Translate

Monday 29 October 2012

Palermo Vs Milan



Конечно по подолго време, влегуваме во еден меч со малку поголем ентузијазам (сè уште не можам да кажам, самодоверба). По тешката победа на домашен терен против Genoa, одиме на гости на Сицилија. Сицилија, особено Renzo Barbera има традиција на еден од најжешките места за гостинските екипи. Сепак, сезонава Palermo исто како и Milan сезоната ја започна доста лошо и делува многу неубедливо. Нормално, Zamparini веќе почна да сè загрева и направи една смена на тренерот (сигурно ќе има уште неколку до крајот на сезоната). Сепак, ако некогаш имало најголеми шанси да се освои Renzo Barbera, тоа е годинава. Иако Milan е во лоша форма играчки и резултатски, верувам дека токму сега е најдобро време да се украдат 3 бода во Сицилија, против Palermo кој нема вака да игра во текот на целата сезона и веројатно на останатите екипи од горната половина на табелата, ќе им биде многу потешко во понатамошниот дел од сезоната. Alexandre Pato дебитираше во стартните 11 за прв пат после цели 8 месеци и ќе има нов старт веќе утревечер. Сепак, доколку сакаме добар резултат повторно сите погледи ќе бидат свртени кон Nintendo boy.


За одбележување за овој меч е фактот што Muntari успеа да направи неверојатно закрепнување (првичните прогнози беа дури во Јануари) по глупоста на плажата и веќе е повикан за патувањето на Сицилија. Boateng сè уште има проблеми со тетивата а во аут е и De Sciglio. Ќе недостига и Nini поради повредата заработена против Genoa.


Abbiati се чувствува подобро но повторно Amelia ќе застане меѓу стативите. Формацијата повторно ќе биде 3-4-3 (а не 3-5-2 или 5-3-2, освен во дефанзива). Назад, веројатно ќе настапи истата тројка што настапи против Genoa со тоа што е можно Mexes да влета на местото од Yepes или Zapata. Неиграњето на Nini лево, отвара 2 различни варијанти. Едната е со Constant, другата е со Urby (малку веројатна поради тоа што се губи офанзивен фудбалер напред а немаме многу такви во ростерот). Montolivo е сигурен во средината а за другото место подеднакво конкурираaт Ambro и De Jong. Офанзивната тројка речиси сигурно ќе биде составена од истите фудбалери кои го започнаа мечот против Genoa ОСВЕН ако Urby се најде на LM, тогаш можно е Bojan да добие шанса на AMR од самиот старт. 
Сето ова претходно напишано, нашминкано на хартија би изгледало вака:


Тежок натпревар, грогирани противници, Сицилија од една страна но и убава шанса да се влезе во серија од друга. Верувам во момците!

Forza Milan!!!

Friday 26 October 2012

3-4-3 во недостиг на идеи...


Во очај подобро би рекол, бидејќи очигледно требаше да западне тимот во ваква мизерија па да се мисли на било каква промена во формацијата, а колку е тоа драстична промената ни кажува само во какви тешки г**** сме.
Последен пат ваква формација имало во времето на Закерони.
Да не се залажуваме, главната промена се случува назад, кадешто тројцата стопери треба да бидат усогласени, да размислуваат исто и да се бранат исто, а Ачерби,Мескес и Бонера не беа нешто најдобри во тоа, особено првиот кој делуваше изгубено цел натпревар против Малага.
Ќе треба доста време, и доста натпревари за да се воигра една ваква задна линија, а такво нешто Милан нема! Токму и затоа на ова гледам како скептик, и токму затоа на ова гледам како безидејност и менување на формација кога веќе неможе играчи и тренер.
Резултатите во Европа на Наполи и Јувентус говорат многу за товарот кој го носи оваа невообичаена поставеност на теренот, и колку пожртвуваност и напорна работа треба за да се оствари истата.
Последната изјава на Макс е дека повторно ќе игра со тројца позади, Ачерби најверојатно нема да стартува така да најверојатно Јепес ќе го завземе неговото место иако е тотално несватливо зошто на Запата не му се даде адекватна шанса.
Најверојатно Абате и Урби ќе бидат крилни бекови и ако ништо друго ќе биде интересно да се види како ќе се снајде таму Емануелсон од старт.
Пато е со сигурност стартер, а најверојатно друштво во навалниот дел од тимот ќе му прават EL92 и Принцезата од Гана.
Де Јонг е сигурен стартер покрај Монтоливо најверојатно, бидејќи е нелогично со двајца копачи да го почнеме натпреварот (Амброзини и Де Јонг)
Абијати се враќа во тимот и Алегри ќе има повеќе избор на голманската позиција.
Инаку вреди и да се спомене дека Мунтари е повикан за следниот натпревар на Примавера што значи дека е се побиску до враќање во првиот тим.

Еве го тимот за Џенова:


Abbiati, Amelia, Gabriel, Abate, Acerbi, Antonini, Bonera, Mexes, Yepes, Zapata, Ambrosini, Boateng, De Jong, Constant, Emanuelson, Flamini, Montolivo, Nocerino, Bojan, El Shaarawy, Pato, Pazzini.




Tuesday 23 October 2012

НАШИОТ FACTOR X...


      Ги гледам последните неколку натпревари на тимот и во глава ми се врти прашање за тоа како е можно вакви играчи да играат вака мизерни натпревари во континуитет. Губиш 3:0 на пола од мечот и се прашуваш, прво, како е можно од екипа која е очигледно ростерски послаба од оваа твојата да прими цели 3 гола за 50 минути, а второ, дали сега постои некој играч во тимот што може да направи нешто ова да не изгледа вака срамно, очајно, безнадежно. Иако терминот најчесто го користат за нечија способност и квалитет да се направи некаква разлика во однос на тоа што го гледаме, мене повеќе ме интересира оној дел на Factor-от X што ќе објасни што му фали на овој тим за да ја игра неговата игра. Milan се мачи на секоја можна утакмица сезонава, а рака на срце, не мачи и нас. Екипата не успеа, во ниеден меч досега, (можеби единствено против Cagliari на моменти) да наметне игра каква што им одговара. Max сезонава не осети како е да имаш релативно лесен натпревар кај што нема да ги исцрпиш своите фудбалери за следниот дуел кој доаѓа за три дена, а да не зборуваме за меч каде ќе ги одмораш најдобрите играчи. Ај, можеби ова со одморањето на играчи и не е баш некоја пракса кај нас последните три сезони заради повредите, ама сепак, ротациите што се случуваат во пресрет на натпревар кај нас се случуваат заради слаб перформанс, а не заради поштедување на играчи. И лек за проблемот сеуште не е најден, а веќе поминува и Октомври. Сите знаат, осеќаат и коментираат дека ова е недозволиво, ама никој ништо не превзема. Ниту играчите успеаа да ја срушат психолошката бариера, ниту тренерот успеа нешто тактички да промени (зборувам за промена што успеала, а не што само била испробана), ниту управата повлекла потег, било каков.

        Работите изгледаат закочено, некако се е неизвесно, исто како во Јули и Август. Тогаш не знаевме дали ќе ги продадат Ibra и TS, па потоа исчекувавме и се надевавме на трошење на тие пари на квалитетни засилувања, а сега чекаме тимот да проработи. А скорот во првенствотото е ужасен, историски срамен. Што е тоа што го мачи овој тим? Ништо, се е психолошки. Екипата беше ослабена, да не речам осакатена летово, ги изгуби сите можни предводници, а сепак се очекуваше да продолжи по некои славни стапки од минатото. Кога младиот тим не успеа од самиот старт да ја одржува великанската улога на клубот, многу лесно се почна да се растура. Не верувам дека распродажбата што ни се случи летово е одговорот за оваа ситуација. Петнаесетто место не им припаѓа на екипи што во состав ги имаат Pato, Robinho, Montolivo, Boateng или De Jong. Ниту тоа петнаесетто место ќе биде долго актуелно, затоа што едноставно е невозможно се да тече вака, на овој начин. Многу наскоро треба да има промени, а сигурно секој од нас верува и чуствува дека тие промени ќе дојдат многу, многу скоро. Зошто да не почнат уште утре, против Malaga. Factor X моментално во клубот имаат повеќе субјекти, меѓу кои веројатно не и Allegri. За жал, излгеда како човекот да пробал се и нема повеќе идеи како да го дигне тимот. Испаѓа како да нема доволно храброст да пробува уште и што е најчудно, не се однесува како давеник, како некој што се бори со последни сили да си ја спаси функцијата. И ако собереме се, многу лесен заклучок е неговото отпуштање, а тоа упорно не се случува. Сега клубот делува како без идеја чија суперсила да ја искористи, на играчите, на тренерот или на управата. Делува поразително кога клубот за кој знаеш дека е створен да победува, сега сите зборуваат со потсмев. Ама ние сме навивачи, нели, па за секој следен меч си наоѓаме по некој изговор дека овој нема да биде како последниот. Овојпат јас имам само еден: ова е ЛШ, тоа е мотив сам по себе, а и таму се снаоѓаме нешто подобро, немаме пораз, што би рекло... ова мора да е тој импулс што го чекаме!


         Allegri многу отворено настапи на денешниот прес. Откри скоро се во врска со начинот на игра, формацијата и составот. Кажа дека ќе игра во 4-2-3-1 со отворена дилема дали Pato или Pazzini да биде осамениот шпиц. Со оглед на тоа што Abate тренира одвоен од тимот и е изоставен од списокот, De Sciglio ќе стартува десно, a Nini лево. Во средината ќе биде интересно да видиме кој ќе стартува покрај Ambro во задната везна линија. Претпоставувам дека тоа ќе биде Nocerino, но нема да ме изненади и уфрлување на Flamini. Montolivo конечно на класичен advanced playmaker или либеро, по првото изоставување сезонава на Boateng од почетните 11. Десно од него Urby, а лево SES92. Единствено не беше ништо спомнато околу дефанзивниот двоец. Јас лично очекувам да ги видам Mexes и Zapata. Amelia е повторно на голот, заради бронхитисот на Abiatti. Max понатаму кажа дека пробувал и одбрана со тројца играчи, но сега не е време за тоа и е апсолутно во право со оглед на незгодната брза напаѓачка линија на Malaga. Го објасни и изоставувањето на NDJ кој имал мала повреда на колкот и го чува за викендот против Genoa. И уште неколку минути говор на Allegri во кој повикува на смиреност, бара уште малку време и помалку зборување, сака повеќе простор и играчи на располагање, кажува дека не се чул со B една недела (божем нас не засега колку често се слушаат) и слични веќе чуени работи од позната уста.

       Се на се, уште една стандардна најава со стандардни очекувања дека нешто конечно ќе тргне на добро. И пак ќе констатираме дека тимот пак ни е посилен од противникот и дека реално е да очекуваме победа, без оглед на двете победи на Malaga досега во кампањата. Една победа сега, на гости, може да значи многу, дури и активирање на Factor-от X на екипата. Јас верувам дека има сила за тоа, уште сега, за да имаме време за повеќе убави моменти сезонава.

DAI RAGAZZI, FORZA MILAN!!!

Saturday 20 October 2012

Конечно, Калчо!

Конечно после долга пауза поради репрезентативните настапи, Калчо на програмата! Иако на Milan не му оди најдобро, секој фан на клубот па и воопшто секој фан на било кој клуб во Европа, тешко го преживува овој пост на клубски фудбал.



Се враќаме на калчото со 2 дерби натпревари, за нас поинтересен оној во ударниот термин, вечерва во 20:45. Одиме на гости на Олимпико кај забревтаниот Lazio. 



Petkovic го препороди клубот на Lotito и домакините имаат игра, имаат резултати. Со други зборови, Olimpico не е баш најдоброто место за да се запре лошата серија на Milan. Сепак, со Pato во тимот а со Binho во аут, одиме на 3 бода и ништо друго. Само победи (добри или лоши) можат да ја подобрат ситуацијата во клубот и да ја дадат онаа искра на самодоверба која им недостига на фудбалерите за повторно да веруваат во себе и да можат да започнат победничка серија. Веројатната формација ќе биде 4-2-3-1 со 2-3 недоумици на Allegri околу некои места во тимот.
Главните дилеми се за 2 места во одбраната (Yepes/Acerbi и De Sciglio/Antonini) како и за 1 во средниот ред (дали Montolivo поназад со De Jong а напред Urby или Nocerino назад со De Jong а Montolivo малку понапред). Сигурно е дека Pazzini ќе започне во шпицот а Pato ќе започне на клупата.


Некогаш мора да тргне, да се надеваме дека тоа ќе биде вечерва!

Forza Milan!!!

Sunday 7 October 2012

Derby della Madonnina!


Дојде еден од двата дена во годината кои секој жител на Милано ги очекува со најголемо нетрпение. Derby della Madonnina е на тапет! Едно од најголемите дерби натпревари во светот, веројатно најголемото градско дерби во светот! Сепак, од друга страна, културно и стабилно дерби, како на теренот така и надвор од него! Милан и Интер и покрај тоа што секогаш биле најголеми ривали, апсолутно секогаш покажувале дигнитет во меѓусебните дуели, како на трибините така и меѓу фудбалерите. Derby della Madonnina е место каде што навивачите на двете екипи никогаш, апсолутно никогаш не потфрлуваат со своите претстави на двете страни од San Siro! Сигурен сум дека и вечерва трибините ќе бидат мелем за очи, школа за многу други екипи, првенства и навивачи низ светот!


Првото дерби сезонава ќе биде зачинето и со изнудената трампа меѓу двете екипи, во Милан дојде Pazzini а кај комшиите замина un cuore ingrato. Токму тој може да биде на тапет на Curva Sud вечерва, истата онаа Curva Sud која пред само 2 сезони ја направи една од најубаво осмислените кореографии на еден спортски натпревар било кога направени, за една слична ситуација:


Според позицијата на табелата па и според играта комшиите овојпат се благи фаворити. Се наоѓаат погоре на табелата, имаат повеќе позитивни резултати па ако сакате и посолиден ростер на располагање. Кај нив ќе недостасува Sneijder, кај нас Pato а имаме уште неколку фудбалери кои не се доволно фит а се во комбинација. 
Allegri се двоумеше да менува формација за да може да парира во средниот ред (тие играат со 3+2 во средината) но се чини сепак ќе остане на широката, разновидната 4-2-3-1 во која двајцата централни фудбалери во средниот ред ќе треба да добиваат многу помош како од нападот (El Shaarawy, Boateng, Urby) така и од одбраната (бековите).
Кога сме кај бековите, се очекува да добие старт Mattia De Sciglio кој сепак интересно, веројатно ќе добие шанса на лев а не на десен бек (што значи најдобриот асистент на Militto од последните мечеви сепак ќе игра). Се зборува за уште една промена во срцето на одбраната (Yepes) која мене лично ми е целосно неразбирлива! Средниот ред и нападот ќе биде оној што се очекува со потенцирање на тоа дека најверојатно Bojan наместо Pazzini ќе добие старт. Графички, тоа би требало да изгледа вака:


Во нашиот тим, во цела Италија па и во половина Европа (барем во стручната јавност) во фокус ќе биде суперсоничниот, мал фараон. Момчето кое има постигнато неверојатни 5 гола во последните 10 дена а притоа успева на секој натпревар да биде во оние кои најмногу истрчале на теренот! Фантастичен талент со извонреден work rate, вистинска реткост!


Мaлото треба да добива помош пред се од Boateng, Bojan и Montolivo во нападот а тој несомнено ќе помага на De Sciglio во одбрана по таа лева страна (на последниот одигран натпревар во ЛШ против Зенит постигна ретко убав гол а успеа и да истрча преку 12 km).

Кога сме кај Bojan, со него во тимот, Милан добива на флуид, разновидност, непредвидливост и помош во дефанзива од една страна а губи пред сè цврстина и чувство за гол напред (нешто што го добиваме со Pazzini). Всушност, играњето на Bojan на CF повеќе им користи на оние тројца зад него отколку на самиот Bojan. Одбраната, барем поголем дел од неа ќе биде повторно крш и тоа е она што најмногу ме загрижува. El Shaarawy и Urby ќе треба повеќе да ги притискаат Zanetti и Nagatomo за тие да си седат повеќе назад бидејки во широки 5 во средина на Интер, Милан ќе има огромни проблеми со само 2 класични midfielder-и во средината на теренот.

Кому му треба друго дерби, вечерва е Derby della Madonnina!!

Forza Milan!!!


Wednesday 3 October 2012

На мегдан во Санкт Петербург

Клише на секој спортски новинар деновиве кој ги подготвува своите анализи и математики во однос на денешниот натпревар му се три збора во иста конотација (Зенит-Милан-криза). И најголемиот росонер мора да признае дека денешниве момци се далеку од оние не така далечни времиња, што не е причина да бидат запоставени. Напротив, поддршката е повеќе од потребна. Навикнати сме на големи апетити кога станува збор за ова натпреварување, па без разлика кој истрчува на терен, прво и најбитно е безрезервна борба, а потоа резултатот да си дојде сам по себе.

Колку и да мразам било какви споредби мегу тимови (општо), морам да изнесам една разлика која во моментов прилично се истакнува. Додека Милан почнува да функционира како еден, сосема спротивното се случува во спортивниот табор токму поради  новонаправените трансфери. Огромните пари вложени во т.н Хулк (рака на срце, одличен напагач но премногу,премногу препотентен за играч кој има настапувано во 2 просечни лиги) и Витсел прават раздор во екипата што резултира со огромен пад на формата (верувам запознани сте и нема да навлегувам во детали)

Изборот на повикани играчи речиси не се разликува од оној од пред 4 дена. Како што ке биде и цела сезона, остануваат 'стандардните' недоумици, особено во одбраната. Абате или Де Шиљо на десен бек, Антонини речиси сигурен на лев, а за централен пар најверојатно стартуваат Бонера и Мексес (највеке поради искуството во ЛШ)

Абиати
Абате-Бонера(Запата)-Мексес-Нини
Ноче-Де Јонг-Монтоливо 
Боа-Пацо-Ил фараоне

Нема играч кој во моментов би му го земал местото на Ел Шарави. Брилира последните натпревари (на секој дел од теренот) и апсолутно заслужува секаква доверба и поддршка. Секоја добра партија на оваа сцена, ја крева неговата цена. Како руските и арапските магнати едвај чекаат да ги пуштат пипците накај Милано кон него, но проследени со изјави како на пример El Shaarawy non si tocca и слично. Знаеме дека тој го живее моментот и од слични шпекулации нема ништо. 

Овој дуел по мене воопшто не доаѓа во лошо време како што тоа повекето го мислат. Прво затоа што притисокот над Алегри е значително намален, второ затоа што рускиот шампион не игра на нивото на кое се очекува, трето затоа што на север сеуште нема остри температури и четврто затоа што голем број поединци се желни за докажување на европско тло.


Вистински момент за прва победа во натпреварите по групи и олеснување на патот кон втората рунда. Време за пробив на новата генерација со седумкратно шампионско педигре. 

      FORZA MILAN!