Translate

Wednesday 29 October 2014

Најава: Cagliari vs Milan!

Уште го чувствуваме горкото од ремито во неделата, а веќе вечерва ново коло. За помалку од еден час, на гости на Сардинија, против Cagliari. Можеби поинаку ќе го дочекавме натпреварот денес ако се оствареше она што, можеби премногу го посакувавме пред три дена. Вака, атмосферата малку спласна, дури и од клубот беа тивки деновиве. Тоа веројатно е и подобро, барем тоа го зборува искуството од тековната сезона. Навистина се одиграни само осум кола, но убаво можат да се разграничат натпреварите пред кои притисокот и очекувањата биле големи и не сме успевале и оние каде во мирна атмосфера се припремале играчите и каде трите бода завршувале на нашето конто.


Во овие три дена, само пресот од на Pippo вчера можеше да се извлече некоја претпоставка околу стартерите вечерва. Inzaghi најави дека ќе има неколку промени во тимот, иако во повиканите ниту една во споредба со неделата. Не е повикан ниту Armero, иако колумбиецот веќе не е повреден. А искрено се понадевав на него како евентуално освежување после ужасниот меч на De Sciglio. Главните две промени во стартерите се на голманската позиција и во шпицот на нападот. Pippo имаше можност да се увери дека Abiatti, за жал, не е повеќе достојна конкуренција на Lopez и уште повеќе и поважно, дека без вистински шпиц во нападот, играта на тимот е коплетно различна. Да бидам подиректен, импровизирана. Затоа денес назад се враќа Torres. Honda и SES лево и десно од него. Останатите две промени би требало да се Rami на местото на Zapata и Jack на местото на Poli. Иако наместо Poli, јас би го седнал на клупа Muntari, сепак ризикот да добиеме премногу офанзивна формација, веројатно ќе пресуди во одлуката на Pippo. За Rami, лично, многу ми е мило ако го видам назад во стартерите. Останатите се стандардните NDJ, Abate, De Sciglio и Alex.


Денот започна убаво, со одлична победа на Primavera против Sassuolo, ајде уште поубаво да го затвориме денот!

FORZA MILAN!!!

Sunday 26 October 2014

Натпревар кој вреди злато!


Натпреварот кој вечерва ќе го одиграме против Fiorentina на San Siro е буквално еден од оние мечеви кои вредат злато! Синоќа Sampdoria одигра 0-0 со Roma и со наша евентуална победа вечерва, конечно стапнуваме на она посакувано 3то место (квалификации за ЛШ) и доаѓаме на само -2 бода од второто место односно од Roma. Дополнителен податок во наша полза е тоа што тимот на Fiorentina минува низ лош период, како резултатски така и во однос на повредените фудбалери. Rossi и Gomez се подолго време во аут а  нивната главна карика во средниот ред, шпанецот Borja Valero веќе 2 меча во серија е на клупа поради повреда и дури вечерва се очекува да стартува во средниот ред (фудбалер кој ни создаде многу главоболки во минатата сезона). Од друга страна доколку нема некои несакани повреди на последниот тренинг, Montolivo е единствениот фудбалер на кој не може да смета Pippo. Тоа значи дека во тимот повторно ќе стартува Don Keisuke!


Сезонава ја игра како вистинска нинџа! Неупадлив, тивок, повлечен, невидлив... и прв стрелец во Калчо! Постигна вкупно 6 гола на досегашните 7 меча. Постигнува голови и со двете нозе, од отворена игра и од слободен удар, па дури и со глава. 6 гола на 7 меча без ниту еден гол од пенал!


Кога сме кај него, се шушка дека Man City размислува да понуди сума од 18 до 20 милиони евра за неговите услуги уште во Јануари.


Веројатниот состав: постојат 2 недоумици, едната е на голот каде што првиот голман на тимот Diego Lopez е фит за да застане меѓу стативите, но Кичо имаше одличен последен натпревар против Verona со неколку извонредно важни интервенции. Втората дилема на Pippo е во нападот. Поради погоре наведените причини Don Keisuke е недопирлив па еден од El Shaarawy, Torres и Menez ќе мора да го почне мечот од клупата. Во средината ќе се продолжи со 3 фудбалери поради сигурниот настап против Verona, а по враќањето на одморениот De Jong таа игра во средината би требало да биде уште поцврста.

Кај гостите ќе треба да се обрати особено внимание на Cuardado и Borja Valero, како и на играта на Babacar во нападот кој е доста незгоден. Се надевам дека притисокот нема да ги изеде момците. Фантастична можност да дојдеме до 3то место, да дојдеме на само минус 2 бода од второто место и да му зададеме удар на директен конкурент за борбата за излез во Европа.

Forza Milan!!!

P.S Бонус: Нашиот сегашен тренер го постигна својот деби гол во светиот дрес токму против вечерашниот противник.

Saturday 18 October 2014

Ќе ни годи ли Bentegodi?



Нема ништо послатко од клупски фудбал после репрезентативна пауза. Веројатно никогаш нема да сме почувствувале колку недостига клупскиот фудбал ако не постојат репрезентативните паузи. После паузата која изгледаше како цела вечност, се враќаме во Калчо и се надеваме дека ќе ни годи Bentegodi. Паузата помогна да се рехабилитираат некои фудбалери (во прв план Diego Lopez а потоа Bonaventura, Saponara и Van Ginkel) но го загубивме Menez кој заработи непријатна повреда од која половично се рехабилитираше, довоно само за клупата за резервни фудбалери. Тоа значи дека повторно ќе го гледаме Toress како најистурена напаѓачка игла во нашата игра, поткрепен од Honda и El Shaarawy (по подолго време) по крилата. Дотука изгледа сосема во ред. Сепак, проблемот е зад нив. Nigel De Jong ќе мора да го одмори овој меч поради жолти картони а кога на тоа ќе се придодаде и долгото отсуство на Montolivo, ситуацијата во средината е далеку од идеална. Затоа Pippo се одлучи повторно да се врати на 4-3-3 за да добие малку повеќе на сигурност во средината која ќе биде составена од фудбалери кои не се баш најдоброто решение за стартери особено кога покрај нив нема ниту еден од De Jong односно Montolivo. Лобито од Ghana ќе биде присутно (Muntari + Essien) а на нив најверојатно ќе им прави друштво Poli (резервната и помалку веројатната варијанта е Bonaventura како mezzala). Ова значи дека креирањето на играта во средината ќе биде сведен на некоја позитивна нула иако некогаш и слепа кокошка може да погоди зрно. Јас лично би бил задоволен доколку средниот ред барем одигра пристојно во дефанзива и не прави некои камикази потези како оној на Muntari против Chievo. Во одбраната и на голот ќе настапиме со најдоброто што го имаме во тимот. Тоа значи од лево кон десно De Sciglio, Rami, Alex и најдобриот бек асистент во лигата, Nacho Abate. Зад нив се враќа Diego Lopez кој на последниот натпревар на кој настапи прими 4 гола и се повреди при комичен автогол. Се надевам дека ќе продолжи онаму каде што застана против Lazio а не против Parma. Сето ова убаво илустрирано би изгледало отприлика вака:


Од она што паѓа во очи кога станува збор за противникот можеме да го издвоиме Luca Toni. Бардот на италијанскиот фудбал (заедно со Toto Di Natale) и во својата 37ма година од животот повторно прилично често ја врти раката околу глава кога постигнува голови. Дури и кога нема да постигне гол, Toni вреди злато за играта на Verona. Во суштина нивната игра (кога не се тоа нафрлања од корнер) се состои од тоа да стигне топката до Toni, тој да ја смири, загради додека не пристигне едно од двете крила, потоа ја проследува топката во простор до крилото и оди напред во срцето на петерецот и чека повратна топка од истиот фудбалер. Нема многу филозофија но носи резултат. Сепак, со оглед на нашиот одбранбен тандем (Rami и Alex) мислам дека Toni нема многу да се изнаигра бидејќи и двајцата важат за одлични фудбалери во воздух а Toni е фудбалер кој во спринт не би успеал ниту да ја престигне 74 годишната баба Рада од Богданци а не пак некој како Rami или Alex. Сепак со нашата одбрана секогаш постои тој Х фактор за ултра смешен blunder па ќе треба да почекаме 10 минути по последниот свиреж на судијата за да бидеме сигурни во конечниот резултат.

Имам уште доста да пишувам меѓутоа го чекаат постов на твитер па ќе морам да привршувам. Verona важи како ултра тешка екипа за да се игра против неа на Bentegodi но би требало веќе да почнеме да собираме бодови на вакви мечеви кога веќе изгубивме против Empoli и Cesena. Овој меч е уште поважен од аспект на тоа што во овој викенд настапуваат Printer и Napoli меѓусебе па би можеле да бидеме големи добитници после ова коло. Само да не подлегнеме на жестоката атмосфера на Bentegodi и да не направиме некој ултра смешен потег на кој би можел да ни позавиди дури и Стиви Џи.

Ни треба глад за успех и љубов кон боите на клубот, момци!

Segna per noi!

Saturday 4 October 2014

Победа, за враќање на самодовербата.


Статистиката вели дека дома со Киево имаме ремизирано само 2 пати и победено дури 10 пати, а немаме изгубено никогаш. Подобар противник не ни можевме да посакаме. Пипо и момците знаат што можат да направат, и дека со противник како Киево треба да се притисне додека стигнеме до првиот гол, понатаму ќе им се распадне цел систем и победата може да биде и поубедлива.

За првпат во одбраната ќе бидат нашите најдобри стопери Рами и Алекс кои не знаеме колку се компактни за да играат заедно. Кичо ќе биде на голот а Де Шиљо и Абате по страните. Де Јонг и Поли стандардни во средината, и најверојатно Бонавентура што за мене е изненадување. Во нападот Менез, Торес и Хонда ќе се обидат да го скршат отпорот на летачките магариња.

На другата страна ќе ги имаме незгодниот Палоши кој Пипо сакаше да го потпишеме летово како бекап, и нашиот млад талент кој е пратен да се надоградува во Киево, Словенскиот Кројф - Валтер Бирса.

Шала на страна, мора да се стегнеме во одбраната конечно ако сакаме да не гледаат другите екипи сериозно и овој меч е совршеното место за почеток. Искрено се надевам дека ќе дадеме 3 гола, дека Де Шиљо и Абате ќе се изнатрчаат по страните а дека Рами и Алекс ќе бидат ѕид кој не ќе може никој да го пробие.

Малце ќе го скратам постот во недостаток на време и идеи, и би сакал да ве известам дека најверојатно во иднина се помалце и помалце ќе бидам дел од овој блог и се што е поврзано со Милан, пред се затоа што ќе се селам во друга земја, и работното место ќе ми биде такво што незнам колку време ќе имам и да ги гледам самите натпревари на Милан а не па да коментирам и слично.

FORZA MILAN !!!