Translate

Tuesday 29 May 2012

EURO 2012!!!



    Во годините кога светската спортска јавност со нетрпение го очекува палењето на олимпискиот оган и почетокот на најголемиот спортски собир - Олипмиските Игри, УЕФА исто така го нуди своето најдобро. За некои само како загревање за Лондон 2012, за други како летна спортска кулминација. ЕУРО-то го знаеме како поскромниот, помалиот и помладиот братучед на Светскиот Куп, но годинива, Platini реши да оди и чекор подалеку. Да го направи уште поскромен, финансиски полабилен и безбедносно неизвесен. Со неколку збора, реши да ја тестира УЕФА наспоти навивачкото насилство (полските ултраси) и политичкото влијание (украинските политичари) истовремено. Исходот – просечно првенство, медиумски напумпано, што ќе значи  аргумент повеќе за нов мандат на Michelle. Нејсе, нас не интересира фудбалот...
         Подготовките за првенството веќе се во завршна фаза. Се играат последните две рунди на пријателски натпревари, а селекторите веќе ги објавија дефинитивните списоци на репрезентациите. Годинава, барем засега отсуствуваат бомбастичните вести за повреди на големи ѕвезди непосредно пред почетокот на првеството. Можеби најголемиот фаворит, бранителот на тронот Шпанија настрада најмногу и ќе нема на располагање двајца играчи кои беа меѓу најзаслужните во освојувањето на европскиот и светскиот фудбал врв. Villa и Puyol се веројатно најзвучните имиња кои нема да ги осетат терените низ Полска и Украина, барем засега, на 12 дена од премиерата во Варшава. Неутралните, реалните фанови, па и кладилниците (не сакам билтен да им видам :)) се категорични – Шпанија е најголем фаворит! И се во право. Видете го само составот... Но сме рекли илјада пати дека составот не го добива првенството, туку перформансот на играчите, спроведените замисли на селекторот, ама и фортуната, напредната технологија што пак ќе ја нема и вишата сила – волјата на судијата! Дека најдобиот состав не гарантира пехар, годинава сакаат да докажат и неколку други репки. Пред се Германија со суперсилната, талентирана и мотивирана генерација, светскиот вицепрвак Холандија, зрелата за успех Англија, секогаш силната Франција, потценетата Италија и Cristiano Ronaldo и Ibra како екипи сами по себе. :) Домаќините со свои амбиции, Пољаците целат на малото финале (се пресмеав), а Украинците само да ја поминат тешката група.
      Без можност да се навива за својата репрезентација, секој од нас со свој фаворите меѓу европските великани. Иако грото фанови кај нас се очекува несебично да им ја дадат својата поддршка на јужните соседи во групата А :), блогов претежно ќе носи друг син дрес, аѕурен. Иако бесцелно е да се расправа кој за кого и зошто ќе навива на ЕУРО12, кога во муабетот ја нема Македонија, јас останувам на тоа дека поддршката за италијанскиот состав е логичен тек на активностите на блогов – верноста кон Milan. Како и да е, интересно би било да се спротистават мислењата и да има малку подбивање, зашто ретко имаме прилика за тоа. Јас, како и секогаш, од кога знам за себе, ќе се препуштам на чувството што ме обзема кога ја гледам la nostra nazionale. Верувам во тие момци и покрај се што се случува деновиве. Сакам кога ги потценуваат, кога ги отпишуваат и им се смеат во лице. Сакам, затоа што ме потсеќа на едно СП, заедно со calciopoli и траумата со Pessotto, на антологиското “andiamo a berlino”, на Grosso vs Barthez, на најубавите навивачки моменти што сум ги доживеал. Месец дена, само за уживање во најдоброто фудбалско што го има Европа!


VIVA LA EURO!!! FORZA ITALIA!!!

Friday 25 May 2012

Benvenuti !!!

Почнуваме со најмладиот и најновиот:


19 годишно момче од Крузеиро кое брани за младата селекција на Бразил.

Се претпоставува дека дојде за околу 440.00 евра и мислам дека ни е најскап голман што сме го купиле по подолго време (Амелија мислам дека го земавме со некои расчитување на co-own договори).
Ќелавиот потврди дека ќе ни биде трет голман и дека најверојатно завршивме тргувањето со голманите за ова лето.



Bakaye Traore 

27 годишен дефанзивен играч за врска кој ни доаѓа од Нанси за џабе.
Импресиноираше на ACN годинава и токму тоа беше неговата најголема препорака за да дојде кај нас (и башка беше гага)
Постигна неколку спектакуларни голови пред крајот на сезоната како мало загревање за новиот предизвик кој му предстои.



Ricardo Montolivo  

27 годишен универзален centrocampista и репрезентативец на Италија  кој ни доаѓа од Фиорентина каде и беше капитен.
Галијани изјави дека се обиделе да го потпишат уште кога имал 10 години но тогаш неговите родители одбиле било каков трансфер.
Растеа заедно со Џампаоло Пацини низ младинскиот тим на Аталанта каде правеа ршум (на Менаџер барем) и потоа заедно заминаа за Виола, и по авантуарата на Пацини во Самдорија сега дојде ред долгогодишните соиграчи да бидат лути ривали во најголемото градско Дерби во светот.
И тој дојде за гага а најави за неговиот трансфер имаше уште од минатото лето.

Со надеж дека за една недела ваков сличен пост ќе му посветиме и на еден Холанџанец го завршувам постов.


Добредојдовте во ФАМИЛИЈАТА момци!!


FORZA MAGICO MILAN !!!

Friday 11 May 2012

Емотивно неделно попладне

Сан Сиро ќе блика од емоции во Недела! Ден кој дефинитивно ме потсетува на мечот против Фиорентина пред неколку години и тој последен натпревар на Il Capitano. Ми се насолзија очите тогаш, сигурен сум дека ќе ми се насолзат и во Недела. И не, не поради загубеното скудето! Не поради титулата која ја испуштивме во последните неколку кола, поради нешто што вреди многу повеќе од една титула, поради нешто што вреди многу повеќе од еден добар или лош резултат, поради нешто што Милан го прави она што всушност е, Семејство! Во Недела за последен пат ќе ги видиме во светиот дрес неколку фудбалери кои ги задолжија црвено-црните навивачи, го задолжија Милан, го задолжија светскиот фудбал! Противникот и резултатот е неважен, во Недела се’ е заради нив:
Се сеќавам одлично на денот кога дознав дека римјанинот доаѓа во Милан! Се радував како мало дете, знаев што ќе значи тоа за мојот тим во иднина! Не погрешив! Заедно со неговиот долгогодишен партнер во потесната одбрана на Милан, Il Capitano, Nesta ќе остане запаметен како еден од најдобрите, со сигурност најпрефинетите централни дефанзивци во светот! Целата кариера ја одигра на фрапантно високо ниво, кариера во која немаше никакви осцилации во формата, кариера во која се враќаше после тешки повреди и секогаш беше на ниво кое само нему му прилега! Подеднакво одличен во дуели на земја и во воздух, против спринтери и тешкаши, во лизгачки стартови и чисто одземање на топката! Подеднакво добар во дефанзива и во префинетост! Кога Il Capitano беше диригент на одбраната на Милан и на италијанската репрезентација, тогаш Неста беше прва виолина! Кога Il Capitano ги закачи копачките, му ја предаде диригентската палка нему и тогаш првата виолина покажа дека може да биде извонреден диригент! Сега таа палка се префла во нови раце, одлични раце, најдобрите во моментов во светскиот фудбал! Бевме благословени во исто време да ги гледаме еден покрај друг веројатно најдобрите двајца дефанзивци во историјата на фудбалот! И на залезот од својата кариера го стави во џеб најдобриот фудбалер на денешницата, го фрустрираше и во натпреварите по групи и во елиминациите. Само еден е Nesta! Ти благодариме за сите прекрасни моменти Sandro!!! Ако тој пред него беше господар пред својот гол, овој господин е предатор пред противничкиот гол! Еден од најголемите предатори пред противничкиот гол во историјата на фудбалот! И не, нема апсолутно никакви предиспозиции за тоа! Никогаш не важеше за брз фудбалер, никогаш не важеше за добар техничар или одличен играч со глава! Никогаш не важеше за фудбалер кој има силен шут но имаше нешто што никој на светот не го поседуваше во толкава мера како него, вродено чувство за гол! Тоа вродено чувство за гол и таа напорна работа со која ги анулираше сите претходни недостатоци во својата игра, му донесоа енормно голем број на голови!
Во текот на целата негова кариера, Super Pippo беше задеван, не ретко и исмејуван но тој продолжуваше да дава голови! Со голови ги замолчуваше сите зли јазици, со статистиката не им даваше шанса на полупрофесионалните спортски работници да продолжат со критики кон него а оние аматери кои сепак ќе се осудеа да продолжат делуваа уште посмешно после секој негов следен гол. А ги имаше многу! За него се зборуваше многу, за него се кажаа неколку историски изреки. Сер Алекс Фергусон изјави дека Super Pippo е роден во офсајд. Сепак, веројатно изјава која најмногу ја доловува неговата кариера е веројатно онаа што самиот Super Pippo ја изјави:
Слика која веројатно е најпрепознатлива за него...
Фудбалерот кому ЛШ му беше национално првенство! Seedorf беше комплетен фудбалер од средниот ред, во неговите најдобри години, совршен во секоја смисла. Фудбалер кој подеднакво добро играше одбрана, правеше извонредни додавања, шутираше слободни удари и испраќаше вистински бомби од далечина. Со текот на годините, физичката спремност полека но сигурно го напушташе, не беше подвижен како што навивачите беа навикнати да го гледаат во претходните сезони и неретко доаѓаше до отворен судир меѓу него и црвено-црните на трибините. Но тогаш доаѓаше важен натпревар од ЛШ или од Калчото и тогаш недвосмислено, Clarence го поведуваше танцот! Фудбалер кој и кога беше во поодминати фудбалски години беше најлогичната варијанта за да се победи тежок дерби натпревар. Тоа го знаат Bayern, тоа го знаат Man UTD. Вистинска класа од човек на и надвор од теренот. Еден од оние кои најмногу им помагаа на новите фудбалери во тимот, вистински духовен татко во соблекувалната и човек кој седеше спроти Нелсон Мандела. Фудбалер, макенен, хуманист, сопственик на фудбалски тим и спортска формула, тоа е Clarence Seedorf! Навивачите на Milan нема никогаш да ги заборават солзите во Атина голем човеку! Воинот! Фудбалерот за кој во 90тата минута како да почнуваше мечот!
Веројатно фудбалски најхендикепираниот фудбалер кој успеал да ги достигне височините, рамо до рамо со мајсторите на фудбалот! Човекот кај кого токму тие „мајстори на фудбалот“ мораа да положат испит за да се нарекуваат така! А ретки се тие што успеваа! Gattuso беше фудбалер со нескротлив и на моменти пренагласен темперамент но тоа добро го знаеја и прифаќаа мноштвото од судиите и противничките фудбалери! Сите тие знаеја дека сето тоа е резултат на пасијата со која популарниот Gennaro влегува во секој следен натпревар, пасијата кон спортот што го игра со срце! Фудбалерот за кој никогаш немаше загубена битка, на теренот и во животот! Forza Gattuso!!! Во Недела не е натпревар за Milan, во Недела не е натпревар за Novara, во Недела е натпревар само за нив! Во Недела завршува една ера! Започнува нова! Forza Milan!!!

Saturday 5 May 2012

Уште две финалиња...

Уште 2 финалиња, уште два натпревари до окончувањето на оваа сезона. Сезона исполнета со подвизи и падови, повреди и херојски настапи. Наша обврска е да ги победиме нашите натпревари па што биде нека биде. Како што реков и претходно, само со победи во серија на сите натпревари до крајот на сезоната фудбалерите и стручниот штаб ќе можат да се оддолжат на навивачите а навивачите нема да можат да негодуваат за посветеноста на тимот. Првиот од тие два натпревари е дуелот на поделениот Милано. А Милано освен по боите на клубовите е поделен и по емоциите, шансите и оптимизмот. Додека црвено-црниот дел од Милано е во блага еуфорија поради двата бода кои Лече успеа да ги откине на Јувентус арената, сино-црните се под земја, длабоко разочарани од поразот на Енио Тардини и од загубените шанси за учество во Лигата на шампионите во следната сезона. Сепак, станува збор за дерби а во такви натпревари апсолутно никогаш на ништо не можеме да се потпреме во шпекулациите и прогнозите. Нас не’ интересира само победа, Нас не интересираат само 3 бода кои ќе бидат доволни во најмала рака да го одржиме притисокот врз Јувентус во пресрет на последниот викенд во Калчото а со малку повеќе среќа, како наша така и на Каљари претходно, можеби тие три бода ќе значат и враќање на врвот на табелата. Интересно е тоа што и Јувентус а и Милан посакуваа натпреварите да се одиграат во ист термин но федерацијата го одби тоа така што Јувентус ќе му гостува на Каљари во Трст утре во 15:00 а ние ќе го играме дербито во 20:45, значи пред почетокот на „нашиот“ натпревар ќе знаеме на што сме во однос на Јувентус. Дали тоа ќе донесе психолошка предност или хендикеп ќе видиме утревечер. Столбот на нашата одбрана и столбот на нашиот тим сепак, нема да биде способен да помогне и на овој натпревар. Иако се очекуваше да се врати токму против Интер, Алегри спомена дека иако O Monstro кондиционо се чувствува способен да игра сепак чувствува болки на лузната која што е направена при интервенцијата и затоа ќе го пропушти и овој меч. Затоа Неста ќе стартува во одбраната а покрај него ќе застане еден од Мексес и Бонера. Десно Абате е сигурен но затоа лево имаме непознаница. Антонини (кој игра одлично во вториот дел од сезоната и е далеку подобар од Абате во текот на целата сезона) има некоја незгодна повреда па и тој го пропушта овој меч. Во негово отсуство има неколку варијанти за таа лева бековска позиција (Месбах, Бонера па дури и Де Шиљо). Средниот ред ќе биде составен од MVB, Ночерино десно а бившиот интеровец Мунтари, лево. Пред нив ќе застане Боатенг а има дилема околу партнерот на Златан во нападот, Касано или Робињо. Доколку јас се прашувам (а сигурно и Алегри) Касано без проблеми би стартувал но тука има многу комбинации во прашање пред се’ во неговата подготвеност да одигра неколку натпревари во серија од старт по она низ што помина. Тоа стокмено формациски би требало да изгледа вака:
Јас сакам 2 победи до крајот на сезоната. Без разлика како ќе заврши таа! Forza Milan!!! P.S Секоја чест за момците! Заслужуваат! Forza Milan Indonesia!

Wednesday 2 May 2012

НОВА ПОБЕДА И НОВА НАДЕЖ!!!

        Уште еден нов и краток пост од мене... Atalanta е новиот противник на момците на Allegri. Ја пречекуваме на San Siro, со познатите пријатни и непријатни околности што не следат цела сезона. Atalanta, која долго време беше најпријатното изненадување во Калчото заедно со Catania. Сме коментирале неколку пати, а и при првиот дуел годинава дека се исклучително незгодни и дека со тие бодови што им беа одземени, ќе беа уште понезгодни и помотивирани, можеби борејќи се за излез во Европа. На првиот меч во Јануари беше 0-2, ама сигурно се сеќавате како се одвиваше тој меч и дека тоа беа тешко освоени 3 бода. Сега многу работи се поинкави, апетитите се драстично изменети. Гостите ќе играат за престиж, а ние за титула. Ама и Bologna играше за престиж, па се случи што се случи. Максимално залагање до крај (колку е тоа мотивациски изводливо), победи до крај и надеж... Друг начин не постои!
Повикани се следниве: Abbiati, Amelia, Antonini, Bonera, De Sciglio, Mesbah, Mexes, Nesta, Yepes, Ambrosini, Aquilani, Boateng, Flamini, Gattuso, Muntari, Nocerino, Van Bommel, Cassano, El Shaarawy, Ibrahimovic, Maxi Lopez, Robinho.

       А од овие момци, Max веројатно ќе комбинира состав сличен на оној од пред три дена. Во одбраната ќе го нема Abate, така што De Sciglio е во најдобра позиција да го одигра вториот првенствен натпревар во светиот дрес. Nesta ќе стартува, но кој ќе биде негов партнер ќе знаеме веројатно дури пред почетокот на натпреварот. Nini е лево прва опција. Во средината се сигурни MVB и Muntari, а и Nocerino веројатно ќе се врати помеѓу стартерите. Boateng ќе биде на CAM, а партнер на Ibra ќе биде SES или Binho. Уствари кога ќе видам пак, и не е нешто сличен на тој од Неделата :) Како и да е, одиме на нова победа, по можност повторно убедлива, па поспремни да го дочекаме големиот ден - Дербито! И секако, се надеваме дека Lecce ќе се надмине себеси!


FORZA MILAN!!!