Translate

Saturday 30 March 2013

Освојување на Bentegodi!


Помина еден од најтешките периоди за секој фан на фудбалски клуб, репрезентативната пауза. Веднаш по неа, одиме на јуриш на Bentegodi. Таму нè очекуваат неколку познати фаци, пред се Paloschi и Acerbi. Palo изјави дека му недостига постигнувањето на голови и дека доколку постигне гол против Milan, ќе слави. Ова многу повеќе го ценам од идиотскиот пристап на типот со симптоматични фризури. Acerbi е Acerbi, за недоволниот квалитет кој го поседува за играње во еден голем клуб како Milan, го обвини клубот. Тоа значи дека денес можеме да очекуваме наострена бемка.


Во ростерот на светиот тим, ситуацијата е матна. Не можеме да сметаме на De Jong, Boateng и Pazzini во прв план, фудбалерот кој се наоѓаше во одлична форма пред идиотскиот старт на Portanova. Останатите, повеќе или помалку сите се во строј и спремни за игра. Allegri размислува само за 2-3 позиции на теренот но тимот отприлика би можел да изгледа вака:


Една од дилемите е токму изненадувачкиот старт на Binho. Другата варијанта е таму да започне Niang. За одбележување е дека вечерва за прв пат Salamon ќе биде директно вметнат во ростерот (ќе го започне мечот на клупата за резерви). Во дефанзива е можно Bonera да добие натпревар по долго време а на левата бековска позиција ќе настапи момчето кое со својата смиреност, скромност и зрелост ги гали срцата на сите италијанци во последно време, особено на фановите на италијанската репрезентација.


Продолжуваме онаму каде што застанавме пред паузата! Одиме на нова победа и нова пресија кон второто место! 

Dai Ragazzi!!!

Sunday 17 March 2013

Allegri Vs рингишпилот на Zamparini



Завршивме со Coppa, завршивме со CL, останува борба за CL во следната сезона. За да ни биде финишот поинтересен и за да имаме нова цел кон која се стремиме, се обидуваме и да стигнеме до второто место, место кое директно води во ЛШ следната сезона. Денес на гости ни доаѓа тимот со најрасштрафаната клупа сезонава и во последните 20тина години. Сите имаме фетиш, фетиш има и Zamparini. Сопственикот на Palermo по своето доаѓање на чело на клубот има сменето 26 тренери, неколку од нив на повеќе пати. Успеа да го направи Palermo од еден респектабилен клуб со солидна база и резултати до клуб кој ита кон Serie B. Но толку за фетишот на Zamparini.

DAIIII RAGAZZI!!! E ANDIAMO!!!



Вакви натпревари против грогиран противник веднаш после ЛШ меч знаат да бидат многу опасни! Затоа мораме максимално да се посветиме на денешниот меч и на дуелот кој следи. Allegri изјави дека ќе има 2 измени во средниот ред и една во последната линија. Во офанзива ќе започнат Boateng, Balotelli и еден од El Shaarawy или Robinho. Во средината е можно да добие старт Traore а сигурен за настап е Montolivo кој ќе игра како regista и ќе го покрие местото на Ambrosini. Во дефанзива е можно да добие настап по подолго време, нашиот Golden Boy.




Одиме на победа, одиме на убедлива победа! Што побрзо кршење на отпорот, толку полесен и поубав меч за гледање.

Кога сме кај убавите работи за гледање, ГЛЕДАЈТЕ ГО ОВА! 




Forza Milan!!!

Thursday 14 March 2013

Milano siamo noi!


Главата горе момци, се обидовме, како што кажа Макс сантиметри до целта бевме но тоа е тоа, спортски поздрав и повеќе среќа следниот пат. Не е важно сега дали Меси бил малце во офсајд, или Пике играл со рака, бидејќи Барселона ни даде 4 причини зошто моментално се едно ниво пред нас. Реално гледано не очекувавме ваков исход, но пред почетокот на онаа фантастична серија која започна во новата година апетитите ни беа задоволени, затоа што двомеч со најдобриот тим во светот во моментот можеби не беше најидеална опција за нас.
Се враќаме викендов онаму каде што застанавме, а тоа е борба за второто место (ни рипна стандардот) на табелата и освојување максимум бодови до крајот на сезоната.

10 натпревари до крајот:

Палермо (дома)
Киево (гости)
Фиорентина (гости)
Наполи (дома)
Јувентус (гости)
Катаниа (дома)
Торино (дома)
Пескара (гости)
Рома (дома)
Сиена (гости)

Малце е нереално да извадиме 10 од 10 но мое лично верување дека со 6 победи,2-3 нерешени и 1 максимум 2 порази второто место ќе биде наше. Палермо, Киево, Катаниа, Торино, Пескара, Сиена на хартија би требало да бидат 4-5 победи и некој нерешен исход, ама 5 од овие 6 екипи се во опасната зона што значи дека нема така лесно да ги дадат тие бодови.
Мое видување е дека победа против Наполи и Рома како и да се остане непоразен на Артемио Франки ќе биде клуч за остварување на нашата цел покрај освојување на колку што можеме бодови против гореспоменатите противници.
До крајот на месецот ни останува натпреварот в недела потоа следи интернационална пауза поради квалификациски дуели па за крај на месецот гостување кај Летечките Магариња.
Нема за што да жалиме момци одиме напред!



FORZA MILAN PER SEMPRE !!!

Tuesday 12 March 2013

Подготвени?


Подготвени сте за спектаклот кој ќе следи утревечер? Подготвени сте за епската пресметка меѓу двата клуба кој го одбележаа светскиот и европскиот фудбал во последните 2 декади?  Подготвени сте да играте против најдобриот тим на светот на нивниот храм пред 90.000 Каталонски грла?
Фудбалска класика во 1/8 финалето на Лигата на Шампионите, само еден од овие два елитни клуба ќе продолжи во следната рунда. Рано испаѓање на секогаш фаворизираната Барса ќе биде своевиден шок за европската јавност - шок кој тие ќе дадат се од себе да не се случи. Но за нас, вистинските Росонери продолжување на традицијата на играње на фантастични партии во европски рамки не ни е непознат поим.


Многу веѓи беа подигнати после натпреварот на Сан Сиро кога Барселона беше тотално отсечена, и најголемите критичари му аплаудираа на Милан кој под диригентска палка на Мистер Алегри успеа да направи нешто што многу екипи само го посакуваат.
Немаше многу еуфорија од страна на нашиот тренер по тој натпревар, пред се бидејќи знаеше дека тимот доби една важна битка, но војната сеуште не е завршена. Второто полувреме од овој двомеч ќе даде многу одговори за нашиот тим и ќе го трасира патот по кој оди оваа сезона. Евентуална елиминација е епилог кој не би сакале да го видиме, пред се поради тоа што ќе ни останат само 10 натпревари и премалку фудбал на највисоко ниво до крајот на сезоната.
Продолжување на европската приказна пак ќе значи многу интересна завршница на сезоната, многу поголем финансиски прилив и она што најмногу нас не засега - добар фудбал.


Нашиот херој викендов Пацини ќе отсуствува поради едно невнимание на Портанова, кој иако го оневозможи Пацо да го продолжи натпреварот неможеше да го спречи да даде еден одличен гол, куцајќи. Други поголеми рокади нема во составот и погодување на стартните 11 нека продолжи низ коментарите.
D-Day, најважниот меч за нас годинава. Барселона го има целосниот респект од нас исто како што и тие не почитуваат нас после првиот дуел меѓу овие две екипи. Но тоа незначи дека се плашиме, бидејќие НИЕ сме Милан и Милан не се плаши од никого!!!


"Нашите бои се црвена - како оганот бидејќи ние сме тим на ѓаволи, и црна како стравот кој го предизвикуваме кај нашите противници." - Х. Килпин, 1899


DAI DAI DAI MILAN !!!

Friday 8 March 2013

Genoa vs Milan


Иако сите со мислите сме на Ноу Камп на тимот му предстои едно не така лесно гостување кај нашите деловни соработници и нашиот добар пријател Прециози благодарение на кои Милан преку неколку зделки осетно го засили тимот. Макс изјави дека ќе го изнесе најсилниот можен состав не размислувајќи на дуелот на годината за нас во вторник. Балотели повторно тренира но нема да биде стартер, а и покрај изјавата на нашиот тренер се очекува и некој од Амбро,Пацини,Запата и Абате да биде одмаран за дуелот со Барса.



Во противничкиот табор пак, очите ќе бидат вперени кон Бартолачи за кого Галијани е сериозно загреан, но и кон Марко Ван Бориело кој ги "почитува" поранешните клубови Рома и Јуве но не и тимот кој го направи тоа што е тој во моментов.
Три бода ќе бидат одлична увертира за натпреварот што ни предстои, а и воедно одржување на третата позиција втора недела по ред што би значело многу со оглед на распоредот кој го имаат нашите ривали. Бод пак за Џенованите би било рамно на победа и ништо чудно и да одиграат на таа карта, затоа мора да се започне натпреварот агресивно, да се контролира топката во поголемиот дел од мечот, да се игра концетрирано во одбраната и резултатот ќе си дојде сам по себе.

Петок 20:45, Телма Џенова - Милан


FORZA MILAN !!!

Friday 1 March 2013

Борба за трето место!


Можеби во сенка на вечерашното дерби помеѓу прво и второ пласираниот тим, во сабота вечер силите ќе ги одмерат и трето и четврто пласираниот тим на табелата!!
Ова коло може многу да не издигне, но и многу да не спушти затоа мора да се победи за конечно сезонава да бидеме осамени на тоа толку посакувано трето место.
На последниот прес Макс повторно ги отвори картите и разјасни многу дилеми околу составот.
Имено Бало добил некој удар против Интер и не тренира цела недела така што нема да да биде во составот. Констант сеуште се опоравува и мали се шансите да започне утре. Ел Шарави не е 100% и доколку тој не е во состојба да почне Бињо ќе го завземе неговото место. Според нашиот тренер Нианг има падови и успони во играта и затоа е и моментално на клупата. Во одбранатата ќе има мала дилема околу тоа дали Јепес ќе го завземе местото до својот репрезентативен колега или за првпат сезонава ќе дебитира Закардо. Според мене нема дилеми и поискусниот ќе почне од старт. Мексес е суспендиран и според сите работи што ги кажа Алегри вака би требало да изгледа нашиот тим утре:

Абијати
Абате-Запата-Јепес-Де Шиљо
Ночерино/Фламини-Монтоливо-Мунтари
Боатенг-Пацини-ЕЛ92/Робињо

Мене лично Лацио ми се едно од најантипатичните тимови во лигата, и наша должност е да им вратиме за тесниот пораз на стартот на сезоната. Во продолжение и календарот за овој месец за да знаеме горе-доле каков распоред ни предстои.


FORZA MILAN !!!