Translate

Friday 27 June 2014

Mercato 2014/2015


Крај на Јуни, средина на светското првенство добро време за да напишеме еден пост за моменталните прилики во клубот. За минатата сезона се договоривме дека нема што да говориме, нема што да сумираме и да анализираме, ќе гледаме само напред!

А пред нас е една од најпредизвикувачките сезони за Милан. Нов тренер, неиграње во ЛШ, најава за заминување на дузина играчи и доаѓање на веќе 3ца нови фудбалери. Агаци, Алекс и Менез за кого доста се пишуваше овде дојдоа како слободни агенти. Парижаните ќе заработуваат околу 2-2.5м годишно што за слободен агент и не е така лошо. За Агаци многу детали од договор не знам. Во исто време се разрешија дури 15 co-own ситуации односно се продолжија само оние на Коми и Верди кои се пролонгираа за наредното лето. Значи младинскиот голман Гори, Албетраци, Поли и Сапонара беа откупени а од сите други се откажавме.

                                 

Во меѓувреме клубот го напуштија Траоре (Бурсаспор) Копола, Амелиа, Емануелсон (слободни агенти) и Таарабт и Силвестре (завршеток на позајмица) а Рами не го ставам овде бидејќи поради проблемите со новиот сопственик на Валенсија постојано се пролонгираат преговорите за неговото перманентно останување во Милан.

Нашиот клуб веќе подолго време му се восхитува на Итурбе, и сега за сега единствена пречка за тој трансфер е неволноста на Кака да замине до зима во Сао Паоло а потоа да си продолжи во Орландо каде веќе потпиша договор. Денешниот состанок помеѓу репрезентативците на двете страни е неуспешен и ќе се прават нови напори од понеделник. Наводно, бразилците можат да му дадат само третина од моменталната плата на Кака додека пак неговиот татко несака ни да слушне за тоа.Многу нефер од негова страна ако се земе в предвид фактот дека му беше пружена шанса на Кака како 20 годишно момче од Бразил кое ја искористи максимално и стана една од легендите на клубот. Но најдобро за сите би било сега да си замине, со цел да се отвори простор за идните генерации. Слична ситуација имавме и минатата сезона каде што чекавме Сантош да го купат Робињо и ни избега Лаич од раце за сума со која подоцна го купивме Матрињо.

Значи повторно проблем ни прават големите плати на играчите: Балотели, Кака, Мексес (4м). Секако тука се и Робињо, Матри, Нианг, Бирса, Есиен, Ночерино, Констант, Бонера, Закардо, и Запата како играчи кои се вишок во клубот и си имаме проблем да им најдеме нова средина, а токму тоа ги кочи преговорите со потенцијалните цели на клубот.

                               

Не очекува долго лето, и се надеваме дека сите играчи кои не се потребни ќе си најдат нова средина, и за нив ќе бидат доведени адекватни замени. Бидејќи предстојната сезона ќе играме само на 2 фронта се очекува да играме минимум 39 максимум 45 натпревари што значи дека составот треба да брoи околу 25 квалитетни играчи заедно со тројцата голмани.


                         FORZA MILAN !!!