Translate

Sunday 13 September 2015

Derby della Madonnina - Дел први!


Очекувавме одлично отворање на сезоната. Сите тие случувања во текот на летото водеа кон нешто такво. За жал не се случи тоа. Напротив, пораз на отворањето во Фиренца, во еден меч каде што не бевме ни блиску до бод. Следеше првиот натпревар на San Siro и победа во неубедлива игра против екипа што најверојатно ќе се бори за опстанок. Трето коло и веќе дерби. Ама не обично дерби меѓу две силни екипи, туку најголемото градско дерби во Европа – Il Derby della Madonnina или за неупатените - Derby Milano.

Расположението во двата табора на градските ривали овојпат е различно. Комшиите имаат максимален учинок после двете кола, со победи на двата натпревари во последните минути. Ни кај нас не мртво, бидејќи едноставно, вистински фан не може да остане невозбуден пред едно Дерби. Клубот направи вистински потег пред неколку дена со настанот орагнизиран пред Casa Milan. Играчите и фановите заедно создаваа синергија, а Mihajlovic веројатно во свој стил, со 15 минутен разговор со лидерите на Curva Sud во потрага по конечно помирување и враќање на моралот кај најдобрата и најкреативната навивичка група во Италија.


Кога сме кај моралот и атмосферата, вреди да се спомне мобилизираноста на нашата управа во пресрет на Дербито. Најавено е дека покрај Galliani, на San Siro ќе бидат и Silvio, Barbara, но и Bee; кој е во Италија каде вчера го прослави роденденот, а најверојатно ќе остане до финализирањето на договорот за превземање на 48% од клубот.

И додека очекуваме да бидат објавени почетните состави, неколку збора за ситуацијата во двата тима. Mancini нема поголеми проблеми со составувањето на тимот. Единствен проблем е стоперската линија. Повредата на Miranda, најверојатно ќе го натера Mancini да го врати Medel во одбраната, што секако е шанса за Bacca и Luiz Adriano. Кај нас, проблеми со средниот ред. Ќе го нема Bertolacci заради повреда, така што веројатно Jack Bonaventura ќе биде прекомандуван во средниот ред, а Honda ќе го завземе местото на trequartista. Montolivo се очекува да добие шанса на mezzala, а третото место во средината е за Kucka. Во одбраната, De Sciglio ќе биде замената за повредниот Antonelli, на другата страна ќе стартува Abate, а на стоперските позиции сигурен е Romagnoli, а најверојатно партнер ќе му биде Zapata. На голот, секако, Don Diego Lopez.


Неблагодарно е да се предвидува резултатот од едно Дерби, особено овојпат. Сезоната сеуште не е навлезена во фаза кога се екипите се расслојуваат по квалитет и каде може да се предвиди перформансот на екипата. Сега е периодот кога тимот станува хомоген и почнува за функционира како едно. Каков само забрзувач на тој процес би била победа вечерва. И во атмосфера каде повеќето од фановите немаат преголеми очекувања од Дербито, јас верувам дека тимот ќе блесне. Верувам во победа!


FORZA MILAN!!!