Translate

Sunday 22 May 2011

Финале



Финале без резултатски императив, барем за нашите момци. За нивна и наша среќа тие си ја завршија работата претходно, пред незгодното гостување на Фриули каде што домакините ќе бркаат резултат во трката со Лацио за тоа 4 место кое води во квалификации за Европа! Се чини со Реми ќе бидат задоволни и двата табори.
Од друга страна нашиот предводник постојано потенцира дека ние сме Милан, ние секогаш мора да одиме на позитивен резултат без разлика дали тоа е императив или не! Милан секогаш има обврска да игра! Затоа Max ќе настапи со најдоброто во моментов и ќе му даде шанса за деби на Villa, левиот бек на младата репрезентација на Шпанија. Се' останато во првиот тие е big guns!

-------------Абијати

--Абате--Неста---Il Monstro--Виља

-----Фламини---Ван Бомел---Сидорф

--------------Moonwalk

------Пато---------------Бињо

Со оглед на фактот дека Златан, Рино и Амбро се повредени подобар состав од ова и не можеше да се извади на теренот.

Овој натпревар ќе биде интересен и од еден друг аспект... Kojo "Kwadwo" Asamoah. Момчето што уште на почетокот од сезонава ми влезе во око, далеку пред воопшто Милан да покаже интерес за него. Ако ме прашувате мене, одличен фудбалер! Одличен баланс меѓу физикус, сила и техника или чувство за додавање. Меѓу него и Поли треба да се бара освежувањето во средниот ред на Милан. Значи може под лупа да се стави и Asamoah па да се види како тој евентуално би се снашол во Милан (не дека еден меч може да одговори на тоа ама сепак...).
Епа момци ќе пишав одиме на одмор ама пак ми текна на последната изјава на Мах, Милан сеуште не е на одмор и треба да си одработи се' професионално до самиот крај па затоа да не одам против нашиот кормилар... одиме на гости на Фриули!

Thursday 19 May 2011

Addio Andrea


10 години, 400стотини натпревари, 40ина гола, 2 Серија А титули, 2 Лига на Шампиони, 2 Европски Супер Купа, 1 Куп на Италија, 1 Светско Клупско Првенство и една историска Светска Титула со Италија.Дојде како 22 годишен талентиран trequartista, а си заминува како искусен и докажан шампион, како најдобар играч на светот на неговата позиција.

Среќен Роденден Андреа! Нема да те заборавиме! Како што впрочем рече и Пипо никогаш нема да те гледаме како противник, секогаш како пријател, затоа ти посакуваме среќа каде и да одиш затоа што секогаш ќе бидеш дел од големата фамилија на Милан.

Во истовреме се поздравуваме и со нашиот Јанкула, му благодариме за убавите 5 години и за маестралните изданија во ЛШ во 2007мата година.


La Storia Infinita Continua....

FORZA MILAN !!!

Wednesday 18 May 2011

BENVENUTO A TAYE E PHILIPPE!!!

     Чувствував како да не му го дадовме заслуженото внимание на двајцава момци, па го пишувам ова само како добредојде на двете сосема солидни засилувања за догодина. 
     Момци, ова е нашата famiglia rossonera, а вие штотуку го направивте најдобриот потег во вашите кариери. Добредојдовте!


    Мислам дека ова се единствените слики што можат да се најдат на нет, така да не ми замерувајте што постот не е нешто нај, нај.

FORZA TAYE, FORZA PHILIPPE, FORZA MILAN!!!

Sunday 15 May 2011

Saturday 14 May 2011

CAMPIONI D'ITALIA!!!

Експлозија на емоции на Сан Сиро!!!



И ете дојде и тој ден... фешта, славење, емоции на Сан Сиро! Во својот дом, пред своите! Оваа одлична група на фудбалери кои сите до еден гинеа за овој дрес во текот на целата сезона заслужија да го прослават очекуваниот трофеј пред оние кои ги полнеа со емоции и позитивна енергија во текот на целата сезона, во текот на победничкиот од!
Сан Сиро ќе биде преполн, Сан Сиро ќе биде претесен да ги прими сите оние кои сакаат да бидат сведоци на прекинувањето на долгогодишниот пост, пост прекинат на најдобар, најубедлив, најзаслужен можен начин!
Момците и нивниот диригент беа први на табелата во 70% од текот на оваа сезона и кога конечно го окупираа првото место на табелата веќе не го испуштија до самиот крај! Не го испуштија дури и во моменти кога речиси цела Италија ги прежали, во моменти кога (пред се’ поради енормниот број на повредени фудбалери) момците паднаа а градскиот ривал беше во налет! Тогаш се случи дерби! Без Златан (кој дотогаш на свој грб ја носеше екипата) и со налет и психолошки импулс на директните конкуренти пред дербито, на само 2+, цела фудбалска Италија и Европа очекуваа да има смена на врвот! Но токму тогаш, кога беше најтешко Мах и неговите пулени го прегазија, го понижија градскиот ривал! Му удрија три шлаканици кои го болеа до крајот на сезоната, три шлаканици кои директно му помогнаа на Шалке 04 да оди во следниот круг на ЛШ. Три шлаканици кои најсурово, најбрутално и најсликовито покажаа дека не смее да има дилеми, дека идниот шампион може да биде само еден!
После тој клучен натпревар се’ беше само рутина!
Епа момци, заслуживте фешта, заслуживте славење! Вие, тие покрај Вас на Сан Сиро и милионскиот аудиториум низ светот! Денес е денот! Нека експлодираат емоциите на Сан Сиро вечерва!!!

Tuesday 10 May 2011

Сопка




Би рекол клизач повеќе, спречени во намерата да се освои Domestic Double од просечните сицилијанци од кои очигледно имаме комплекс. Но се на се никој не ни е крив освен самите ние, можеби и овој пораз добро ќе ни дојде за да им удри во глава на тие што мислат дека сме непобедливи, дека составот нема дупки и дека не треба да се работи за во иднина.
Нема да спомнам никој поединечно бидејќи после секој пораз најлесно е да покажеш прст кон некој, а и да не заборавиме дека им недостигаше мотивација на играчите( што не требаше).

Тоа е момци 8ма година по ред постиме во Италијанскиот куп а сега бевме најблиску до финалето, па здравје боже наредна сезона да се омрсиме :)
Следува Каљари дома, големо славје промоција на новите дресови (кои се повеќе ми се допаѓаат) и многу комбинации за составот кој уште од сега можам да го прогнозирам.


FORZA CAMPIONI !!!

COPPA ITALIA SEMIFINALE: MILAN v PALERMO (ritorna)

 

     Повторно во последен момент пишувам пост и повторно ќе биде краток. Незнам зошто, ама кога доаѓа меч во средината на неделата имаме отсуство на активност во коментари, а камоли со нови постови. Нејсе, интересна завршница на сезоната ни се спрема. После освојувањето на толкуочекуваната шампионска титула, имаме прилика да се бориме за уште една. Една потполно незамилсива ситуација години наназад. Сепак, далеку сме од завршена работа. Имаме еден доста тежок меч, кој мора да се добие или да се одигра ептен богато реми. Знаете сите, дома одигравме 2:2 што е доста неповолен резултат. Уште потешко е тоа што знаеме како Milan игра на Renzo Barbera. Момците мора да се намдинат себеси, да ја срушат таа лоша серија на гостувањата кај Palermo и да ни поклонат нова шанса за огромна радост. Она што не' возбудува уште повеќе е скоро извесниот нов дуел со комшиите и нова прилика за дерби-победа, овојпат зачинета со трофеј. Мотивот несомнено го има, за атмосфера во тимот нема потреба да зборувам. Сите се трезни и спремни (освен Rino, кој е казнет), тоа дефинитивно го знам :) А ги знам уште и повиканите. Тоа се сите првотимци освен: Didac, Janku, Oddo, Pippo, Strasser, Merkel и Odu. Ми фали уште составот и една победа :)

     FORZA CAMPIONI!!!

Sunday 8 May 2011

18° Scudetto Milan - Site Golovi do Titulata

CAMPIONI D'ITALIA 2010-2011!!!

          По цели седум години, конечно, нашиот Милан е шампион на Италија. Браво момци, го постигнавте она за што мечтаевме долг период. Нашите херои, нашата гордост е повторно на врвот на Италија. Какво чувство, какво олеснување... Заврши мрачната ера на италијанскиот фудбал, почнува нова, црвено-црна! Никогаш не сум бил посреќен, тоа е сигурно, ни во Пјаченца, ни во Манчестер, ни во Рим 2004, ни во Берлин, ни во Атина. Ова е тоа што ми требаше, ни требаше на сите нас. Срцето ми е полно, како што е полн  piazza Duomo во моментов. Неможам очи да одвојам од тоа славје таму. Колку е само убаво... Се би дал да сум таму вечерва кога ќе пристигаат хероите на Милано. Уште посреќен што ова можам да го поделам со вистински фанови, што знаат што значи љубовта кон МИЛАН. Редно беше и блогов да се израдува на една титула, за мене најважната. Радувајте се росонери, СКУДЕТОТО е кончено наше!! Che serata, mamma mia...




Grazie ragazzi, grazie Max, grazie Galliani, grazie Silvio, grazie Curva Sud!!!

GRANDISSIMO MILAN!!!

Saturday 7 May 2011

7 MAGGIO - DATA MEMORABILE!!!

Еден бод, осумнаесет Скудета, многу слава и историја. Сето тоа поврзано со само едно патување до Рим. По години и години без домашен трофеј, следните 90 минути, можат да ни донесат огромно олеснување и славје, да ни ја вратат гордоста и повторно да се почуствуваме како шампиони. Утре за првпат ќе можам со едни вистински навивачи на Milan да споделам едно неопишиво шампионско чувство. Ако досега во изминатите три и нешто години зборувавме главно за неуспеси, знаевме да признаваме порази и честитавме на други за освоените титули, сега ние сме во добитничка позиција. Признанијата за заслужената титула можеби ги примавме и прерано, ама сега е време за славење и нови ѕвездени мигови. Ќе морам да спомнам дека постои и една лоша варијанта, каде прославата би се одложила за следното коло, но со оглед на минималните шанси тоа сценарио да се оствари, во овој пост таа ќе биде исклучена. Искрено, многу ми е криво што сево ова не се случи во минатото коло. Сакав да ја видам таа фешта низ улиците на Милано длабоко во ноќта. Сепак, прегледав неколку видеа пред да седнам да го пишувам постот, па ме присетија на славењето после титулата во ЛШ 2007 и дека тоа не беше ништо помалку делирично од Скудетото во 2004тата. 
Како и да е, во Рим или во Милано, освојувањето на 18тото Скудето значи се' за мене. Повторно ми дозволува да кажам дека мојот клуб е италијанскиот шампион и дека кралот си се вратил на престолот. Од утре, се надевам дека ќе можам да размислувам за нова шампионска ера, години исполнети со многу трофеи и да бидам современик на една екипа што долго време потоа ќе можат да ја споредуваат со најдобрите и легендарните. Да можам да се пофалам дека сум уживал во шампионски денови и дека сум го гледал еден од најубавите фудбали која некоја екипа некогаш го играла. На крајот на краиштата, при следното гледање со Berlu, да можам во лице да му кажам дека бев во право кога му велев дека без пари нема титули :)
Накратко и за она што утревечер треба да ни ја донесе таа радост. Во секоја друга прилика, ќе се зборуваше за едно големо дерби. Но утре Milan не игра за победа во обично дерби, туку за освојување на титула. Сепак, да се победи Roma на Olimpico, не е лесна задача, во какви и да било услови. Уште повеќе што домаќините се надеваат на четвртото место и ќе дадат се за да го стигнат градскиот ривал. Ако на тоа се додаде и стандардната незгодност на Волчицата во меѓусебните натпревари, задачата изгледа покомплицирана.
Но нашиот мотив е несомнено поголем! За да ја заокружиме убавата приказна со тој толкупосакуван бод, Max ќе треба уште еднаш да ја демонстрира својата генијалност, а момците својата доминација во лигата. Дека се спрема славје потврди и информацијата дека сите играчи со исклучок на Janku, ќе патуваат за Рим. И за атмосферата, но и при изборот на стартните 11, одлично е што Allegri по којзнае колку време има толку многу играчи на располагање, скоро без никакви проблеми. Иако досега избегнував да прогнозирам состави, приликава едноставно не се пропушта! :)

Abbiati
Abate, Nesta, TS, Zambro
Flams, MVB, Seedorf
Boa
Binho, Ibra.


SCUDETTO, HERE WE COME!  FORZA CAMPIONI!!!

Monday 2 May 2011

Milan Bologna 1-0

Mister Allegri


Васе, ја чував за некој нареден пост но кога веќе ја спомена...

Tizziano Tizziano Tizziano!!!

Моменти за одбележување: Првите 40 секунди и ОСОБЕНО ОД 06:00 до крајот!

Sunday 1 May 2011

Првомајски обврски



Знам дека овој пост веројатно нема никој да го прочита пред натпреварот (па дури и многу после него) но јас имам обврска да го напишам.
Можеби некој ќе ме нарече глупав, друг ултра а трет ќе ме погледне зачудено но денес не планирам да одам никаде, напротив, во 15:00 нацртан пред ТВ да си го гледам мојот омилен тим а потоа во домашна атмосфера да си продолжам со casual варијанта. Подобро ќе беше доколку тогаш прославував титула но да одиме чекор по чекор.
Најпрво е од огромна важност да си ги завршиме домашните обврски. Како што велеше Мах уште пред мечот на Принтер, нас не треба да не интересира натпреварот во Чезена туку натпреварот на Сан Сиро. Ние мора и реално да ги прокнижеме вкалкулираните три бода против Болоња, во секоја варијанта. А нема да биде лесно. Болоња од тим кој беше сигурен на табелата со неколку порази во низа се доведе во малку (сосема малку) неповолна ситуација и како што нам ни требаат 4 бода за математички прославена титула така ним им требаат неколку за математички обезбеден опстанок. А кога последен пат се судривме со екипа која имаше губитничка серија (Палермо) бевме поразени. Значи гардот високо, горе!
Гостите и другите не не' интересираат, си гледаме во нашиот двор. А таму се гледа дека Златан уште овој натпревар ќе биде во аут поради суспензија а Пато не успеа навреме да се рехабилитира па и тој е во аут, исто како и Гатузо. Затоа се враќа Неста кој директно ќе влета во стартните 11. Во средината постои една единствена дилема за кој да игра на местото на суспендираниот MVB но се чини капитенот ќе добие предност пред Пирло.
Значи со графички приказ, тоа би изгледало вака:

-----------------Абијати

-Абате------Неста-------Il Monstro--Замброта

-------Фламини-----Амброзини---Сидорф

---------------Prince-----------

----Робињо---------------Касано

Значи повторно бурлески во нашиот напад :)
Се надевам со сличен крај како на претходниот натпревар.

Епа тоа е тоа момци, побрзајте со скарата да не ве фати дождот :)

Forza Milan!!!

P.S Ganso продолжува да гази, продолжува да се враќа во старата форма. После претходниот пост кој го завршив на сличен начин со P.S негов одлучувачки гол во Либертадорес сега уште подобро, најпрво асистенција за погодок а потоа и гол во полуфиналето од купот на Бразил против Сао Паоло. (Внимавајте при неговиот гол, фантастичната асистенција ала Руи Коста кон Нејмар претходно во истата акција е негова). Гансо те чекаме!