Translate

Tuesday 29 January 2013

MARIO, BENVENUTO NELLA FAMIGLIA ROSSONERA!!!


Конечно добредојде за тебе Mario! По толку години нескриена љубов, ама со многу препреки меѓу нас, конечно заедно - Milan и Balotelli! "Гнилото јаболко" е нашиот нов член. Се официјализира трансферот кој сите го очекуваа последните два-три дена. Цената е 20 милиони евра + 3 милиони во форма на бонуси, што ќе рече одлична зделка на Galliani. Очигледно ќелавиот обожава да пазари од City, после феноменалните трансфери на Robinho и De Jong. Дали и овојпат пазарот ќе се исплати, засега можеме да нагодуваме, ама сите веруваме дека Balo ќе се снајде одлично во неговиот омилен клуб. Не кријам дека многу се радувам, ама и многу очекувам. Mario конечно ќе има права прилика да блесне во полн сјај, има прилика да биде лидер, има поддршка и околина во која ќе може да го покаже најдоброто. Добредојде назад во Италија, назад во Милано, овојпат во правиот клуб!



Sunday 27 January 2013

Tough one in Bergamo!



Иако очекувањата на сите од нас за утрешниот меч се големи и единствени, факт е дека не очекува тежок и тврд натпревар во Bergamo. Atalanta е една од екипите која ни ја навести ужасната есенска полусезона и го раздрма Milan на сред San Siro. Горчливото искуство уште рано во Септември, го прави овој меч своевиден реванш за нашите момци, но сега во ваква ситуација и нешто повеќе – гола борба за Европа и посакуваното трето место. Milan не смее да си дозволи киксови во вакви натпревари, во кои многумина се убедени за нашата надмоќ. Момците мора да го продолжат искачувањето кон врвот на табелата и да ја продолжат таа позитивна атмосфера. Настрана сите трансфер шпекулации и новини во ростерот, мора да се задржи фокусот на нови и нови победи. Јасно е дека никој не останува рамнодушен на сите овие сплетки кои ги читаме низ медиумите, уште помалку на заминувањата на играчи или новите фаци во Milanello.

Затоа и Max го доживуваме некако поприлично претпазливо на пресот во пресрет на дуелот со Atalanta. Тој беше дециден во тоа дека е задоволен што има на располагање млада група на играчи кои тој директно може да ги моделира и развива според своите потреби и визии. Сепак, барем мене, ми изгледа свесен за лимитот на таа група и пристапува претпазливо во најавите. Неговиот акцент во однос на играта клубот на последните натпревари беше на тоа дека Milan може да ја контролира играта во скоро секој меч и според тоа, играчите не смеат да дозволат опаѓање на концентрацијата на целата екипа што ќе го донесе во прашање позитивниот исход на натпреварот. Повлекувањето на Boa во средината е еден потег повеќе во насока на осигурување стабилност и константност. Max верува и дека голгетерскиот пост на SES е нормален за секој играч, особено за играч на негови години и дека е сигурен оти Stephan ќе почне да погодува одново. Она што мене не ми се бендиса во целиот прес е најавата за менување на формации до крајот на првенството, со цел што повеќе играчи да добијат шанса и никој да не се осеќа запоставен. Јас пак мислев дека добива шанса оној што ја заслужува, што игра најдобро и што најдобро се вклопува во основната формација на тимот. Очигледно дека клубот се наоѓа во една фаза на реконструкција, каде се бара себеси, така што може да очекуваме се и сешто до Јуни. Како и да е, само нека продолжат да победуваат.

Max повторно откри дел од стартерите за утре. Во одбраната ќе излезат Mexes, Zapata и Constant. За десно, уште стои дилемата Abate/Mattia. Во средината се очекуваат Monti-Flams-Boa, а во нападот SES и Pazzini, со опција за трет старт во низа за Niang или помалку веројатно Binho, за кој тренерот изјави дека има големи очекувања до крајот на сезоната. Zaccardo е исто така помеѓу повиканите, многу тешко дека би добил шанса. Кратко и јасно, одиме на нови три бода, нова победа, да го искористиме ова коло на киксеви кое се надевам дека ќе продолжи!


FORZA MILAN!!!

Sunday 20 January 2013

Checkpoint 21: Bologna!


Во еден поприлично нестабилен и превртлив период, да се пишуваат најави и да се прават некакви предвидувања е навистина тешко. Јасна ми е очигледната замаеност на блогов во последните 2-3 недели. Тргнувам од себе, не сакам многу да ловам во матно, особено што гледам дека матно не ми е само мене, полошо, матно им е и на оние што ги носат одлуките. Имаме една хаотична трансфер политика уште од летото, која наместо да ја одразува декларираната визија на првиот човек во клубот, раѓа нови прашалници. И веќе ништо не ме возбудува од сите овие приказни за потенцијалните засилувања. Чекам официјално известување од клубот и дури тогаш ќе почнам да размислувам дали и како тој играч ќе го подобри Milan. Толку се контрадикторни што првиот вика дека ќе се гради млад тим и ќе се купуваат само млади играчи, вториот дека официјално се преговара околу Kaka и Balotelli, а третиот дека во нападот сме комплетирани. Секој со секого си противречи. Тука има се, само јасна визија не...

Што и да се случува во следните десетина дена, ние имаме и нешто друго на памет, нешто конкретно. Првенството нема да чека ние да ја избистриме ситуацијата во клубот и да го комплетираме ростерот. До крајот на преодниот рок има два натпревари кои можат да променат толку работи што сите овие промени во екипата можат да ги направат ирелевантни. Веројатно би било џабе да се донесат и најдобрите играчи на планетата, ако Bologna и Atalanta не бидат победени. Затоа да тргнеме од утре, Bologna е прва на отстрел. Стопати сме кажале дека имаме екипа, дури и годинава, да ги газиме ваквите екипи. Ама исто јасно е дека топло-ладно перформансот на момците, не не прави комотни. Ако до пред некое време пристапувавме уверено и по малку претпазливо во ваквите мечеви, сега сме исто претпазливи, ама од тоа можеме сами лошо да си направиме, а помалку противникот.

Како и да е, пак не можам да скријам дека сум силно уверен во победа утре. Allegri дефинираше дел од почетниот состав. Меѓу сигурните се најдоа: Abbiati, Mexes, Zapata, Constant, Montolivo, SES и Pazzini. За очекување е и старт на Nocerino и Binho. Така би останале дилемите за десен бек (Abate/De Sciglio) и третото место во средината, кај што има повеќе кандидати, со предност за Boateng. Тренерот на пресот вчера накратко и со неколку добри зборови за Traore, за подобрувањето во неговата физичка спремност и за зголемените шанси за минути плус. Од другата страна, очекувано, пофалби за Diamanti, иако мене повеќе ми е страв од Gilardino и синдромот на примање глупави голови од бивши играчи во најлош момент за клубот.

Како што се гледа од текстов, збунет сум од целата оваа ситуација во клубот, помалку исфрустриран од изборот на потенцијалните засилувања, ама ако ве интересира што мислам за исходот утре... тоа е победа! Пропуштивме една шанса за мал скок пред недела дена, ќе биде се потешко и понапнато до крај, затоа дај да си земеме редот, да ги симнуваме еден по еден, да си фатиме место за ЛШ и после да имаме да прераскажуваме како во наше време еден скромен тим направил нескормни резултати. Одиме момци!


FORZA GRANDE MILAN!!!

Sunday 13 January 2013

Во поход на Marassi!


Екстремно важно гостување на Marassi за останување во чекор за трката до тоа трето место кое за сега е трка на повеќе коњи. Комшиите победија синоќа па сега сме на -8 од ЛШ и мораме да го одржуваме чекорот и амбициите. Marassi во Џенова никогаш не било лесно место за играње натпревари веројатно ниту сега, по чудната победа на Sampdoria на гости против Juventus во претходното коло. Нас нè интересираат нашите математики а тие велат дека мора да одиме на победа.
Тоа ќе мора да го направиме без Pazzini кој е суспендиран и нема да настапи. Сепак, овој меч веројатно е можно да биде одбележан како еден од најинтригантните мечеви во историјата на Milan од друг аспект, огромна е веројатноста да го имаме најмладиот напад на почетокот на еден натпревар до сега! Веројатно ќе имаме напаѓачка тројка која ќе има просек од само 20 години!!!  Уште една шлаканица во лице на сите оние кои живеат во минатото и сè уште Milan го поврзуваат со стари фудбалери. Нападот ќе биде составен од Bojan (22), El Shaarawy (20) и Niang (18) кој денес ќе го има својот прв старт во Serie A!
Во одбраната се враќа Zapata кој ќе го заземе местото на Acerbi а бековите повторно ќе бидат истите, Abate и De Sciglio. Во средината се сигурни Ambrosini и Montolivo а најблиску до третото место е Boateng.


Многу млад и се надевам многу sexy фудбал нè очекува во навалната линија! Bang Bang Niang!!!

Forza Milan!!!

Wednesday 9 January 2013

Il vero Derby d'Italia pt.2


Важен натпревар, иако нема некоја претерано голема еуфорија околу него.
Можеби бидеќи сеуште сите се во празнично расположение и не им е многу до фудбал, а и економската криза си го направи своето па мртвиот трансфер пазар целосно умре во Италија. Но што е тука е, ние како навивачи ќе си го проследиме ова дерби и ќе се надеваме на победа по можност во регуларниот дел со цел да не се истрошат многу силите бидејќи сезоната е долга а помина само половина од првенството.
Според сите изјави а и богами според резултатите Копа Италија стана натпреварување кое големите тимови сериозно си го сваќаат во последно време. Неможноста да бидат дел од завршницата на ЛШ си го прави своето, па италијанските тимови си се насочуваат кон својот двор.
Лацио вечерва истрча со еден комбиниран, но силен состав и ја победи Катанија доста лесно. Утре се очекува и двете екипи да прават комбинации во првиот состав, но косуторор на екипата да остане горе доле ист.

Amelia                    Ambrosini            Carmona
Coppola                 Nocerino              El Shaarawy
Gabriel                   Montolivo             Bojan
                              Flamini                 Niang
Abate                    Traore                  Pazzini
De Sciglio               Emanuelson
Mexes                    Boateng
Acerbi                  
Antonini

Од овие 20 повикани, Макс изјави дека Амелиа, Мексес, Ачерби и Пацо 100% почнуваат.
Во одбраната нема ни да има многу дилеми и се очекува Абате и Де Шиљо да ги завземат страните бидејќи Анте сеуште не е спремен за старт.
Средината најверојатно нема да биде иста како со Сиена, така што можно е Фламини и Урби да бидат дел од стартните 11.
Алегри изјави дека размислува околу тоа дали Бојан да биде стартер и при таква варијанта најверојатно Фараонот ќе биде седнат на клупа, бидејќи мене не ми е многу верно дека ќе играме со 3ца напаѓачи од старт на најжешкото гостување во Италија.

Еве го составот што го предвидуваат повеќето новинари:


Amelia, Abate-Mexes-Acerbi-De Sciglio, Montolivo-Ambrosini-Boateng, El Shaarawy-Emanuelson-Pazzini



За првпат по подолго време ќе пишам и некоја информација повеќе за противникот поради важноста на овој меч.
Имено Конте сака да види како Мароне ќе се снајде во улогата на Пирло и ќе го впушти него во оган заедно со Видал и Погба. Пелусо најверојатно ќе биде лево додека пак Лихтштајнер стандардно на десната страна. Касерес, Бонучи и Барзаљи ќе го сочинуваат триото во одбраната во недостаток на други комбинации. Во нападот има некои дилеми, но најверојатно 2ца од Џиовинко, Матри и Кваљарела ќе почнат.


Јас како и секогаш не сум преголем оптимист, ама сакам да има добар и фер натпревар и да победиме со гол со рака на Пацини постигнат по нафрлена топка по непостоечки корнер во 95та од 3 минути продолжение.

Sunday 6 January 2013

Let's get ready to rumble!


Буквално и фигуративно, подгответе се за rumble! Бурен, турбулентен период на самиот почеток од новата година. Се простивме со Ale Pato, можно е да се простиме и со Abate односно Robinho. Како да не беше доволно турбулентен трансфер пазарот па имавме несакана ситуација со расистички скандирања, не по наша вина. Како капак на сè, денес ја пречекуваме Siena во брутално лоша ситуација во дефанзивната линија. Од сите можни централни дефанзивци во тимот во комбинација е единствено најнесигурниот, Acerbi. Буквално сите останати се или повредени или суспендирани. Дупката покрај него според сите шпекулации ќе ја пополни момчето на сликата погоре. Уште една силна порака за вербата која клубот ја има во него! Го истисна италијанскиот репрезентативец од првиот тим, веројатно тој ќе биде и продаден поради тоа што клубот се потпира на De Sciglio за бековската позиција а еве и ќе добие за прв пат шанса во срцето на одбраната. Се надевам дека ќе биде на ниво! Доколку денес De Sciglio играше во срцето на одбраната со Nesta или Thiago покрај себе, немаше воопшто да се сомневам во неговата партија. Сепак, играта во дефанзива е специфична работа, доколку колегата се губи во простор и остава дупка зад себе, ќе трпи и другиот дел од дефанзивниот двоец. Се надевам и пред сè верувам во добра партија на De Sciglio!
Другата, помалку веројатната варијанта е да се почне со Ambro на CB. Доколку De Jong беше во комбинација, можеби тоа ќе беше првата опција. Вака, Ambro ќе биде во центарот на средниот ред.

Според Corriere ова ќе биде составот на почетокот на мечот:


Другата варијанта е со Boateng во средината, на местото на Nocerino а Urby напред, на AMR.
Со проблеми или без нив, Milan мора да оди на нова победа! Milan мора да продолжи да се искачува нагоре!

Dai Ragazzi!!! E Andiamo!!! Forza Milan!!!

Thursday 3 January 2013

Say no to racism!


Мечот меѓу Pro Vercelli и Milan беше прекинат по континуираните навреди на расна основа кон Kevin Prince Boateng од страна на мал дел од навивачите на Pro Patria! Фудбалерите, капитенот, тренерот и целокупната хиерархија на клубот стојат зад овој потег и најавија дека истото ќе се случи и во иднина доколку има навреди на расна основа, без разлика за каков тип на натпреварување се работи (Лига на шампиони, Калчо, Куп) и какви би биле евентуалните реперкусии по клубот! Milan му кажа не на расизмот!