секој напад. Голот му даде крила, иако и пред тоа се навестуваше одлична партија од него. Нападот воопшто функционираше одлично, ако тука не го сметаме Birsa. Дечкото си има светли моменти, но има и јасен фудбалски лимит. Кога екипата игра просечно или слабо, може да се истакне со индивидуален потег. Во натпревари како вчерашниот, паѓа во очи ограниченоста. И средниот ред имаше двајца одлични и еден кој не беше на нивото. NDJ за мене е дефинитивно најдобриот поединец и сигурно најконстантниот, така што описот на неговиот перформанс после секој меч и скоро идентичен - точен, луциден, сталожен, со прецизни додавања, опасен по креативноста на противникот, ама и по нивната одбрана, особено со долгите топки. И Montolivo многу корисен, фино соработуваа по левата страна со Kaka, особено во првото полувреме. За мене Poli беше лош синоќа. Можеби не лош, туку чуден. Ми изгледаше несигурен, по малку уплашен, а тоа како да го забележаа соиграчите, значително помалку се играше по десната страна. Кај одбраната радува тоа што не прими гол, прво и основно. Одлично е тоа што Zapata постигна и тоа по прекин :) Bonera беше ок, ама испадите не изостанаа. Бековите немаа премногу работа, што беше за очекување против шкотска екипа. Urby повеќе офанзивен, отколку дефанзивен. Abate еден период имаше малку повеќе работа со префрлувањето на Samaras лево, но без посериозни предизвици. Кичо имаше една среќно-перфектна одбрана на 0-1 против van Dijk, претходно и на Mulgrew. Одлична вечер за него.
Да сумирам, идеална партија против ваков противник со резултат кој Milan го немал постигнато цели 6 години. Секоја победа во ваков бурен период е добредојдена, но овие во ЛШ имаат посебен ефект кај нас. Заедно со успехот на младинците вчера попладне, перфектен ден за клубот!

FORZA MILAN!!!Navigatorhttps://www.blogger.com/profile/03628935643373967931noreply@blogger.comtag:blogger.com,1999:blog-6948713566058633690.post-88408612377703729392013-11-26T16:04:56.200+01:002013-11-26T16:04:56.200+01:00Само што започна мечот на младинците. Ај прво него...Само што започна мечот на младинците. Ај прво него да го искоментираме, па и сениорскиот. Доста силен состав на Pippo: Andrenacci; Simic, De Santis, Iotti, Tamas; Piccinocchi, Benedicic, Mastalli; Di Molfetta, Cernigoi, Barisic.

Dai ragazzi!Navigatorhttps://www.blogger.com/profile/03628935643373967931noreply@blogger.comtag:blogger.com,1999:blog-6948713566058633690.post-44931061069735742342013-11-26T10:32:02.772+01:002013-11-26T10:32:02.772+01:00Од Celtic Park доаѓаат страшни изјави за вечерашни...Од Celtic Park доаѓаат страшни изјави за вечерашниот натпревар. Од управата, преку тренерот па се до последниот фудбалер во ростерот, сите се цврсто решени да направат пекол за Milan вечерва и сите се скоро убедени во победа! А и зошто да не бидат самоуверени, ова е веројатно мозаик во кој сите коцки се наместени за нив. Ова е нивната голема шанса да го победат големиот Milan и со тоа да му зададат директен удар во конкуренцијата за пласман во 1/8. За нивните навивачи не мора воопшто да дискутираме, тие се секогаш убедени во победа, дури и кога не можат да стигнат до неа.
Во наша корист во овој момент оди само една, единствена работа: Распоредот до крајот на групата. Доколку распоредот не беше ваков каков што е (ние ги одигравме двата натпревари против Barcelona а нашите 2 директни конкуренти мора да се сретнат со неа до крајот) ќе бев речиси убеден дека излегуваме во групната фаза. Сепак, никогаш не е убаво да зависиме од друг, макар било тоа и Barcelona. И уште повеќе, ние пак мора да го победиме Ajax дома, последниот натпревар. Нешто што можеби на прв поглед делува рутински но да не заборавиме, пред само 3 дена на тој ист стадион не успеавме да ја победиме Genoa иако имавме пенал и фудбалер повеќе цели 60 минути. Затоа чекор по чекор. Вреден за одбележување е уште еден податок, само во случај на некоја неочекувана победа на Celtic парк, ќе ги разрешиме дилемите. Во било која друга комбинација, дали победа па дури и со реми вечерва, Ajax ќе дојде на San Siro со реални шанси за пласман т.е со победа против нас нѝ го краде второто место во последното коло. Значи Ajax нема да дојде со бело знаме, ќе има реална шанса и нешто што ќе ги води напред. Најдобрата варијанта за нас е победа вечерва. Од една страна за пласман во елиминацискиот дел а од друга страна за колку-толку смирување на страстите, психозата и нервозата која владее во и околу тимот. Ама од друга страна евентуална победа вечерва значи останување на Лудиот Maкс на чело на клубот и уште поголемо џвакање од ќелавкото во стилот: Нели ви реков! Не знам што е подобро или полошо во моментов...ReBornedhttps://www.blogger.com/profile/13417832823533309792noreply@blogger.com