Translate

Sunday 29 April 2012

Само победи до крај!!!


Тоа е единствениот рецепт за достојно завршување на сезоната! Нешто не штима во таборот во Миланело, тоа се чувствува и во изјавите и на теренот. Премногу шпекулации, за тренерот, за актуелните и за евентуалните нови фудбалери. Премногу шпекулации на сите нивоа во клубот! Смиреноста што Милан ја демонстрираше со декади наназад во однос на шпекулациите околу staff-от, вештачки или не, недостасува. Шпекулациите не застануваат на Алегри, продолжуваат кон Браида, Тоњацини па дури и Галијани! Како капак на сè дојде и интервјуто на Фламини! Во ваква ситуација тешко се игра!
Како и да е, обврска на тренерот и играчите е да го дадат најдоброто од себе! Дали тоа ќе биде доволно за победа на незгодното гостување во Сиена, ќе видиме во 16:50.
Иако здравствениот билтен е во далеку подобра состојба од поблиското минато, повторно ќе недостигат Урби, Сидорф и Тиаго Силва кој сè уште не е фит. Пато влегувал во натпреварувачки ритам но нема да се ризикува со него! Тимот е познат, еден од Бонера и Јепес ќе застане до Неста, еден од Стефан и Касано ќе застане до Златан а Боа ќе почне од старт. Останатото е прилично јасно. Одиме на победа, лесна-тешка, ПОБЕДА!
Forza Milan!!!

Wednesday 25 April 2012

GENOA, ЗА ВЕШТАЧКО ОДРЖУВАЊЕ ВО ЖИВОТ!!!


     После Barcelona, ние сме веројатно навивачите и клубот воопшто на со нај "down" расположение во моментов. И во такви услови, по само три дена од последното разочарување треба да одигра и одгледа нов меч, сличен на претходните, сличен на најголемите горчливи искуства сезонава. Денешниот противник ептен потсеќа и на Fiorentina и на Bologna, со таа разлика што минатите противници немаа непријател во сопствените фанови. Еден од факторите што може да делува на играта и на целиот тек на натпреварот. Џеновјаните сигурно дека нема да сакаат нов пораз денес, но свесни се за реалната сила на противникот и шансите за изненадување што би требало да ги "смири" со нивните навивачи.
       Ние од друга страна можеме само да се надеваме на чудо на аутсајдерите и достојно привршување на нашата кампања. За мене моментално е доволно момците да покажат карактер и да ја вратат играта од пред месец дена, па што биде. И да не се освои титулата, барем чесно да се предаде со борба до последното коло. Што биле причините за евентуалниот неуспех и кој се придонесол во него, ајде да зборуваме кога нема да можеме да зборуваме за натпревари, после крајот на сезоната. Уште една многу важна работа за нас е и Дербито што следи, така што без оглед на се, играта мора да се држи на високо ниво. Нема да должам повеќе, затоа што ниту има многу време до мечот (18.00), ниту искрено имам многу желба и инспириација за пишување. Ова беше колку да не остане блогот без пост...
Повикани: Abbiati, Amelia, Abate, Antonini, Mesbah, Nesta, Yepes, Aquilani, Boateng, Emanuelson, Gattuso, Merkel, Muntari, Nocerino, Strasser, Van Bommel, Cassano, El Shaarawy, Ibrahimovic, Maxi Lopez.
       Boateng се враќа во составот и деректно влетува во стартни 11. SES најверојатно ќе му биде партнер на Ibra, но можен е и старт на Cassano. Yepes ќе го замени Bonera и заедно со Nesta ќе бидат пред Abbiati. Abate и Nini лево и десно. Во средината MVB, Nocerino и дилемата меѓу Gattuso и Muntari. Нема да ме зачуди ако Max калкулира и со Boa, па го стави Urby на AMC.

     FORZA GRANDE MILAN!!!

Saturday 21 April 2012

CAPOLISTA... PIU LUNGO DI 5 ORE!!!


     
Тоа е она што сите го сакаме и за што желно го исчекувавме викендот. Да застанеме на врвот и да останеме таму подолго од 5 часа. Се доведовме до ситуација каква што имаме, да навиваме за други како за свои и да го мразиме Juventus што игра одлично во серија. Ама да ги заобиколам слушнатите коментари дека треба да се победи се до крајот и да се чека киксот на ривалот. Трагедијата од минатата недела го згусна распоредот до крајот и сега во 14 дена ќе се одиграат дури 5 кола. Којзнае дали е тоа добро или лошо... Претпоставувам не не воодушеви со оглед на чести повреди на нашите играчи и челичните јувентини. Сепак, ова би дало уште поглема вредност на евентуалната титула.
     Во пресрет на дуелот кој навидум изгледа добиен уште пред да започне, покрај стандардната горчина што не обзема гледајќи го болничкиот биланс на екипата, отскoкнуваат двете добри вести за враќањето на MVB и Abate. И двајцата би требало да бидат стартери, што ќе значи многу за Max, кога се наоѓа во перманентна ситуација за кубури со дефанзици, а особено со везњаците. Покрај нив, во составот дефинитивно ќе се најдат и Nesta и Antonini назад, Nocerino и Muntari во средината и Ibra и Robinho напред. Двете дилеми на Max се однесуваат на втората стоперска позиција, каде поверојатно е дека ќе стартува Bonera, како и најпроблематичната позиција сезонава AMC. Urby или Seedorf? Моја одлука би бил Urby, затоа што сакам да видам брз и динамичен фудбал со многу голови во мрежата на Agliardi и решен уште во првиот половина час.

      Веројатно повеќе заради избегнување на потценувањето на противникот, Allegri кажа дека Bologna не доаѓа да ги поклони бодовите на San Siro, туку очекува дека ќе играат за победа. Побара и максимално сконцентриран и сериозен пристап, нешто што се подразбира што го знае цела екипа. Неиграњето на првиот голман на екипата често подразбира проблеми за одбраната, па отсуството на Gillet утре се надеваме дека би можело да им ја олесни задачата на нашите напаѓачи. Баш како што тоа беше и на првиот меч на екипите сезонава и еден од најлошите настапи на Amelia на голот на Milan. Кај Bologna повредени се уште и Cassarini, Crespo и Krhin. Мада знам дека малку ни е битно тоа...
      И додека го читав постот пред да го објавам, многу ме потсети на оној што го пишував за мечот со Fiorentina. Реално, нема некоја голема разлика освен најбитната, најголемата – да се победи. Овојпат навистина! Juve нека ужива во последните часови како лидер!!

FORZA MILAN E FORZA ROMA!!!

Friday 13 April 2012

Milan - Genoa



По тешката победа на гости против Киево на домашен терен ни доаѓа уште една Фиорентина, екипата на Џенова. Екипата на Џенова исто како и Фиорентина има екипа која не заслужува да се наоѓа во битката за опстанок а тие екипи се најопасни. Веќе немаме право на кикс до крајот на сезоната и мораме да победуваме на секој следен натпревар, без разлика на сите проблеми со кои се соочуваме.
За разлика од претходниот натпревар против Киево сега немаме фудбалери кои се под суспензија. Сепак имаме неколку кои се на само еден жолт картон од суспензија (Златан, Мексес, Сидорф и Замброта). Сакате да погодувам дека Златан ќе добие жолт картон на натпреварот пред дербито?

Списокот на повикани и очекувани стартни 11 изгледа вака:



Како што можете да забележите дел од оние кои се повикани сепак не се во натпреварувачки ритам (во прв план, Мексес) па поради тоа почетните 11 најверојатно ќе почнат со Јепес како централен дефанзивец, Бонера десно, Урби на AMC и веројатно Стефан како придружба на Златан во самиот шпиц (се разбира ова е со одредена резерва, доколку не се појават и нови повреди вечерва и во текот на утрешниот ден).
Не очекува нов тежок натпревар, мораме да победиме! А за хејтерите...



Tuesday 10 April 2012

Една вечер во Верона


Само победа и ништо друго се прифаќа до крaјот на сезоната.
Логичен став кога сме во ситуација ние да бркаме некој наместо да бидеме бркани.
Притисокот е сега на Јувентус да киксне (сеште верувам дека до крајот на сезоната ќе доживеат барем еден пораз и еден недереш резултат) но Макс кажа, нас не интересира нашата игра, нашите резултати а ако Јуве ни даде шанса до крајот ќе ја искористиме.
Ако се осврнеме кон традицијата магарињата нема многу што да бараат вечер против нас, ама моменталната форма (4 натпревари без победа) како и здравствениот билтен кој никако не успевам да го скријам моите постови говорат друго.
Последно е дека Мексес и Урби нема да играат.
Колку е ова веродостојно незнам, само знам дека составот ќе таков што ќе мораме да се тресеме и надеваме на некој индивидуален потег на Ибрахимович или Робињо на пример.
Нема многу што да го должам само ќе ги напишам повиканите играчи.


Abbiati,Amelia,Piscitelli
De Sciglio,Mexes,Nesta,Yepes,Zambrotta
Emanuelson,Flamini,Gattuso,Muntari,Nocerino,Strasser,Seedorf
Valoti,Cassano,El Shaarawy,Maxi Lopez,Robinho,Ibrahimovic




FORZA MILAN !!!


Friday 6 April 2012

ВРАЌАЊЕ ВО КОЛОСЕК ЗА ОДБРАНА НА СКУДЕТОТО!!!



Додека Kuipers го приведуваше кон крај неговиот животен натпревар на Camp Nou во Вторникот, веројатно сите ние пробувавме сиот тој гнев собран од него да го пренасочиме во сталожено размислување на само една работа – одбраната на Скудетото. Ги премотавме сите наши натпревари до крајот на сезоната, експресно ги анализиравме противниците, ги разгледавме опциите каде Juventus би можел да киксне и дефинитивно да ни ја подари титулата порано одошто реално ја очекуваме. Дури и пробавме телепатски да ги смириме нашите момци, убедувајќи се сами себе дека циркусот од Camp Nou веројатно нема да влијае врз перформансот што треба да следи во Сабота. Било па поминало велат, па така нека биде и овојпат, иако не забораваме (не само ние, туку и навивачи на многу други клубови). Само се надевам дека брзо ќе дојде време кога ќе гледаме како убавиот фудбал и феноменалните играчи на Barca самостојно победуваат и освојуваат титули. Заради убавото во фудбалот...
Нас тоа веќе не не интересира, нека му ја мисли Chelsea :) Нас не интересира Fiorentina и уште петте наводно лесни противници до Дербито за кога ја планираме прославата на новото Скудето. Замислете само, со победа против Printer им правиш “in your face” на Juventus и одново го гледаш ова:


Ај да се вратам на Viola... Сенаоѓаат во ужасна ситуација, дури 17ти на табела што теоретски значи дека се борат за опстанок. Сепак се на 5 бода пред Lecce што не е ни малку, ни многу во ваква ситуација. Искрено не би сакал да ги видам во В, затоа што би било премногу за италијанскиот фудбал после испаѓањето на Sampdoria да остане и без екипа како Fiorentina во елитата. Тоа се екипи што играа во ЛШ (или барем квалификации) пред 3-4 години, да не забораваме. Тоа само зборува за далеку поголемата изедначеност на лигата во однос на останатите големи европски лиги, без навлегување во дискусија дали е тоа добро или не. Клубот од Фиренца доаѓа на San Siro во екстремно неповолен период за нив. Имаат низа од 6 натпревари без победа, од кои 4 се порази, а тешкото за нив допрва почнува. Во однос на нивниот состав, за нас најбитно е неиграњето на Vargas, Behrami и Cassani поради повреди, како и на Montolivo кој е под суспензија. Тоа им отвора огромна дупка во средниот ред, која кога ќе се надополни со бавната и крута одбрана, им создава можност на нашите офанзивни играчи за убаво да го наполнат гостинот.
На мечот во Сабота веројатно ќе го имаме истиот страв како и при ремито на Сицилија – како одбраната ќе се справи со евентуалните контри и прекините во нашиот шеснаесетник. Не сме навикнале да играме без ТЅ, па сега стравуваме и од противници како Bergessio или Amauri. Рецептот за ваквите натпревари делумно го видовме на минатиот меч. Гол во прво полувреме и ангажирана игра до најмалку два гола разлика. После тоа, ваквиот противник може да послужи само за билдање на гол-разлика. Со исклучок на Pato, а со Muntari и изгледа FantAntonio, повиканите треба да се истите како и во Вторникот. Сепак, за списокот, тактиката и стартерите повеќе од пресот на Max, закажан за утре во 14.30.
Нема веќе лесен меч, нема веќе небитен меч. Секој меч значи ново Скудето, освен ако во Торино не заклучат дека доста се залажувале и дека Купот им е приоритет :) Одиме на нова победа, за враќање во колосек, за одбрана на титулата!
P.S. Еве ја и оваа слика што пред некое време некој од вас ја постираше, сега професионално апдејтирана :) Нека не потсеќа уште колку ни фали за нова радост...


FORZA MILAN!!!

Tuesday 3 April 2012

AWAY TO STAY IN EUROPE!!!


Убавиот наслов што го прочитав во оние неделни известувања што ги испраќаат на сите што се регистрирале на acmilan.it веројатно најдобро и наједноставно ја опишува ситуацијата во која се наоѓа Milan. Гостување кај Barcelona, без предност и без куп значајни играчи во тимот многумина го поистоветуваат со невозможна мисија. Нема да одам со стандарден вовед и најавување на мечот. Нема да цитирам и да пренесувам кој какви шанси ни дава за пролаз во полуфинале. Многу ни е јасно дека се игра против најсилната екипа во светот, која е уште посилна на Camp Nou и дека треба да се одигра скоро перфектно за да се радуваме пред 90тина илјади смрзнати лица. Всушност ни противникот не е перфектен, иако е блиску до таа фудбалска совршеност. Деновиве многу се споменуваше финалето од 94. Ги прегледав сите можни видеа со тој наслов, пропратно и сите други успеси од ЛШ, а богами и двомечот на нашите комшии против истиот ривал пред две сезони, иако спротивно на мојата заклетва пред црвено-црниот дрес дека никогаш нема да го славам успехот душмански. Демек Пандев го гледам како слави финале... ;)
Муабетот ми е дека знаат да погрешат, да кикснат. И против слаби екипи, додуша поретко против силни екипи. Дома го бркаат Real (што ќе испадне дека сепак не се најдобри) и уште шест пати играле реми + два пати загубиле. Па еден Juventus има помалку порази од нив, а ги добивме на гости :) Она што сите го сакаме утревечер е едно повторување на септемвриската вечер на Camp Nou. Баш тоа што ни треба... Дека имаме играчи кои знаат да одиграа цврсто знаеме, а дека имаме и тренер кој знае магично да ги склопи коцките се уверивме пред недела дена. Уште еден таков меч и малку спортска среќа и таму сме, каде што многу малку не гледаа после ждрепката.
На ден пред мечот работите изгледаат добро. Планирани играчи се здрави и на број, додека противникот или се соочува со еден голем проблем за нив или како што правеле и порано, протнуваат сомнителна информација за повреда на клучниот играч после Messi, Xavi Hernandez. Сме ја гледале Barcelona многу пати и знаеме што значи отсуство на тој човек, mastermind-от на играта на каталонците. Guardiola е сигурен дека Milan ќе постигне гол утревечер, а ако е така верувам дека е свесен оти полуфиналето за него и неговите момци ќе биде многу подалеку. Кога човек ќе го види нападот што Allegri го спрема за мечот (Binho-Ibra-Prince), претпоставува дека Pep е во право. Единственото прашање би било дали Milan ќе ги брани домашните 0-0 или ќе отвори поофанзивно. Каква и да е тактиката на Max, нивниот напад останува опасен. Да се спречи Barcelona да постигне гол во два меча во низа по цели две и пол години ефикасност е практички невозможно. Веројатно овој факт мора да делува при креирањето на играта на нашите момци. Искрено, ме плаши ова да не биде разбрано по негатива од еден или уште полошо два гола. Ран гол во било чија мрежа ќе значи преголема предност. Уште еден факт што ми ги мати претпоставките за текот на натпреварот...
Можеби ни годи, од моментален аспект тоа што не отпишаа уште кога топчињата во Nyon беа отворени. Елиминацијата на Barca ќе значи потрес во фудбалскиот свет, но полуфинале во ЛШ за екипа како Milan не е незамислив успех. Напротив, ние сме створени за шампионски глории, за шампионски предизвици и успеси. Ова е само уште еден таков, историски! 


FORZA GRANDE MILAN!!!