Translate

Sunday 29 November 2009

HUNTELAAAAAAAAAAAAAAAAAAR!!!




Хахаааааааааааа ова е за сите кои сакаа да си оди во Јануари!!That's my Hunter!!!
Ај првиот ок,али вториотт ауууу уше кога ја зема топката се знаеше каде ќе заврши!
Второ место,останува разликата од -7 со гнасите ама затоа во наредните 3 кола мерда им гостува на Јуве,на Аталанта од кои беа понижени минатата сезона и игра дома со Лацио,додека пак ние играме дома со Самп и Палермо и им гостуваме на Виола пред зимската пауза.И Милан и мерда имаат тежок распоред но мислам дека сме во мала предност што играме дома 2 утакмици и ако ги сврземе тие 2 победи и се надеваме барем на нерешено со Виола тогаш ќе се упатиме на зимската пауза мање више изедначени.
Уффффффффф каков натпревар,е вака вакаааа треба да се игра буквално до последен здив,незнам кој пат ова се случува сезонава,како и да е уште еднаш браво за сите,највеќе за Хунтерот : )







FORZA MILAN !!!

Catania-Milan


Kick off: 20:45
Stadio Angelo Missimino

Dida,Roma,Storari,
Antonini,Favalli,Kaladze,Nesta Thiago Silva,Zambrotta,Abate
Ambrosini,Flamini,Seedorf,Strasser
Borriello,Di Gennaro,Huntelaar,Inzaghi,Pato,Ronaldinho

Мање више се е исто,освен тоа дека Пирло е суспендиран и ќе биде интересно да се види како ќе функционираме без него за првпат сезонава.

Од овие 20ина играчи овој би требало да биде стартниот состав:

Dida
Abate,Nesta,T.Silva,Zambrotta
Flamini,Ambrosini,Seedorf
Pato,Borriello,Ronaldinho


Нема лабаво,Јуве киксна,лигавите видовме како се извадија и со победа ќе се искачиме на второто место со само 1 бод пред Јуве.Вистина е дека Катанија се предпоследни и дека имаат само една победа но тоа незначи дека се слаб противник,но сепак оваа ситуација мора да ја искористиме ако сакаме да бидеме во вистински чекор во борбата за скудетото


Инаку незнам колку ја следите ситуацијата со Рино,но би ме занимало вашето мислење околу сето тоа :)





FORZA MILAN!!!

Sunday 22 November 2009

Milan-Caglari 4-3



Каков натпревар!7 гола!Почна како и што заврши,бурно!

5та минута Бориело одлично го проигрува Сидорф 1-0!
Арно ама нецели 3 минути подоцна Каладѕе го остава Матри да испуши цигара,да изеде едно пакло сардина да види колку е саат да сврши и конечно нели да го совлада и Дида.

30та минута,по еден притисок на Каљари повторно попушти одбраната на Милан и Лаѕари непречен од никој ја забива топкава веднаш до левиот директ од голот на Дида.

38ма минута,Пирло изведува корнер Пато со глава го погодува Маркети,и од самата гол линија Бориело немаше тешка задача. 2-2 Нецела минута подоцна Бориело,Дињо и Пато проигруваат во триаголник за последниов на крај со фантастичен удар во горниот десен агол да ја заврши убавата акција.

3-2 беше на полувремето се додека Астори не го собори Марко во шеснаесетникот за Роналдињо нормално да шутне уште еден неодбранлив пенал.4-2 и кога се мислеше дека се е готово ооооопааааа на сцена повторно настапува КаКаКаКаКаЛадѕеее!!!Кај не се извлече навреме за офсајд замката,па уште го имаше оставено Матри сам лево кој и да добиеше топка немаше да биде во офсајд.

Со сето ова последните 20ина минути беа многу интересни(за неутралните гледачи,за мене лично беа напнати)

Дида. 7.5 Иако прими три гола и не беше виновен за никој од нив имаше неколку одлични интервенции.


Одо 6.0 Шознам....


Т.Силва 7.0 Ѕвер мада ова не му беше најдобар натпревар ама со Кадаѕе до него....


__________________________________________________


Замброта 6.0 Загуби некои топки,не беше најсигурен во одбрана но ајде ќе помине.


Пирло 6.5 Уништи барем два контранапади и иако знам дека брзината не му е најсилна страна

можеше барем да најде друго решение.


Амброзини 7.0 Ќе добиеше и 7.5 да не правеше толку многу фаули,инаку се на се одличен скоро и да не загуби дуел.


Сидорф 8.0 Одлично, не само поради голот туку и што не грешеше во пасови и не загуби нешто нногу топки.


Роналдињо 8.0. 0.5 за пеналот,0.5 за асистенцијата и 1.0 за дриблинзите уффффф посебно коа легна 2-3ца како сардини


Пато 8.0 ПатООооОООоооОоООоОООоОоООооОоооООоОооООО


Бориело 8.5 Гол,Асистенција,и направен пенал врз него.Мен Оф Д Меч


Абате / ; Инзаги / ; Страсер / ;

За одбележување е и влегувањето на Страсер и дебито на Дом на клупата :)

П.С. Линијата кај што требаше да биде името на каладѕе доволно говори за неговата игра.


Следи Марсеј !Уфффффффф Champions League Classic


FORZA MILAN!!!

Милан - Каљари

Во моменти во кои се релаксирам со Pac aka Makaveli во фон се’ почесто погледнувам во часовникот кој вели дека има уште цели 4 часа до моментот кога моите омилени црвено-црни ќе се појават на светиот стадион Сиро. И баш како што вели сега Pac - Definition of Power!!
Каљари е во одлична серија (исто како и ние) која им беше прекината од репрезентативната пауза (исто како и на нас) и овие моменти можат да бидат многу незгодни. Тоа го изјави и Лео на пресот вчера, да се надеваме дека ќе продолжиме онаму каде што подзастанавме за време на репрезентативната пауза... иако ќе повторам, може да биде многу тешко. Дињо е грипосан (не со свински) но ќе настапи против Сардините. Стандардните 11 се оние што сите ги знаеме и ќе биде излишно повторно да ги пишуваме. Единствено на местото на Неста (кој е суспендиран) ќе настапи КамиКаладзе. Можно е да има некоја измена и на бековските позиции (Абате, Антонини) но не мора да значи! Фламс има дисторзија на зглобот и ќе отсуствува од овој дуел. Па ајде да ги добиеме Сардините и потоа да се насочиме кон многу важниот и опасен натпревар од ЛШ против Марсеј!
П.С Интересен за нас ќе биде Астори, кој е наше дете а моментално настапува во Каљари и скоро е сигурно дека на лето ќе се враќа во Миланело! Значи обратете внимание на него, Матри (уште едно наше дете кое расчисти се’ со нас а тие се најопасни) и нормално Марчети и Бјондини (кои се наши таргети).
И за крај мало освежување...инвентивно и паметно од страна на газдата:

Saturday 7 November 2009

Lazio-MIlan

Времиња....Стам и Инзаги

После нерешениот резултат со Реал во Лигата на Шампионите се враќаме на домашното првенство каде што му гостуваме на Лацио кој пак беше прегазен од Виљареал во Европа Лигата со 4-1.Генерално гледано,против Лацио имаме одличен скор(кога станува збор за Серија А,купот на Италија е друга прича)и притоа во лигата немаме пораз од Лацио веќе 12 години,и иако важат за доста незгоден тим кој во моментов има огромни проблеми(ситуацијата со Гоче на пример)најдобро ќе биде со победа да одиме на двонеделната пауза поради квалификациските баражи за светското првенство што ќе се одржи следното лето.


Сторари,Онијеву,Бонера,Фавали,Јанкуловски,Гатузо и Ди Џенаро се сеуште повредени иако се очекува за некои 2 недели кога и впрочем е следниот натпревар против Каљари да се опорават скоро сите освен Онијеву се разбира.

Абијати,Дида,Рома

Одо,Антонини,Неста,Т.Силва,Каладѕе,Фавали,Замброта

Абате,Фламини,Пирло,Амброзини,Сидорф

Роналдињо,Пато,Бориело,Хунтелар,Инзаги



----------------------Дида-------------------------
Одо-----------Неста---------Т.Силва-----------Замброта
-----------Амброзини-------Пирло------------------
--------------------Сидорф------------------------
------------Пато---------------Роналдињо----------
-------------------Бориело-------------------------

Јас би почнал со оваа формација,а очекувам и Лео да го направи истото.





FORZA MILAN!!!

Tuesday 3 November 2009

It's Champions League Time !

Уште еден дуел е на подвиг: Кака vs Роналдињо


Продолжуваме каде што застанавме пред две недели.За вакви натпревари бувквално живеам јас и мнозината навивачи на Милан.Коефицентот е настроен на Милан но јас не се согласувам.-Реал е во истата ситуација во која бевме ние пред две недели и само ако се вратат од Сан Сиро непоразени ќе имаат реални шанси за прогрес во осмина финалето.

Неста се враќа кај нас во овој дуел,додека пак Антонини дефинитивно не е во комбинација за настап,горе долу нема други поголеми промени


Повикани играчи:

Дида,Рома

Абате,Оддо,Неста,Т.Силва,Каладѕе,Замброта

Фламини,Гатузо,Пирло,Амброзини,Сидорф

Роналдињо,Пато,Бориело,Хунтелар,Инзаги



Дида

Оддо,Неста,Т.Силва,Замброта

Гатузо,Пирло,Сидорф

Пато,Бориело,Роналдињо



Мислам дека е овој составот со кој ќе почне Лео,мада јас би направил само една измена,а тоа е Амбро да започне од почеток : )

Кај Реал повторно ќе го нема Гејналдо,а се враќа во составот Игуаин кој викендов беше херој за Реал со 2 гола(слично како Бориело кај нас)


Резултат нема да типувам,туку само ќе речам дека не сум оптимист,и може и да се случи да не видиме многу убав натпревар,пред се затоа што очекувањата ќе бидат големи поради првиот натпревар

20:45 Сите пред екраните...IT’S CHAMPIONS LEAGUE TIME !!



FORZA MILAN !!!