Translate

Wednesday 20 June 2012

Calciomercato II

Франческо Ачерби


24 годишен дефанзивец кој ни доаѓа од Џенова виа Киево на добро познатиот начин.
Беше дел од тимот на сезоната заедно со најдобриот дефанзивец на светот и ако Тиаго остане ќе го имаме според некои најдобриот дефанзивен тандем во Серија А. Мада + Мексес мислам дека сме рамо до рамо со Киелини,Барзаљи и Бонучи, евентуално Тиаго се издвојува пред сите овие и ја прави разликата.
Сума сумарум, добар дил според мене.


Кевин Констант

25 годишен играч за врска кон ни доаѓа од горенаведените тимови. Како што прочитав се работи за едногодишна позајмица. Јас малце го имам гледано и многу заклучоци неможам да давам ама со оглед на тоа дека Констант е земен за замена на Мунтари кој ќе го нема добри 6-7 месеци тогаш ајде нека му биде. Мада според мене еден Велосо кој игра солидно на Европсково мислам дека можеше да биде земен без многу потешкотии.
Друга нејасна работа од целиов дил ми е што еден Фламини е ослободен од обврските, а па во меѓувреме ние земаме еден ваков гремлин.
Вреди да се напомене дека по овие 2 трансфера нашиот тим драстично ќе стане погрд.
Ај да не ломотам многу за него, пошто последниот играч кој дојде како замена за повреден играч беше откритие на сезоната со 11 гола.

П.С. Мунтари потпиша нешто со нас или слободен агент е ?