Бидејќи немам многу време,и денов што следи ќе ми биде хаос што незнам ни дали ќе ја фатам утакмицата од почетокот ќе бидам краток!
На Милан повторно му треба победата ако сака да остане в чекор со врвот а со оглед на фактот дека јуве и мерда имаат не толку лесни гостувања се чини дека сега ни е шансата!И Џенова ни е должник поради поразот кој ни го нанесе во второто коло така да ете мотив плус да докажеме колку вредиме!
Околу составот ќе бидат истите играчи кои бе во комбинација против Болоња плус Јанкуловски кој ја отслужи суспенсијата.Значи:
Abbiati, Dida, Antonini, Zambrotta,Senderos,Maldini,Favalli, Jankulovski,Ambrosini, Beckham, Flamini, Pirlo,Seedorf,Kakà,Ronaldinho, Pato, Shevchenko, Inzaghi.
Според мене најпаметна формација би била 4-3-2-1 односно омилената на Анчелоти,само со тоа што Сидорф ќе биде седнат на клупа(што знам дека тешко ќе се случи)и Јанкуловски би играл на негово место,а одбрана иста односно: Замброта и Малдини сигурни се,а да се одлучи Карло помеѓу Фавали,Антонини и Сендерос.
Абиати
Замброта,Малдини,Фавали,Јанкуловски
Амброзини,Пирло,Сидорф
Кака,Роналдињо
Пато
Освен ако не влетаа Бекам во прв тим(а многу веројатно е тоа)тогаш овој би бил составот.Но тоа би значело дека Сидорф ќе биде исфрлен од неговата позиција и ќе биде или место Дињо или на клупа...како и да е многу комбинации има ама она што е најбитно е да утре победиме!Па макар и Фавали во напад играл :Р
П.С.Не испадна баш краток постов :Р
П.П.С.Бориело пак се повреди и нема да го гледаме уште едно месец дена.... :(
FORZA MILAN!!!
среда, 28 јануари 2009
MILAN-GENOA PREVIEW
недела, 25 јануари 2009
BOLOGNA-MILAN 1:4 ANALYSIS & RATINGS

сабота, 24 јануари 2009
BOLOGNA-MILAN PREVIEW
Болоња ни се должници.Токму од нив на првиот натпревар сезонава изгубивме кога заслуживме да победиме. Но тоа е минато...она што е пред нас е Недела: 15:00 Renato Dall’Ara и секако победа!
вторник, 20 јануари 2009
ФУДБАЛОТ НАД СЕ!
Кака беше под големо искушение, факт е дека сумата беше астрономска, факт е дека ќе заработуваше двојно повеќе од тоа што заработува во Милан, но исто така факт и дека му преовлада разумот и срцето кои едноставно не му даваа да го направи тој чекор иако таму горе над неговата глава едно мало ѓаволче како на цртаните му викаше да си ги собере парталите и да му ја дувне заедно со парите.
Кака со овој потег докажа мн. работи, прво дека е голем човек, дека е страшно паметен дечко, дека и покрај големата финансиска можност што ја имаше он одлучи да остане во клубот во кој има премногу пријатели, одлучи да остане во клубот што го сака и одлучи да продолжи да игра пред фановите на кои тој лично премногу им значи! Ваков чекор во денешни услови во какви што е светскиот фудбал, односно каде што првенствено се парите а тек потоа фудбалот и љубовта кон клубот и фановите, може да донесе само разумно и скромно момче каков што е Кака. Верувам дека даде одличен пример за многу генерации да не потпаѓаат под влијанието на парите и дека првенствено да биде нивната желба за надигрување , а секундарно да биде финансиското прашање.
СЕКОЈА ЧЕСТ!
сабота, 17 јануари 2009
MILAN-FIORENTINA ANALYSIS & RATINGS
1-0!Сосема доволна победа која можеше да биде изразена и со поголема разлика,но на моменти изгледаше и Фиорентина ќе биде таа што ќе слави.Уште во петтата минута се виде дека Виола не е наивна и се закани преку Јоветич кој падна во шеснаесетникот,но по асистенцијата на својот помошник,Росети ја повлече првичната одлука да досуди пенал.Само 2 минути потоа,по добрата комбинација помеѓу Бекам и Јанкуловски,Пато се најде во одлична позиција која максимално ја искористи и со силен и прецизен удар во долниот лев агол од голот на Сторари постигна гол.
Замени: Фламини 7.0 Роналдињо / Сендерос 7.0 -Ме импресионираше за само кратко време поминато на теренот,браво! :)

MILAN-FIORENTINA PREVIEW

Каде оди фудбалот?!

Фудбалскиот ( и не само фудбалскиот) свет е превртен наопаку! Во време на глобална рецесија и војни се појавува една (најблаго кажано) безобразна понуда! Шеиците од Сити дојдоа во Милано во мисија која што би го однесла Рики во сината половина на Манчестер. Се дотука е во ред! Арно ама таа мисија вреди околу 250 милиони евра (трансфер + плати)! Да бидам искрен, ниеден фудбалер не вреди толку пари! Доколку ова се реализира се подместуваат границите на фудбалот од корен и нема да биде воопшто чудно доколку за неколку години, ФИФА преслика нешто од НБА односно воведе некоја бета верзија на селари-капот од НБА!
Како што реков претходно, ниеден фудбалер не вреди толку пари, но ако некој е близу тоа тогаш тоа е токму тој!
Сити добива многу со неговото евентуално ангажирање! Добива пред се фудбалски бисер, страшно интелигентен на теренот а воедно и извонредно скромна личност! Личност која секогаш ќе работи за доброто на тимот и фудбалер кој нема никогаш да прави проблеми во соблекувалната. Идол на младите, маркетингшки совршена фигура и (можеби најважно) ѕвезда која може „да повлече нога“ односно да ги примами и другите идни цели на Сити да му се придружат нему!
Што добива Милан? Милан добива сума на пари со која може да формира цел нов тим (а нема потреба за такво нешто). Добива таква сума за фудбалер кој две години има хронични повреди на коленото и со операција претходната сезона! Е сега проблем претставува дали B&G се подготвени тие пари да ги инвестираат во тимот или ќе бидеме сведоци на $heva – втор дел (продаден за 45 мил. Евра а купен само Рикардо Оливеира за 15 мил.)! Милан добива одлична сума со која може да направи целосен ремонт на одбраната (која полека но сигурно се освежува со Тиаго Силва и Матиони), да се земе еден Сантакроче и да се обезбеди таа CB позиција за следните 10-тина години, да се купи уште по еден одличен фудбалер во средниот ред и во нападот!
Што губи Милан?! Милан (или поправилно B&G) губи авторитет најпрвин кај сопствените навивачи а потоа и кај останатиот фудбалски свет! Губи икона на тимот и иден капитен на Милан! Губи брзина и луцидност во средниот ред и во нападот, го губи единствениот фудбалер (со моменталнава формација и фонд на фудбалери) кој што внесува динамика во средниот ред! И што е најважно губи лидер (посебно по крајот на сезонава кога и Ил Капитано ќе ги соблече копачките)!
Што добива/губи Рики? Рики веднаш по понудата на Сити изјави дека сака да остаре во Милан и да биде капитен (како многу пати претходно). Но B&G останаа неми на понудата на Сити (молчењето значи прифаќање) и им дозволија да преговараат со Рики (што само по себе го потврдува претходното)! Во тој момент Рики се почувствува предаден и сфати дека е подобро доколку си замине. Тој добива плата со која финансиски ќе се обезбеди себе и идните 3 поколенија! Добива шанса да влезе во еден нов свет, да биде дел од еден нов проект во градење... Губи стил, губи шанса за борење за трофеи (барем во прво време) и губи европски купови (минимум за година и пол)!
Кога се ова ќе се стави на вага... кој добива најмногу?!
Најголем добитник од целата оваа ситуација (без разлика што тој воопшто не сака Рики да замине) е едно младо момче, сегашноста и иднината не само на Милан туку и на светскиот фудбал во целина... Alexandre Rodrigues Da Silva - PATO!
Момчето кое блеска со својот раскошен талент, момче кое како никој претходно не потсетува на Роналдо во своите најдобри денови! Момче кое за да може да блесне во сиот свој сјај му е потребна формација со 2 напаѓачи 4-4-2 односно 4-3-1-2, нешто што нема да го добие се додека се во тимот Дињо и Рики! Момчето има само 19 години а има страшни бројки зад своето име во лига во која е најтешко да си напаѓач! Натпреварот со Виола вечерва ќе му биде 38 натпревар во Милан (значи заокружување на една сезона)! Момчето има неверојатни 17 гола досега! Во својата прва сезона во Калчото во дрес на Милан и во време во кое не беше стандарден а едно време не играше и поради повреда! Се сеќавам добро како цел Милан го носеше на свои плеки во текот на претходната сезона кога беа повредени сите вклучувајки го и Рики! По постигнувањето на вториот гол, на она прекрасно ремек дело против Мексес и Рома едноставно бликаше со самодоверба, никогаш претходно го немав видено вака да прославува гол, момчето прераснува во маж и е спремен да гази се пред себе! Само напред Але!!!
Forza Ricky, Forza Ale, FORZA MILAN!!!
П.С Текстов е пишуван во време кога судбината на Рики сеуште е неизвесна! Но како и да е, Рики и да не оди сега во Сити веќе никогаш нема ништо да биде исто, на лето Реал ќе биде охрабрен од фактот што Рики веќе не е недопирлив, Сити ќе се врати со повеќе куфери... се ќе прерасне само во поголема фама која на крај сепак ќе заврши баш така како што би завршила сега!
четврток, 15 јануари 2009
Фелипе Матиони

Бидејќи бурно ја следев ситуацијава уште од раните утрински часови,се изненадив што дури пред помалку од еден час се појави официјално известување на ацмилан.ком каде што пак пишува дека Фелипе доаѓа на позајмица со опција да биде купен.Само накратко да се навратам на муабетот со Кака...според мене по заминувањето на Шевченко тој стана симболот на Милан.Сите овие шпекулации ме потсеќаат кога пред извесно време Реал беше напален за Кака,и нивната дрскост стигна до тоа ниво што и објавија кој број на дрес ќе го носи Кака за нив.Како и да е...пред некој ден самиот Кака изјавил дека сака да остари во Милан(што не е така тешко :) ) и јас верувам дека ќе остане до крај на кариерата.
FORZA MILAN!!!
понеделник, 12 јануари 2009
Vucinic-Pato 2-2 Player Ratings
Favalli 6.5 So ogled na faktot deka vo posleden moment se najde vo prvite edinaesetmina i deka stotuku napolni 36 godini i deka ne mi e omilen igrac ocenkava mu e taman :)
недела, 11 јануари 2009
ROMA-MILAN PREVIEW
Последен пат ги победивме Рома во 2006та што значи дека не ни се омилениот тим против кој би играле.Се е можно,ама јас сепак не сум оптимист пред овој натпревар(си имам јас свои причини :) Натпреварот најверојатно ќе биде обележен и со наводното деби на Бекам за кое медиумите не престанаа да говорат.













