Translate

Wednesday 29 October 2008

Милан-Сиена


Вечерва Милан со победа и евентуален кикс на тројката пред него ќе се искачи на врвот на табелата на Серија А!Ама кратка поента зар не? :) Само што маалце ме
Иритира е фактот што Џилардино нема да настапи вечерва против административците.Зошто?едноставна причина-Дал гол со рака и се радувал!Па луѓе мои,Марадона кога даде гол со рака сите го прогласија за бог!Јес да беа др времиња али нема врска ај.Сеуште неможам да разберам како може играч да биде казнет за судиска грешка!!Што не го казнија Флоро Флорес од Удинезе затоа што пеналот беше направен пред шеснаесетникот?Или дека ИбраХОМОвич го растепа Тиаго Мота?Како и да е,вакви смешни одлуки имало и ќе има,ама вака или така на крај останува фактот дека најдобриот стрелец моментално во Серија А нема да настапи против лигушите.

Малце забегав од темата ама не ми замерувајте
3 Бода и ништо друго!Имаме огромни проблеми со повредите но за среќа имам доволно играчи за да покријат.

Абиати,Замброта,Бонера,Малдини,Фавали,Пума,Гатузо,Амброзини,Кака,Пато и Бориело/Шевченко
Евентуално би можел Антонини да почне десно а Замброта да премине на левата страна,други опции не гледам :D


FORZA MILAN!!!

Sunday 26 October 2008

Тешко заработени три бода во Бергамо!

Милан се врати од Бергамо со три бода! Конечни 0-1 со гол на Рики Кака во 80-та минута од натпреварот против Аталанта! Многу тежок натпревар на теренот на кој никој досега сезонава се нема наиграно против противник кој досега немаше пораз на домашен терен! Многу тешко заработени три бода, Милан беше во подредена ситуација во најголемиот дел од мечот и само одличниот Абијати беше причината поради која не го изгубивме овој многу важен натпревар! Интригантно, Анчелоти натпреварот го започна со тројца деструктивци а без Сидорф кој остана на клупата! По само половина час игра Фламини се пожали на повреда и беше заменет од Емерсон!
Роналдињо беше очаен и беше заменет во второто полувреме од Але Пато! Во нападот Марко Бориело се бореше за секоја топка и вложи многу напор за ништо, едноставно топките не беа насочени кон него! Сепак во 80-тата минута Рики спушти една топка кон Бориело кој несебично ја врати назад кон Кака и овој го матираше Фердинанд Копола за конечните 0-1. Еден гол доволен за 3 многу важни бода! Овие три бода добиваат уште повеќе на тежина поради тоа што Мерда само ремизираше на домашен терен против Џенова иако во најголем дел од вториот дел играше со фудбалер повеќе! Сега Милан е на само -1 бод од врвот! Следува вонредно коло во Среда кога играме на домашен терен против Сиена (Јанкуловски е суспендиран за таа средба) а Мерда игра на гости кај Фиорентина. Ајде Џила направи нешто добро за твојот екс тим!
Се надевам дека ќе ја продолжиме одличната серија од 8 натпревари по ред без пораз ( со само еден нерешен резултат против Каљари)!
Форца Милан!!!

Thursday 23 October 2008

Херенвен - Милан

Почнуваат натпреварите од фазата по групи во УЕФА купот. Милан во првото коло гостува во Холандија кај Херенвен! Екипа која игра брз, карактеристично холандски фудбал и екипа која воопшто не е за потценување ако се знае дека го понижи Ајакс пред речиси 1 месец! Во нашиот табор Неста и Кардачио не се воопшто на списокот за УЕФА купот а во аут се и Пирло, Сендерос и Каладзе! Во таборот на Херенвен како главни ѕвезди се среќаваат Прањиќ и еден младински репрезентативец на Холандија! Опасни се и напаѓачите Tarik Elyounoussi и Џералд Сибон! Нашиот Горан Попов нема да биде во составот поради повреда!
Веројатна формација:

---------------------------Дида

-----Замброта----Бонера---Малдини/Фавали--Антонини

----------Фламини/Гатузо--Емерсон---Амброзини

----------------------------Кака

----------------Супер Пипо----Шевченко

Wednesday 22 October 2008

Мајсторија

ЕЕЕЕЕ, каков играч даваме на позајмица, а какви копуци држиме у Милан... Требаше во овој пост да има и други потези од Гуркуф, ама ке се задржам на најдобриот!

Sunday 19 October 2008

Гол Дињо Гол!

Проработи Роналдињо! По мачното прво полувреме во кое сепак Дињо им сервираше по една шанса на Але и Јанкуловски (со своите убиствени 1-2 додавања) се чекаше на влегувањето на Рики Кака за работите да си дојдат на свое место! Колку и да владееше мислење дека добро би било да се одмори Рики сепак Милан без Рики не е Милан! На полувреме влезе Рики на местото на Але и веднаш се почувствува дека добро ќе се сложува тој тандем Рики - Дињо денеска! Во 55 минута клучен момент... шутираше Јанкуловски кон голот на Сампдорија, топката удри во испружената рака на Лукини и тоа беше пенал + втор жолт картон за Лукини! Реализатор Роналдињо со максимално прецизен удар! Од тука бродот на гостите почна да тоне! Само 11 минути подоцна одлична акција на Роналдињо и Рики кој одлично го послужи Дињо и веќе е 2-0. Уште еднаш се игра Самба на Сан Сиро! Во финишот од натпреварот во игра влезе Супер Пипо (79 минута) и едноставно се знаеше дека нему му се доволни 10-тина минути за гол! Токму тоа и се случи по одличната акција на Дињо, Рики и Амброзини! 3-0 Конечен резултат и одличен Роналдињо во второто полувреме! Постигна 2 гола а беше многу блиску и до хет трик! Бледо прво полувреме и одлично второ (во кое рака на срце работата беше олеснета преку голот од пенал и особено црвениот картон на Лукини).
Forza Milan!!!

Saturday 18 October 2008

Milan-Sampdoria Preview


По паузата поради репрезентативните обврски(и нашиот дебакл од рибарите)клубскиот фудбал
Се враќа во Европа.Неделава на програмата е 7мото коло каде што Милан ја пречекува Сампдорија.
Да не должам многу:На Милан победата му е и повеќе од потребна за враќање на победничките патеки.

Абиати,Дида
Антонини,Бонера,Неста,Бонера,Фавали,Јанкуловски
Фламини,Амброзини,Емерсон,Сидорф
Кака,Роналдињо,Пато,Бориело,Шевченко,Инзаги

Овие се 18те играчи кои ќе конкурираат за стартните места

Абиати
Антонини/Бонера/Неста,Малдини,Јанкуловски
Фламини,Амброзини,Сидорф
Роналдињо/Кака
Пато,Бориело/Шевченко

Според мене ова се 14те играчи кои се во потесниот список.Мн дилеми ќе реши тоа дали Неста ќе почне,како и за Бориело.Одиме на победа!!!
-И само едно мало потсетување дека ќе има собиранка во Шенклис за гледање на натпреварот.Сите навивачи на Милан се добредојдени.



FORZA MILAN!!!

Sunday 12 October 2008

На повредите им се гледа крајот...

Неделава има репрезентативна пауза која Милан Лаб ја користи на најдобар можен начин за да ги врати во форма оние коишто не се во најдобар ритам (Роналдињо) и особено да ги врати во строј оние фудбалери кои се вон терените поради повреди! Овде во прв план се мисли на консолидирањето на дефанзивните редови. По пауза од околу 5 месеци конечно во тимот се враќа Алесандро Неста, фудбалерот кој и тоа како и беше потребен на одбраната на Милан! Тој полека но сигурно ја санира незгодната (хроничната) повреда на грбот и се очекува веќе на пријателскиот натпревар во Тирана да одигра 20-25 минути. Исто така по репрезентативната пауза треба конечно да го очекуваме и дебито во дресот на Милан на Филип Сендерос! Фудбалерот кој пристигна како позајмен од Арсенал сеуште нема официјално деби во новиот дрес! Се враќа и евергринот Фавали. По се се чини и повредата која што Каладзе ја заработи на мечот против Цирих не е толку сериозна па се очекува и неговото враќање до крајот на Октомври односно почетокот на Ноември! Во напаѓачките редови дефинитивно се враќа БориГол кој се очекува и да биде стартер против Сампдорија! БориГол нема да замине за Тирана, ќе остане во Миланело за да биде максимално подготвен за натпреварот против Самп! По се се чини дека повредите полека но сигурно ги оставаме зад нас! После оваа пауза единствените кои ќе бидат на листата на повредени се Пирло и Каладзе но доколку се биде во ред се очекува и нивното враќање најдоцна до првата половина од Ноември! Најважно од сите ќе биде враќањето на Неста! Со Неста во тимот и другите фудбалери од одбраната се чувствуваат многу посигурно и посамоуверено!
Време е да почнеме нова победничка серија!
Forza Milan!

Friday 10 October 2008

Секоја чест Претседателе!


"I only sleep three hours, the others are to make love," said Berlusconi.

Незнам што точно имал на ум кога го кажувал ова, но сепак заслужува респект. :)


Thursday 9 October 2008

Forza Stefano Borgonovo

Вечерва се одигра натпревар помеѓу Фиорентина и Милан во чест на Стефано Боргоново.Имено,целта беше да му се одаде чест на Големиот играч кои со овие 2 екипи ги има постигнато неговите најголеми успеси.
Стефано е роден на 17 март 1964 во Џузано.Неговата кариера ја започна во Комо каде што со само 17 години дебитира во Серија А на натпревар против Асколи.По кратката позајмица во Самбенедетесе,Боргоново се враќа во Комо каде што станува еден од клучните играчи во тимот.Во 1986 Милан го купува и веднаш го враќа на позајмица во Комо,и по 2 години поминати таму,Стефано е пратен на друга позајмица во Фиорентина каде што ја одигрува и својата најуспешна сезона во кариеарата каде што играјќи заедно со Роберто Баџо постигнува 14 гола во Серија А.Во меѓувреме и дебитира за репрезентацијата на Италија за која одиграл вкупно 3 натпревари.Во сезоната 1989/1990 конечно ја добива шансата во Милан главно играјќи како замена за Марко Ван Бастен-во истата година со Милан и ја освои Лигата(тогашниот Куп)на Шампионите.Иако Ариго Саки сакал да го задржи во екипата,Стефано сакал повеќе да игра и токму затоа се враќа во Виола каде што во период од 2 години не ја наоѓа својата вистинска форма.Пред да се пензионира во 1996-тата година играл и за Пескара,Удинезе и Бреша.

На 5ти септември годинава дијагностицирана е ретка болест (МНД или АЛС)која ги напаѓа моторните функции во мозокот и со тоа ги уништува повеќето мускулни келии меѓу и кои оние за движење и зборување,голтање и сл.Истата оваа болест го уби Џанлука Сињорини во 2002-рата година по подолго боледување


Ова е само мал трибут кој чуствував дека треба да го напишам.Сликите од вечерашниот натпревар се трогателни и премногу тажни за мене и ви препорачувам да не ги гледате со цел да не си го расипете расположението.

Siamo con te Stefano....

Tuesday 7 October 2008

УЕФА куп извлекување



Денеска во Нион во 13:00 часот по македонско време ќе се одржи ждребувањето за натпреварите по групи во УЕФА купот. Ќе се формираат 8 групи со по 5 екипи и секоја екипа ќе одигра два натпревари на домашен и два натпревари на гостински терен. Значи нема двомеч туку се игра по еден натпревар со секоја екипа од групата. По секоја логика Милан се наоѓа во првиот шешир заедно со уште неколку фаворити како Севиља, Валенсија, Шалке 04 и др. Еве ги сите пет шешири:

1.Милан, Валенсија, Штудгарт, Севиља, Шалке 04, Тотенхем, Бенфика, ЦСКА Москва и Хамбургер.

2.Штудгарт, Олимпијакос, Ајакс, Клуб Бриж, Депортиво Ла Коруња, Спартак Москва, ПСЖ и Херенвен.

3.Розенборг, Удинезе, Феенорд, Брага, Славија Прага, Манчестер Сити, Галатасарај и Сампдорија.

4.Херта, Партизан, Нанси, Портсмут, Астон Вила, Расинг, Кобенхаген и Динамо Загреб.

5.Сент Етиен, Волфсбург, Стандар Лиеж, Твенте, НЕК Нијмиген, Металист, Лех Познан и Жилина.

Две екипи од иста земја неможе да се најдат во иста група, и нормално две екипи од ист шешир неможе да бидат во иста група.

Желбата моја, а верувам и на сите македонски миланези еден од противниците да биде Партизан или Динамо Загреб(двете неможе заради тоа што се во ист шешир), и при тоа натпреварот да би се играл во Белград или Загреб. Од другите противници уште би го посакал Депортиво, чисто заради одмазда, а понатака не размислувам, едноставно кој и да се падне сме неприкосновени фаворити, што секако не не носи уште сега понатака и тоа ќе треба да го докажеме на терен.

Нека ни е со среќа утре!


FORZA GRANDE MILAN!

Sunday 5 October 2008

Каљари 0 - 0 Милан

Толку!
Оваа вечер е само твоја мајсторе!!!



Saturday 4 October 2008

Каљари - Милан


По добиеното дерби Ала Мадонина и по рутинираните 0-1 во Цирих (со првенецот на Шевченко) шансата да се продолжи серијата од 5 победи по ред ќе се бара во секогаш незгодната Сардинија кај Каљари! Сепак истата таа (од претходните сезони) незгодна Сардинија сезонава (барем досега) е многу гостољубива! Секој што дојде таму си замина со 3 бода! Тоа беше причината да се менува и тренерот во тимот! Првиот испит за новиот стручен штаб на Каљари ќе биде против Карлито и залетаната машинерија од Милано (не зборувам за тие другите, нивната машина веќе полека но сигурно ’рѓосува) !
Им посакувам што побрзо опоравување на фудбалерите на Каљари но после ова коло! Се освен три бода ќе биде тотален неуспех. Едноставно мора да се задржи позитивниот моментум и да се добие овој последен натпревар пред репрезентативната пауза! Тогаш ќе има период во кој се очекува да се вратат во ритам Неста, Сендерос, Бориело и Супер Пипо а и Дињо ќе остане во базата во Миланело и се очекува да биде уште повеќе во ритам! Значи само победа и ништо друго!!!
Околу составот... доколку се знае дека Дињо одигра два натпревари во серија за 4 дена за очекување е да остане на клупата! Моја претпоставка за стартните 11 со графички приказ:


Одиме на нова победа!!!

Thursday 2 October 2008

Серијата продолжува!

Серијата продолжува! Нова победа на Милан против Цирих овојпат на гостински терен со минимални и рутинирани 0-1. Стрелец токму оној кој сите (или барем јас) беа сигурни дека ќе постигне погодок! Андриј Шевченко! Карлито стартуваше со еден микс состав по релативно сигурните 3-1 на Сан Сиро! На голот беше Дида, во одбраната Замбро - Кала - Бонера и Антонини, на средниот ред покрај стандардните Амбро и Фламс им беше додаден Пумата а како подршка за Шева, единствениот напаѓач во Милан беа Дињо и Сидорф! Токму тие двајца (Дињо и Сидорф) покажаа на неколку наврати дека можат одлично да соработуваат и одлично се разбираат на теренот! Натпреварот почна со 100 % шанса за Шевченко уште во 2 минута и украинецот уште еднаш промаши нешто што е потешко да се промаши отколку да се погоди! По ова Сидорф имаше еден недефиниран и пред се луциден шут кој помина неколку сантиметри покрај левиот дирек! Домакините имаа спорадични но не и конкретни закани, всушност повеќе се играше на страната на домакините! Дињо подоцна уште еднаш покажа дека игра за доброто на тимот а не за своја лична статистика кога излезе сам пред домашниот голман од полулево, идеална позиција за да се пласира топката со десна нога (нешто што Дињо и тоа како знае да го прави) но несебично ја сврти топката кон срцето на петерецот и таму од земја изникна еден домашен дефанзивец и успеа да ја исфрли топката во корнер помеѓу Амбро и Шева! Шева (пре)многу се трудеше и дури на моменти и пречеше во желбата да постигне гол! Но конечно успеа да се запише за прв пат во листата на стрелците на Милан по своето враќање дома! Дињо со уште една од своите магии успеа од работ на шеснаесетникот да ја подигне топката и преку целата домашна одбрана да ја додаде до Шева кој овојпат неможеше (и не смееше) да промаши! Во финишот домакините притиснаа за да избегнат пораз но не успеаа во тоа!
На крајот имаше мали експерименти, Дињо заигра и на малку подефанзивна позиција (онаа на Пирло односно на Сидорф) и додели неколку добри додавања!
Како резиме... рутинирана победа на Милан за пласман во фазата по групи и одржување на ведрата атмосфера и серијата со победи! Единствена црна дамка на оваа средба може да биде повредата на Каладзе кој мораше да го напушти натпреварот уште во првото полувреме (на негово место влезе Ил Капитано) а наскоро ја напушти и клупата и замина во соблекувалната! Се надевам дека нашата и онака проблематична одбрана нема да добие уште еден удар!

Wednesday 1 October 2008

Zurigo - AC Milan


По двата порази од кои едниот тотално незаслужен и едниот тотално заслужен се вративме во голем стил како што му доликува на Милан. Се вративме со 4 победи по ред, од кои едната против комшиите тоа со првенецот на Дињо! Гласот сеуште не ми е 100% опоравен по еуфоријата која настана во Shankly's по постигнувањето на голот! Посебно чуство беше да се гледаат групата навивачи на административците како бледо и немо го гледаат ремек делото на Кака и Дињо.

Но тоа помина, одиме понатаму, играчите и Анчелоти веќе слетаа во Цирих каде ќе се одигра реваншот од последното коло пред натпреварите по групи во УЕФА купот. Имаме убава предност од 3-1, ќе беше уште поубава ако не примевме гол при резултат од 3-0. Нејсе, утре ќе има мали измени во тимот, но ништо спектакуларно, затоа што сепак не смееме да се коцкаме со ваков тип на натпревар. Јас би го одмарал Кака, затоа што по враќањето од повредата, одигра 5 натпревари по 90 мин. во рок од 14 денови. Сигурно е дека Дида ќе биде прв избор. Каладзе и Бонера ќе бидат централните стопери, додека неизвесен е Јанко заради повреда, доколку не успее да се опорави, би играл Замброта, а другото бековско место ќе му припадне на Антонини. Анчелоти изјави дека се мисли помеѓу Амбро и Гатузо, но мое мислење е дека тактизира со изјави и мислам дека и двајцата ќе играат. Еве 2 варијанти кои се можни за утре



---------------------Дида--------------------

Антонини---Бонера-----Каладзе----Јанко---


---------Гатузо----Фламс-----Амбро---------


--------------Рони(Пато)---Сидорф----------

--------------------Шева---------------------

или,


---------------------Дида---------------------

Замбро-----Бонера----Каладзе---Антонини--

Гатузо(Амбро)---Сидорф------Фламс---------

--------------Кака--------Рони(Пато)---------

-------------------Шева-----------------------

Јас би ја преферирал првата, мислам дека е поцврста формација, и плус Кака ќе биде одморен, сепак Анчелоти си знае дали и колку е спремен Кака, сепак мислам дека не би го форсирал ако знае дека е изморен после овој период. Јас прогнозирам 0-1, би бил сосем задоволен, ем да не примиме гол ем да си победиме. :)


FORZA MILAN!!!