Translate

Saturday 29 March 2014

Милан - Киево


По изненадувачки добрата партија на Артемио Франки и победата од 0-2 против Фиорентина, дома ни доаѓаат магарињата  кои се само 3 бода над сигурната зона и секој бод ќе им биде драгоцен до крајот. Од друга страна пак, Милан може да се каже дека нема никакви амбиции до крајот на оваа сезона. Целите што ги имавме за оваа сезона не ги остваривме, тимот очигледно полека се распаѓа а единствено нешто што може да се добие до крајот на сезоната е оценување на перформансот на сите играчи во последните средби со цел да се скрати листата на играчи кои ќе го носат овој дрес и наредната сезона.


Ова е листата на повикани играчи и веројатните стартни состави. Има премногу комбинации за тоа кој ќе почне во сите делови на тимот. Сигурен може да се каже дека е само Абијати. Јас искрено нема да се замарам и да си го оптеретувам ова убаво саботно попладне со тоа кој ќе игра кој не овој натпревар туку само вечер ќе го изгледам натпреварот во една лабава атмосфера, без нервози.

Одекна денес изјава низ Италијанските медиуми дека Кака е заинтересиран за трансфер во МЛС, иако и самиот кажа дека моментално е со мислите во Милано доколку дојде до тоа да си замине од Милан, северниот континент е негова прва опција. Според мене ова е уште еден доказ дека нашиот драг Милан е во толку големи го*на, што дури и нашиот несуден син и морален капитен по нецела сезона во тимот сватил дека ова е далеку од оној шампионски тим што го напушти пред 4-5 сезони.


FORZA MILAN ?!

Wednesday 26 March 2014

Без наслов и без повод


Да не се лажеме, единствената причина поради која се пишува нов пост во оваа веќе загубена сезона е желбата да се задржи неприкосновениот ритуал на пост пред апсолутно секој натпревар. Ми оди се потешко поради низа обврски и се надевам дека ќе имам пристојна помош од Вас, во финишот од сезоната.
G доби покана наместо од VIP ложата, овој меч да го следи од кабината на Sky поради заштита од повторен судар со домашните фанови (лани имаше непријатен инцидент на Artemio Franchi) меѓутоа тој го одби тоа па ќе си седи на истото место но домакинот му „донираше“ зголемен број на редари околу него.
Seedorf повторно ќе започне со 4-2-3-1 со тоа што Taarabt, Balotelli, Muntari и Abbiati се враќаат во првиот тим а Bonera ќе започне на RB.


Веројатно Марфи би бил во свој елемент ако доживееме пораз со гол (ови) постигнат (и) од Matri.

Forza Milan!

Sunday 23 March 2014

Одиме кај што нè носи ветрот


Реално или не многу брзо почнаа шпекулациите за отпуштање на Seedorf. Холанѓанецот сè уште не  направил вдлабнатина во фотелјата со мерки на својот задник а веќе почнаа муабети низ кулоарите дека му се заканува отказ. И сето тоа наводно е врзано со следните 2 меча (Lazio и Fiorentina). Не знам колку има вистина во овие муабети но едно е очигледно, тимот после првичната еуфорија (која ја носи речиси секоја смена на тренерската клупа во било кој спорт во светот) се врати на претходната летаргичност и тешко излегува од таму. Clarence се обидува ментално да го крене тимот, се обидува да делува заштитнички кон Balotelli и се обидува да форсира некоја своја филозофија но ништо од тоа не носи резултати. Деновиве GDS излезе со колумна за тоа што (според нив) се најголемите проблеми во начинот на Clarence Seedorf:

1. По доаѓањето на Seedorf на клупата, тренинзите се извршуваат во попладневните часови а тоа според GDS е особено проблематично кога во тимот имаш многу млади фудбалери кои ги влечат ноќните вибрации на град како Milano. Најголемиот дел од тренерите во Европа практикуваат да имаат тренинзи во претпладневните часови.

2. Seedorf пред секој натпревар има посебни разговори со секој дел од тимот (одбрана, среден ред, напад) а нема разговор со тимот во целина па затоа (според GDS) тимот има проблем да делува компактно на теренот и тоа особено се гледа при спречување на противничките контра напади.

3. Неискуството на тренерот кое најмногу било видливо во гости против Napoli кога Milan одлучи да игра со висока одбранбена линија и лоши додавања меѓу дефанзивците, против една од најдобрите офанзивни екипи во Италија.

4. Според GDS, некои фудбалери во тимот не се задоволни од повластениот третман кој Mario Balotelli го ужива кај Clarence Seedorf. Balotelli упорно не игра ништо (не само во однос на она за што е платен т.е головите туку буквално најчесто се шета по теренот или се расправа со судијата и противниците) и упорно добива нови шанси. Надополнување, пред некое време (мислам дека беше еден од Costacurta или Boban) изјави дека Milan делува многу поопасно и игра подобро со Pazzini во тимот, отколку со Balotelli.

5. GDS има замерки и за (како што велат) играњето на Seedorf на фудбалерите на сосема неадекватни позиции. Abate стартуваше на AMR против Napoli за првпат после неговите тинејџерски години, Honda кој беше одличен во CSKA на AMC упорно е форсиран на AMR а Montolivo шета низ позиции. Кога сме кај шетањето низ позициите веројатно најшетан досега е Poli кој единствено нема одиграно како централен дефанзивец и напаѓач. Играше бек, во средина, на AMC и по двете крила.

За тоа дали и со колку точки ќе се сложите од она што е претходно напишано, оставам на Вас (ако некој го интересира мојата маленкост, јас повеќе или помалку се сложувам со точките број 2, 3, 4 и 5). Сум рекол неколку пати и ќе повторам, не сакам да го судам Seedorf со фудбалери кои „не се негови“ и во ситуација во која што е. Сепак, очекував некаков напредок (кој беше видлив на почетокот но како што реков, после секоја смена доаѓа до тој психолошки момент кај тимот).

Според последните шпекулации околу денешниот тим, конечно Pazzo ќе добие старт пред Balotelli и веројатно Honda ќе добие старт пред Taarabt (ако се прашувам јас ова е смешно, нема потреба Honda да зависи од неиграњето на Taarabt и обратно. И сакам Honda да игра на AMC неколку натпревари па после да донесеме заклучок дека не може да се снајде во тимот. Дури и ако тоа значи неиграње на Kaka). Urby повторно ќе стартува на LB (има ужасни, УЖАСНИ натпревари во дефанзива веќе неколку мечеви по ред и најголем дел од головите во последните неколку натпревари ги примаме по таа негова лева страна кога или директно греши и „излегува од игра“ или него никаде го нема па мора централниот дефанзивец да оди налево за да покрие и противникот постигнува гол токму во дупката која се создава во центарот на одбраната).

Веќе заклучивме дека сезонава е отидена во неповрат. Затоа и не одвоив многу време на конкретниот натпревар со Lazio. Ме интересира што Вие мислите за шпекулациите и тренерскиот (не) квалитет на Seedorf? Доколку се прашувате исклучиво Вие, дали би му ја дале следната сезона? Дали повеќе би сакале да го видите Pippo, Donadoni или некој трет на негово место? Сличните прашања можат да се употребат и за G...
Каде мислите дека оди Milan?

Sunday 16 March 2014

Совршен хаос!

Веројатно ова е единствената ситуација кога може еден хаос во клубот да се гледа од позитивен аспект и да се очекува да донесе нешто подобро. Ситуацијата во црвено-црната половина на Milano врие како никогаш во последните неколку децении! Пукна тиквата дури и кај секогаш верните Curva Sud кои за првпат после долго време во пишано комунике решија отворено да ги нападнат речиси 3/4 од фудбалерите и CEO G himself!


Curva Sud на чело со Il Barone е бесна на најголемиот дел од фудбалерите кои не знаат што значат боите на овој клуб но знаат како да дојдат до најдоброто сепаре во дискотеките низ Milano, не знаат што значи овој дрес но знаат да постираат трагикомични selfie фотографии низ социјалните мрежи, фудбалери кои не ја знаат тежината на овој колектив но знаат да ги заобиколуваат половина од вежбите на тренинзите! Curva Sud е бесна и на G особено што тој од нив направи „минорна група која не е вклучена во трансфер активностите на клубот“ кога тие бараа квалитетен дефанзивец и midfielder наместо Matri летово а G во Јануари ги голтна сопствените зборови па го отстрани Matri а донесе дефанзивец и midfielder. Curva Sud е бесна на G и поради тоа што Milan се претвори во клуб кој го прибира сето она што другите клубови не го сакаат и се претвори во финансиска институција на Genoa! Нека гори во Milanello, нека гори на San Siro, нека гори во соблекувалните и во канцелариите на новата Casa Milan!

Да додадам и збор - два од сопствен аспект. Дадов безусловна поддршка на Clarence Seedorf и реков дека неговата работа ќе ја оценувам дури кога ќе може самиот да си создаде тим (т.е следната сезона). Останувам на тоа мислење МЕЃУТОА разочаран сум од недостигот на елоквентност и пред се криењето на лошите резултати исклучиво зад Allegri. Доста непрофесионално и прилично несериозно е после секој лош резултат како главен виновник за тоа да се споменува претходниот тренер кој веќе 2 месеци не е во клубот! Clarence, доста! И навистина физичката неподготвеност, несериозниот пристап на натпреварите и изгубената самодоверба да се должат на Allegri, еден сериозен тренер кој веќе 2 месеци е во клубот, не смее да дозволи да се крие зад името на поранешниот тренер. Друга работа е тоа што дел од тие проблеми веќе би можеле да почнат да се поправаат бидејќи новиот тренер е веќе пристоен период на чело на клубот! Clarence, доста!

Форсирањето на Bonera во стартните 11 е друга болка. Чувствувам дека Seedorf во некои ситуации повеќе се води според личните и приватните врски со одредени фудбалери отколку според реалните квалитети. Ова особено се однесува на Bonera и Kaka (да, Kaka)!

Сè уште не знам кој ќе биде составот денес меѓутоа се шпекулира со De Jong и Essien во средината а Poli, Montolivo (на AMC) и Kaka пред нив. Со што Essien заслужи нов старт после натпреварот против Atletico? Беше најлош во ужасниот тим а и очигледно не е доволно фит за да одигра цел меч а не па да одигра 2 меча во серија. Друга работа, како Seedorf ќе игра со тројца „централни“ офанзивци во формација која бара 2 крила? И на крајот на краиштата, би го седнал Balotelli а би го пуштил Pazzo од старт. Така барем знам дека во тимот ќе имам фудбалер кој дава 100 % на тренинзите и кој ќе направи се што е во своја моќ да помогне на тимот, на овој или на оној начин. Не, не сакам веќе плачко на CF и не сакам веќе фудбалер кој повеќе размислува на глумење пенали и расправање со судиите и противниците отколку на тоа како да постигне гол. Balotelli, се сеќаваш кога последен пат постигна гол?

Како што споменав погоре, ова не значи дека се откажувам од Seedorf, јас пак ќе почекам до следната сезона меѓутоа не можам слепо да давам константна поддршка и да поминам преку некои работи!

За G веќе подолго време констатиравме дека е сенилен и дека е потребна негова смена. Тој досега и ќе беше сменет меѓутоа беше спасен од неговиот колега по сенилност. Доколку старата гарда го напушти клубот не знам дали ќе биде подобро но прилично сум сигурен дека нема да биде полошо од ова. На овој клуб му треба ново раководство кое како за промена наместо да размислува кои фудбалери би можел да ги добие на approach to sign и free loan ќе размислува како најпаметно да го потроши својот годишен буџет (па нека е и мал буџет)! На овој клуб му треба раководство кое сериозно ќе се нафати на изградба на нов стадион! И на крајот на краиштата, на овој клуб му треба НОВО раководство, какво и да било тоа!

Тоа го сакаат и најголем дел од овие фанови кои во моментов протестираат пред San Siro.



Околу натпреварот со Parma, нема да должам многу. Формациите веројатно ќе бидат овие а резултатот е прилично излишен. Не верувам дека дури ни петарда во мрежата на гостите би сменило нешто во моменталните чувства на фановите на клубот на San Siro и низ светот.


FORZA MILAN!!!

Tuesday 11 March 2014

Натпреварот на сезоната!


Иако звучи излитено сепак тука се сумира досегашниот тек од сезоната. Или за многумина ќе бидеме очекувано елиминирани и ќе го возиме остатокот од сезоната во лер или пак ќе направиме бум во фудбалска Европа и ќе ги погалиме срцата на навивачите во црвено - црно. Верувам во позитивен резултат (мој тип 1-2) пред се поради тоа што на првиот натпревар одигравме речиси перфектно. Atletico не играше апсолутно ништо и само огромната среќа и нашата апстиненција пред нивниот гол ги донесе до победа. Нешто слично се случуваше и против Juventus. Иронично, Milan од клуб кој е вистинска смешка во дефанзива се претвори во клуб кој има проблеми да ги реализира мноштвото шанси на секој натпревар. Balotelli сé уште апстинира од голови и искрено се надевам дека тоа вечерва ќе се смени (иако не верувам во тоа, попрво очекувам гол од Pazzo или некој трет отколку од Balotelli). Тимот што ќе стартува е очекуван, во конкуренција се враќа Poli кој играше одлично на првиот меч.

Верувам дека можеме да го елиминираме противникот кој веќе сите го ставаат во следната фаза. Сме го правеле тоа во Минхен, на пример. Не се сомневам дека момците ќе го остават срцето на теренот. Дали тоа ќе биде доволно за пласман, ќе откриеме доцна во ноќта.

Forza Milan!

Saturday 8 March 2014

Саботно попладне на Фриули


Иако има уште многу до крајот на сезоната (12) меча многумина од нас се веќе со мислите во летниот трансфер период. За мене оваа сезона е одамна завршена, па последниве натпревари ќе ги гледам во едно опуштено издание, без оптеретување околу резултатот кој ќе ми биде во втор план. Изминативе денови на големо се збори и за странски инвестиции во Милан. Имено Берлу не сака да го продава Милан (иако за неколку години изгледа ќе мора) туку би продал некои 20% од акциите со цел да добие клубот финансиска инекција која ќе ни биде и те како потребна со оглед на фактот дека нема да играме во ЛШ догодина.


Неколку рековалесценти во тимот меѓу кои и Балотели и Бирса кој се очекува да го почне натпреварот. Запата исто така се враќа во тимот после подолга пауза и можно е да стартува.


Во меѓувреме, друго нешто најинтересно што ни се случува во клубот, е оваа слика на Марио која кружеше на интернетот повеќе од колку што треба.


Имено Марио не играше за националниот тим поради повреда, меѓутоа според луѓето на интернет доколку си способен да играш пинг понг способен си да играш и 90 минути пријателски натпревар против најдобрата светска селекција во моментов. Причината поради која воопшто пишувам за ова е дипломатската реакција на Кларенс за случајов кој им ги замолчи устите на новинарите. Сидорф прво се запраша како воошто е ова вест и дека е тажно што воопшто се троши време на ова наместо на многу поважни работи. Тоа е професорот, и +1 кај мене добива поради можноста да се справи со глупави новинарски прашања.

FORZA CLARENCE, FORZA MILAN !!!

Sunday 2 March 2014

Натпревар за проверка на моменталниот капацитет!

Ако се остават настрана проблемите со повредени фудбалери, натпреварот против Juventus веројатно доаѓа во еден одличен момент. Оваа теза доаѓа од таму што од една страна овој меч не доаѓа баш пред реваншот од ЛШ (имаме уште 1 недела до тогаш) а од друга страна Seedorf веќе се повеќе го наметнува својот стил на игра и пред се својот победнички mindset па би било добро да видиме како фудбалерите ќе се снајдат против реално најдобриот клуб во Calcio.


Би било идеално доколку за овој меч ги имавме целосно фит Balotelli, De Sciglio и веќе подзаборавениот El Shaarawy меѓутоа Seedorf успеа да наметне размислување според кое секој фудбалер треба да биде целосно спремен и да ја очекува својата шанса. Не се сомневам дека Pazzini ќе одигра уште еден одличен натпревар за својот клуб (без разлика дали тоа ќе биде крунисано со гол или со вршење на некои „ситни“ работи кои не паѓаат во очи меѓутоа се од огромно значење) а очекувам пристоен меч и од страна на Abate. На спротивната страна од Ignazio ќе стартува Urby кој имаше пристоен јубилеј од 100 одиграни натпревари за Milan. Bonera се враќа повторно во срцето на одбраната (ова воопшто не звучи убаво) а покрај него ќе стартува веќе незаменливиот Rami. Во средината покрај стандардните, шанса од самиот старт ќе има за Poli кој ќе го започне мечот на местото на Honda. Poli се наоѓа во одличен период и игра се подобро. Напред Pazzo на местото на повредениот Balotelli. Нормално, нов старт за најинвентивниот фудбалер во тимот, Taarabt.


Меч кој јас лично го очекувам со нетрпение. Меч во кој доколку загубиме ќе изгубиме само дел од позитивната атмосфера (која веќе ја има се повеќе на тренинзите и на натпреварите) а доколку победиме ќе биде одлична каписла за реваншот од ЛШ. Тимот созрева, тимот ужива покрај Clarence, тоа веќе може да го види секој лаик. Очекувам вечерва фудбалерите во црвено-црно да уживаат на теренот.

Forza Milan!