Translate

Sunday 28 February 2010

GIOIA ROSSONERA!!!



Солидна утакмица, без премногу заморување, без премногу притискање и на крај комотна победа која според играта не беше доведена во прашање..навистина гостите намалија на 2:1 и се создаде некој непотребен немир во екипата, ама се тоа беше брзо скротено за да имаме мирна завршница..јас сум многу задоволен оти дечките одиграа по мерка!
Повторно за издвојување е Dinho, ама и Pato и Pirlo..првиот намести два гола за патката, ама и промаши пенал на кој прв натрча Borrigol и ја закова топката во голот..Pato пак со чудно слаба завршница успеа да ги протни двата гола..првиот по еден шут кој и не изгледаше којзнае колку силен, сепак од голманот, па од стативата влезе во голот..и тоа дојде во добар момент кога Atalanta во еден мал период имаше повеќе од играта..вториот падна по една феноменална асистенција на Dinho, а патката одлично ја прими, го помина и Consigli, Manfredini успеа да стигни но не и да спаси гол..сепак кај Pato повеќе ми се бендиса неговото враќање во форма со тие препознатливи тркови нанапред откако ќе ја прими топката со грб..а Pirlo едноставно царуваше на средината и освен жолтиот картон мислам дека не направи ниедна грешка..кога сме кај жолтите само да спомнам дека и уште Rino пожолти, што верувам дека нема да ве зачуди, но овојпат е проблемот што нема да биди во комбинација за на Olimpico..примениот гол беше дело на Valdez, по една грешка или сопнување на Bonera, како сакате..
И немојте да ме разберите погрешно, па да мислите дека овие тројца отскокнуваа многу со перформансот..сите беа на ниво, заедно со тренерот, па и Galliani :) накратко тоа се случуваше денес на San Siro..јас лично уживав во натпреварот (откако најдов добар стрим) и стварно штета за тој што не гледал..сега имаме мала пауза за gli nazionali, но не за сите..некои од нив ќе бидат на списоците на селекторите, ама се надевам ќе се вратат доволно спремни за нов успех среде Рим!



П.С. Незнам за вас (освен за Владе), ама јас сум страствен навивач и на италијанската репка исто колку и на Milan, така да за мене нема слободен ден во среда :)

FORZA MILAN!!! FORZA ITALIA!!!

Saturday 27 February 2010

МИЛАН - АТАЛАНТА




По двата нерешени резултати со тимови каде што требаше да имаме две победи, и кога многумина мислеа дека Милан ја заврши прикаската во Serie A за годинава, токму тогаш Лео и момците остварија три победи против екипи од кои секогаш може да се очекува изненадување, Удинезе, Бари и Фиорентина и искористувајќи ги киксовите на комшиите се вративме на второто место на само -4. Во меѓувреме се случи оној несреќен пораз во ЛШ, но евидентно беше дека после тој натпревар играчите излегоа многу посилни и посамоуверни во своите можности, посебно тоа се забележа на дуелот против Бари, каде едноставно го владеевме натпреварот во секоја можна смисла! Против Фиорентина моја претпоставка е дека преовлада уморот и такви победи кога не оди ништо од рака се секогаш добредојдени! За среќа тоа не беше случај често оваа година.

Ни следи натпревар во кој се друго освен победа ќе биде рушење на се она што се градеше до сега. Верувам дека и играчите се свесни дека ова е натпревар кој мора да се добие и така ќе му пристапат уште од почетокот.
Замброта и Мансини се враќаат на списокот на Лео за понатамошните натпревари, Амбро денеска се враќа на тренинг со останатите, но нема информација дали утре ќе игра. Тиаго Силва изгледа сеуште не е до крај опоравен но сепак утре ќе игра покрај Неста. Со оглед на тоа што сеуште ги нема повиканите играчи на Лео за утре ќе одиме со претпоставки на 'слепо' :

--------------------Абијати----------------------

Абате------Неста-----------ТС------Јанкуловски


-----------Бекам----Пирло-----Гатузо-----------


----Пато------------Бориело----------------Дињо


Констатацијата дека Абате треба да игра против тимови од кои од почетокот ќе се бранат, стои, како што стои дека против тимови кои се за отворена игра Абате треба да биде замена и тоа не за бековската, туку за крилната позиција(иако сега и мансини го имаме таму). Мислам дека лево ќе почне Јанкуловски токму од истите причини наведени погоре. Бекам ќе го завземе местот на Амбро со оглед на тоа што Фламини е суспендиран, а и да не беше веројатно пак ќе почнеше Бекам.

Аталанта не измачија во Бергамо и едвај извлековме бод, но сега е друга ситуација, други околности и со право мора да очекуваме само победа и ништо друго!

FORZA MILAN! FORZA EDIN!

Wednesday 24 February 2010

Виолетов пакет




Одиме на Артемио Франки кај Виола. Ужасно важен натпревар од аспект што доколку победиме се враќаме на второто место и ќе имаме само -4 од комшиите. Да потсетам, веќе викендов ние играме дома со Аталанта а тие играат на гости со Удинезе. Имаат суспендиран тренер и фудбалери на неколку натпревари а им доаѓа и двобојот против нашиот Карлито.
Од друга страна ако не успееме да победиме остануваме на трето место и Рома ќе биде пред нас а воедно и цела таа аура што не’ следи во последно време ќе се растури како сапуница.
Значи важен натпревар од повеќе аспекти. Фламини се враќа во составот по повредата.
Абијати ќе стартува, во одбраната се сигурни ТС, Неста и Јанкуловски а дилемата се однесува на десната бековска позиција, дали Абате кој што одигра одлично офанзивно против Бари или Бонера кој ќе биде противодговор на Варгас од спротивната страна.
Напаѓачката тројка напред е сигурна исто како што е сигурно играњето на Амброзини и Пирло. Значи останува само едно единствено место во средниот ред кој „чека“ дополнување. Интересна ќе биде и битката за местото напаѓач на СП меѓу Џилардино и Бориело.
Што се однесува до евентуалниот пренос на Телма, него најверојатно ќе го нема со оглед на програмската шема на нивниот сајт и фактот што во исто време Телма има вести. Доколку имате апдејт на оваа информација споделете ја.
На крајот би споделил нешто со Вас:

I, ReBorned, take you, AC Milan, to be my favourite team. I offer you my solemn vow to always cheer for you in good times and in bad, when we win and when we loose. I promise to love you unconditionally, to support you in your goals, to honor and respect you, to laugh with you and cry with you, and to cherish you for as long as we both shall live.

P.S Баравте затвор?!

Saturday 20 February 2010

BARI - MILAN



Со измешани чувства по првиот елиминациски натпревар од ЛШ се враќаме на Калчото. Гостуваме на многу жежок терен, против екипа која што го победи Јуве а Интер едвај извади бод и жива глава благодарение пред се на нашиот репрезентативец. Бари е одличен спој на фудбалери кои одлично се надополнуваат меѓусебе. Имаат одлична одбрана создадена од веројатни идни репрезентативци на Италија, мобилен среден ред со едно извонредно десно крило или AMR и одличен напад на чело со Барето (кој се враќа баш против нас). Многу ги ценам во играта оваа сезона и сметам дека играат одличен фудбал. Значи ни треба многу пот, залагање па и ако сакате и среќа за да извлечеме 3 бода во гости. Сепак, Милан не би бил Милан доколку не се враќа во тешките моменти, доколку не направи нешто што не им успеало на другите „големи“ во Италија.
За одбележување во нашиот тим пред овој натпревар е повикувањето на енигмата Adiah за прв пат со број 40 на својот грб. Во тимот не се повикани Сидорф и Фламини кои сеуште имаат незгодни повреди но се враќа Бориело кој се очекува директно да влета во стартните 11. Антонини ќе недостига околу 1 месец па најголемата дилема е кој ќе ја покрие левата страна. Постојат 2 реални варијанти, едната е Лео да игра со Јанкуловски а другата е да биде Бонера префрлен на лев бек а Абате да се врати на своето (не) стандардно место во одбраната. Остатокот на тимот помалку или повеќе е познат.
(Звучи жално но) да се надеваме дека на Дињо ќе му се игра и дека Але ќе покаже нешто повеќе а Бориело би требало со задржување на топката да му помогне во тоа.
Some of Us only see in red and black!

Wednesday 17 February 2010

Лоша среќа vs добри фудбалери 3:2!


Нема многу да должам. Едноставно ќе кажам дека после овој пораз не треба никој да се обвинува, или поедноставно кажано shit happens!!! Можеше на полувреме да биде 2:0, 3:0, но беше 1:1, можеше да поведеме со 2:1, но некако бидна 1:3, можеше да заврши 3:3, но остана 2:3! Едноставно никој не е крив! Реков дека со пораз може да тргне сезоната надолу, но после ова издание некако имам претчуство дека момците на Леонардо одвај го чекаат реваншот за да им покажат на англиските деца како се игра фудбал!!!

FORZA MILAN!!!

Monday 15 February 2010

AC MILAN vs MAN UTD part one!


По малку подолго 'боледување' еве ме назад во блогерските води како автор. Натпреварот против Ман Јун може да биде уште една пресвртница во сезоната. На крилја на една евентуална победа може да се продолжи напред во сезоната и да се вратиме повторно во битка за скудетото за што комшиите повторно ни дадоа шанса да стигнеме до евентуални минус шест бода, и секако да ни се отвори патот понатаму за четврт финалето во ЛШ. При евентуален лош резултат на што несакам ни да помислам, се може да тргне надоле, како што тргна после поразот во градското дерби. Сепак, сите сме свесни дека целокупниот ростер не е доволен за натпреварување на високо ниво во двете конкуренции, имаме одличен прв тим, со неадектватни замени на повеќето позиции. Но со малку среќа и добар здравствен билтен што за жал во изминатиов период го немавме, и со многу самодоверба се е можно!

Да се вратам на натпреварот. Манчестер за наша среќа ќе го нема Видич во тимот, за мене еден од топ 5 дефанзивци моментално во светот. Кај нас се поизгледно е дека ТС ќе игра и ќе биде во тандем со Неста, сепак Бориело не се опорави навреме и нема да биде во комбинација за настап. Еве ги повиканите играчи на Лео:

Abbiati, Dida,

Abate, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Nesta, Oddo, Thiago Silva,

Ambrosini, Beckham, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf,

Huntelaar, Inzaghi, Pato, Ronaldinho.

Unavailable players: Borriello, Zambrotta.


Едно е сигурно, дека Лео ќе настапи со познатата 4-3-3. Дида е веројатно да стартува пред Абиати, назад ако биде се во ред Лео ќе оди со Неста и ТС во центарот, а според моите очекувања би требало десно да стартува со Бонера десно и Антонини лево. Во средината Амбро и Пирло се константи, Лео ќе бира помеѓу Гатузо, Сидроф и Бекам, иако мислам дека Гатузо е веќе стартер во памeтот на Лео. Напред Дињо и Пато по страните и Хантерот во средина. Јас лично малку верувам во некакво изненадување со Пипо место Хантерот.

За протвникот не би зборувал многу, но убеден сум дека ако се справиме со Руни, тогаш сме се справиле со цел Манчестер Јунајтед. Секако тоа што Видич нема да игра е голем плус за нас, и секако неиграњето на Гигс, иако се работи за играч од 36 години сепак е многу влијателен во играта на Манчестер.

Како и да е, што и да е, утре сите пред телевизор и во еден глас FORZA MILAN!!!



Friday 12 February 2010

КАЛЧО ВО ПЕТОК, КОЛКУ ЗА РАЗБИВАЊЕ НА МАЛЕРОТ!!!



Не сум бил никогаш суеверен и не верувам во такви работи..глупаво ми изгледаат некои играчи кога прават разни ритуали пред натпревар и убедуваат дека изиграле добро или лошо поради бакнување на копачката, теренот или крстот што го носат..не верувам ниту во малери..мене можи да ме убеди само добра или лоша претстава на тимот, понекогаш со одредена доза на добра или лоша среќа..верувам дека ако излезиш на терен и одиграш доволно добро за победа, таа е тука и никој неможи да ти ја одземи! (освен судијата, нормално) :D
И сега ќе речите зошто, во насловот со суеверие пробувам да го разбијам малерот... од фрустрација!! поточно, фрустрација и неразбирање..се чудам како екипата која газеше на почетокот на годината наеднаш се претвори во екипа која не е во состојба да победи тимови како Livorno и Bologna..во претходниот пост ставаш слика со која му се потсмеваш на една подпросечна екипа и слика која реално ги отсликувала приликите во минатото, а со оглед на тоа дека тоа беше пред некои 5 години и ништо големо не се изменило оттогаш, би требало да ја отсликува и сегашноста..но наместо тоа ние играме "мирољубиво реми" со кое губиме чекор зад лидерот и шампионските амбиции кои, ете, сеуште ги гаиме, стануваат се побледи..и што е уште полошо, тоа ни се случува втор пат во иста сезона, втор пат после поразот од гнасите..за каква психолошка спремност зборуваат некои од вас?
Епа еве сега ќе играме во петок, дома и против екипата која пред 2 недели не елимираше од Купот..бркаме победа после 4 лоши утакмици, Printer конечно не победи, Roma е пред нас, што кажува дека имаме доволно мотиви да победиме..и тоа ако е убедливо, ќе "докажиме" дека поразот од овие истите беше само заради нашата незаинтересираност за некаква титула од некојси национален куп :)
До пред 2 години нашиот приоритет беше CL и жртвувавме се во име на европската круна..ама тоа ни се удри од глава кога завршивме 5ти, па "приоритетот" можевме да го гледаме само на тв..поправете ме ако грешам, но оваа сезона ниеднаш не прочитав дека пак на прво место го ставаме европскиот, наместо домашниот трон..дури и напротив..во тоа име, дајте дечки (или ragazzi, да ме разберите подобро) премостете ја таа психолошка бариера и вратете се онаму каде што најмногу сакаме да ве гледаме сите ние, rossoneri-те..критичен е моментот, ама убеден сум дека сите веруваме во победа утре, за враќање на самодоверба, за нова победничка серија, за скудето!!!

FORZA MILAN!!!

Saturday 6 February 2010

Во поход кон Renato Dall'Ara



Уште еден натпревар кој од една страна може да не потоне уште повеќе во калта и во кризата во која се наоѓаме или пак да ни даде елан или поттурнување (пред се на психолошки план) кој ни е и тоа како потребен пред првиот натпревар во ЛШ. На Renato Dall'Ara се наоѓа екипа која не е за потценување особено кога игра пред своите гледачи. Болоња во својот состав го има еден од оние фудбалери кои во својата кариера никогаш не добиле шанса каква што заслужуваат со својот талент, Ди Вајо (тука спаѓаат и фудбалери како Миколи и особено Милито кој дури на 30 години доби шанса да игра во конкурентен тим а едноставно блеска со својот природен талент низ целата своја кариера). Во средината го имаат и екс лацијалот Габи Мудингаи кој најверојатно со раце и со нозе ќе биде залепен за Пирло во текот на сите 90 минути. Милан од друга страна повторно нема да може да смета на Пато, Одо, Замброта а во тимот не е повикан ниту Неста (прочитај во коментари на претходниот пост за детали). Во тимот не е повикан ниту Адиа со што уште еднаш ни се враќаат спомените од Леандро Грими, Фелипе Матиони, Виудез и сл.
Во повиканите се наоѓа Мансини кој најверојатно ќе добие шанса од 65-70 минута на местото на Бекам, значи солидни 20-тина минути за полека да влезе во ритам. Значи не очекувам (што не значи дека не посакувам) да се најде во стартните 11.
И сега следи омилениот дел на Ultra...

Abbiati, Dida, Roma, Abate, Antonini, Bonera, Favalli, Jankulovski, Kaladze, Thiago Silva, Ambrosini, Beckham, Flamini, Gattuso, Pirlo, Seedorf, Borriello, Huntelaar, Inzaghi, Mancini, Ronaldinho.

Giocatori indisponibili: Nesta, Oddo, Onyewu, Pato, Zambrotta.

Сметам дека и покрај тоа што Дида се врати од повредата, Абијати повторно ќе добие шанса меѓу стативите. Во одбраната би биле Абате - ТС - Бонера/Камикаладзе - Антонини
Во средината Пирло, Амбро и Сидорф а напред Дињо и Бекам како подршка за Бориело кој си ја разбистри главата по незгодниот удар претходниот викенд.
Би било интересно доколку Бонера се врати во полн натпреварувачки ритам и од друг аспект. Не само што би бил одлична замена за ТС и Неста туку би можел и да заигра како стартер на RB со оглед на слабата дефанзива на Абате, особено против поопасни противници.
Не велам дека ова е натпревар што мора да се победи зошто таков беше и претходниот.
Forza Milan!!