
четврток, 26 февруари 2009
И шо сеа?

среда, 25 февруари 2009
MILAN-WERDER PREVIEW

недела, 22 февруари 2009
MILAN-SARDINITE 1-0
Резултатот како и играта неубедливи но можеме да бидеме задоволни и со тоа ако се погледне листата на играчи кои недостасуваа-Самиот факт дека игравме без напаѓач во последните неколку минути говори сам за себе.
Абијати 7.5 Одличен како и секогаш,макар и што доби жолт картон.
Замброта 7.0 Ништо посебно до него,изигра на ниво : )
недела, 15 февруари 2009
RK MERDA-GRANDE MILAN
Почитувани :
Се известуваат сите вљубеници на фудбалот во Италија да се откажат од играње и гледање фудбал затоа што има нова административна сила (која полека прераснува и во ракометен клуб )која гарантира местенки,нефер плеј,плачење,лигавење и сл.
4 скудета на поклон?не им е доста?вие што мислите?мене ми е смачено од се ова а и знам многу луѓе кои го мислат истото.Веќе ми здодеаа муабетите дека резултатот кажува се и сл.Лигата на Шампиони-нерешливата дилема за душманите и единственото место каде што неможат пацерите да местат-резултатите го кажуваат тоа.
Се на се тоа е тоа...повторно разочарување и она од кое најмногу стравував се случи-а тоа е вечните лузери да тепаат во свој стил.Јас искрено веќе се навикнав на ова...изминатите 3 години се срам за фудбалот во италија и светот воопшто.Така да,ќе ви кажам другари да кулирате...смирете се,не одговарајте на провокации од некомпетентни кретени кои себеси се нарекуваат навивачи,а се всушност квази-навивачи и пред 06 навиваа за некој друг тим.
Зошто изгуби Милан?поради отсуството на пола прв тим?поради поништениот гол?пенал кој требаше да биде досуден?раката на наркоманот?не е ни битно сега...само ќе признаам дека беше интересен натпревар :)
Индивидуално нема да го оценам играчите,можеби само накратко:
1.Крајно сум разочаран од Каладзе,со чисто срце сум кога велам дека не Каладзе со неговите изведби не заслужува место во Милан
2.Добро одиграа скоро сите пред се: Абијати,Малдини(кој само во една ситуација го пушти ракометарот)Дињо(поздрав до камбијасо и самуел),Пато...а Бекам не одигра ништо спектакуларно-потврдување на она што го велам дека не ни треба за долгорочни цели.
Тоа е тоа момци...не се нервирајте....јас лично сум повеќе ЦРВЕНО-ЦРН од било кога.Скудетото оваа година по се изгледа ни избега,но останува Уефа купот кој МОРАМЕ да го освоиме за да ја потврдиме нашата европска доминација и барем малку достоен начин да го испратиме најдобриот одбранбен играч на сите времиња,воедно и наш капитен МАЛДИНИ! Најмногу ми е жал што во своето последно дерби доживеа пораз.Воедно поздрав до вистинските навивачи на мерда(се надевам дека ги има такви)за банерот посветен на Малдини: "Per 20 anni nostro rivale,ma nella vita sempre leale"
П.П.С. Р.К. Металург се заинтересира за услугите на адриано!
П.П.П.С. Поздрав од Пато и новиот криптонит за мерда!
Ale ale Milan Ale, Forza Lotta, Vincerair, NO TI LASCEREMO MAI.....FORZA IL GRAAAAAAAAAAAAANDEE MILAAAAAAAAAAAAAAAAAAN!!!
четврток, 12 февруари 2009
FC INTER-AC MILAN PREVIEW

Дојде и тој ден!Натпреварот за кој живееме цела година е пред нас!Како и секое дерби и ова е има исклучителна важност,но она што му дава посебен шмек е фактот дека се работи за борба за скудето и секако дека ова ќе му биде последното дерби на Ил Капитано!Па мислам дека ако ништо друго барем со победа да се опрости во 56тото дерби за него.Кога сме веќе кај бројќите...веќе од добро ни е познато дека Шева со 14 гола е прв стрелец на дерби натпреварите со мерда и дека претставува(ше) вистински кошмар за матераци и компанија.Арно ама Шева од 2006 нема дадено гол против душманите,така да мислам дека е вистинско време да се прекине тој пост!Додека пак во Серија А мерда е поуспешна со 61 победа наспроти 58те на Милан но податоков треба да биде земен со резерва затоа што мерда почна да победува со калчополи а пред тоа со години немаа победа :)
АбијатиЗамброта,Малдини,Неста/Каладзе,Јанкуловски
сабота, 07 февруари 2009
MILAN-REGGINA 1-1 ANALYSIS & RATINGS
И повторно разочарување на домашен терен :( Губиме бодови кој однапред ни се ставени на контото.Се сеќавам дека Карло имаше некоја изјава деновиве каде што алудираше на претпазлисвост во овој дуел.Има многу фактори зошто не победивме вечер.Среќата(која ја немавме,неубедливата игра од стартот,неиграњето на Пирло(па и на Сидорф од почетокот)повредата на Кака,судијата......и на крај односот на играчите на Реџина кои веќе ми се гадат!
Фламини 7.0 Се трудеше,трчаше...си ја заври работата.
Бекам 7.0 Имаше многу повеќе работа од претходните натпревари поради неиграњето на Пирло и Сидорф но добро се покажа.
Немаше многу шанси за гол,но сепак добро играше и на моменти мајтап си правеше со противниците кои беа премногу груби кон него.петок, 06 февруари 2009
DICIAMO INSIEME... FORZA MILAN!!!
недела, 01 февруари 2009
LAZIO-MILAN 0-3 ANALYSIS & RATINGS
ПОБЕДА!3 и тоа какви бода во вистинско време!Милан го уништи Лацио во секој сегмент на играта иако рака на срце првиот гол на Пато беше постигнат од офсајд.Но ова не е ништо кога ќе се погледнат судиските одлуки на страна на мерда сезонава.Се на се одлична игра пред се во второто полувреме каде што бевме тактички супериорни.Оваа игра Милан ја покажува од почетокот на 2009 односно од натпреварот со Рома,и само со Џенова потфрливме резултатски.Можеби е тоа поради играњето на Бекам :)
Сидорф 7.0 Одлична топка до Кака за третиот гол.Другото беше онака,во негов стил :)
LAZIO-MILAN PREVIEW
Уште еден ту-би ор нот ту-би натпревар :) .И повторно на Олимпико во Рим но овојпат против Горчо и неговиот Лацио.Ако се земе предвид фактот дека во минатото коло 3тите бода ни избегаа во последните неколку секунди,и дека вчера Јуве изненадувачки го доживеа вториот пораз во серија тогаш побеќе од очигледно е дека победата е императив.
Повредите и суспензиите во Милан веќе станаа секојдневие,така да повторно ќе играме без Неста,Каладѕе,Гатузо,Бориело...а од ова коло и без Фламини и КАПИТЕНОТ-единствениот играч кој е константен во одбраната.Добра вест е што Бонера се опорави од повредата.










